Археолошка реконструкција на етногенезата на Словените

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Па искрено (навремето, без разлика кој ситем или држава/политика беше на власт) не се обрнувало внимание за историјата и археологијата (барем на оваа почва, мада додека се одвојат како посeбна научна дисциплина низ цел свет...сме заксниле ама малку.) и немало толкав број на компетентен кадар, ниту пак голем број на обемни систематски истражувања и публикации за средниот век па и за другите периоди. (*со чест на исклучоци)

Мноштвото од луѓето немале "слободен" пристап до образование, литература, теренски истражувања, многу поединечни и случајно откриени наоди (и несовесно однесување), различен (некогаш некомпетентен методолишки пристап), различен контекст и интерпретација итн. (зборот ми е; многу докази, не битно на кој дел од научната вистина припаѓаат се уништени поради несовесното однесување од страна на мештаните кои биле во контакт со некој артефакт поради незнаење или од страна на дивите копачи)

Проблемот овде е што има многу терени кои се делумно или воопшто не се истражени, а додека не се - може само да шпекулираме, но сепак не треба да заборавиме дека географски РМ представува крстосница на култури и етноси кој овој простор го користат претежно како прелазна зона, што е многу природно ако ја земеме во обѕир, географската положба и предиспозициите на југот од нас. (хинт; дур до ден денес)

п.с. моментално во РМ милслам дека има само двајца антрополизи (значи физичка антропологија) иако се класа антрополози, сепак се малку, а мнооогу ни се битни!

Фактите се тие само не верувам дека е толку до некомпетентноста или немањето кадри колку до комплетната незаинтересираност на политиката во СФРЈ па и делумна забрана за финансирање или дозволување на било какво истражување кое би ги поткопало „заедничките (југо)словенски корени“. На нас ни беше доделена улогата на последното разбудено дете од словенството и таа приказна им се повторуваше на сите деца се додека не ја прифатат здраво за готово.

Ние и сега имаме црни дупки во знаењето (и науката), посебно за периодот од 4-ти век Н.Е. па се до 9-век Н.Е. за кој практично ништо не знаеме и повеќето информации ни се базираат на шпекулации. Освен дека тука било Римското Царство ништо не се учеше што е прилично несфатливо од денешен аспект.

Се надевам дека ќе се сменат работите, па следните 20 години ќе почнеме да ги пополнуваме празнините.
 
Ооој чиче, колку што видов тие типови на артефакти (накит, керамика итн) не се доминантни на територијата на Македонија, т.е. тука е транзитна зона.

Слободен шоп... (нема даноци)

Како второ не мешај баби и жаби, траки и други кваки кога временскиот размах за тие преселби е 2000 год + (аварско - словенска наспроти индо - европска, иако припаѓаат на иста територија но поопширна и во друг временски период)

Трето; Прага - Корчак... дискутабилна.

Тракиски јазик; за жал нема доволно докази, материјал за да биде реконструиран така да може само да шпекулираш. (и не ги мешај овде, немаат поврзаност)[DOUBLEPOST=1404771267][/DOUBLEPOST]
Фактите се тие само не верувам дека е толку до некомпетентноста или немањето кадри колку до комплетната незаинтересираност на политиката во СФРЈ па и делумна забрана за финансирање или дозволување на било какво истражување кое би ги поткопало „заедничките (југо)словенски корени“. На нас ни беше доделена улогата на последното разбудено дете од словенството и таа приказна им се повторуваше на сите деца се додека не ја прифатат здраво за готово.

Ние и сега имаме црни дупки во знаењето (и науката), посебно за периодот од 4-ти век Н.Е. па се до 9-век Н.Е. за кој практично ништо не знаеме и повеќето информации ни се базираат на шпекулации. Освен дека тука било Римското Царство ништо не се учеше што е прилично несфатливо од денешен аспект.

Се надевам дека ќе се сменат работите, па следните 20 години ќе почнеме да ги пополнуваме празнините.

Значи имало кадри, но многу докази се уништени (несвесно, ненамерно и не од нивна страна)...
За време на СФРЈ мислам дека праисторијата е најистражуван период.

Немаме црни дупки од 4ти до 9ти век напротив имаме докази дека тоа се бурни времиња (не како серијата, насилен прекин. уништување на најголемите населби до тој период; не заборавајте постојат и рефугиуми каде се повлекувало населението), инвазии од север кон центрите на југ, тоа е природно и се има случено за време на идно - европските преселби.
 
Последно уредено:

Ќе ти верувам чим викаш дека имаме докази што било во тој период но најголем дел од населението не знае ниту има начин како да дознае, тоа повеќе ми смета.

Од друга страна можеби е нормално дека треба да помине време па следните 20-30 години и кај нас да се создадат повеќе кадри кои истава проблематика прво ќе ја обработат стручно а потоа и ќе и ја презентираат на јавноста.

Добро е што имаме двајца антрополози под услов да не останеме само на тие двајца и следните децении, тука не сум упатен како стоиме со новите генерации студенти :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom