Па искрено (навремето, без разлика кој ситем или држава/политика беше на власт) не се обрнувало внимание за историјата и археологијата (барем на оваа почва, мада додека се одвојат како посeбна научна дисциплина низ цел свет...сме заксниле ама малку.) и немало толкав број на компетентен кадар, ниту пак голем број на обемни систематски истражувања и публикации за средниот век па и за другите периоди. (*со чест на исклучоци)
Мноштвото од луѓето немале "слободен" пристап до образование, литература, теренски истражувања, многу поединечни и случајно откриени наоди (и несовесно однесување), различен (некогаш некомпетентен методолишки пристап), различен контекст и интерпретација итн. (зборот ми е; многу докази, не битно на кој дел од научната вистина припаѓаат се уништени поради несовесното однесување од страна на мештаните кои биле во контакт со некој артефакт поради незнаење или од страна на дивите копачи)
Проблемот овде е што има многу терени кои се делумно или воопшто не се истражени, а додека не се - може само да шпекулираме, но сепак не треба да заборавиме дека географски РМ представува крстосница на култури и етноси кој овој простор го користат претежно како прелазна зона, што е многу природно ако ја земеме во обѕир, географската положба и предиспозициите на југот од нас. (хинт; дур до ден денес)
п.с. моментално во РМ милслам дека има само двајца антрополизи (значи физичка антропологија) иако се класа антрополози, сепак се малку, а мнооогу ни се битни!
Фактите се тие само не верувам дека е толку до некомпетентноста или немањето кадри колку до комплетната незаинтересираност на политиката во СФРЈ па и делумна забрана за финансирање или дозволување на било какво истражување кое би ги поткопало „заедничките (југо)словенски корени“. На нас ни беше доделена улогата на последното разбудено дете од словенството и таа приказна им се повторуваше на сите деца се додека не ја прифатат здраво за готово.
Ние и сега имаме црни дупки во знаењето (и науката), посебно за периодот од 4-ти век Н.Е. па се до 9-век Н.Е. за кој практично ништо не знаеме и повеќето информации ни се базираат на шпекулации. Освен дека тука било Римското Царство ништо не се учеше што е прилично несфатливо од денешен аспект.
Се надевам дека ќе се сменат работите, па следните 20 години ќе почнеме да ги пополнуваме празнините.