Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Плух не го спомнав во негативен контекст, напротив тој ја помина фазата "не е за сите" и кур го боли. И тебе ќе ти помине.
Фала за ова, баш лошо се осеќав, имајќи свој став поинаков од твојот, се надевам оваа болест ќе ми помине, ќе се консултирам со Pluh да видам што апчиња пиел (y)

А ако мислиш дека ми е гајле за тоа ти што мислиш, или што Рики мисли за одреден филм се лажеш, појма немам зошто имате дебилна дискусија за нешто што се сведува на објективност. Ни Рики е паметен што не му се свиѓа филмот (не ни знам за кој филм зборите) ни си ти глуп што ти се свиѓа. И обратно.

Ама нормално најпаметно би ти било да земеш дефанзивен став кон некој што цитирал нешто со свое мислење и со пасивна агресивност да го нападнеш суптилно наговестувајќи дека тој не е во ред.

Продолжи вака, ете Плух си го излечил, после и мене ќе ме излечиш, па и Рики..па ќе дојде друг кајганџија..еве гледам некои женски членови тука имаат различни ставови..

Продолжете така и ти и Рики, сигурно кај и да е ќе дојде дечкото со медаљот за тој што ќе ја добие оваа дебата (y)
 
Не, не ги сфатив тие работите кои се наменети за оние кои сакаат физика. Под стартна точка не мислев на почетокот на филмот, туку она зашто одлучиле таков филм да направат, муабетот со димензиите, особено крајот во димензијата како време што беше нели. Доколку би ме интересирало физика, сигурен сум дека ќе ми бил интересен, исто како што ме интересира историја па интересен ми е 300. Али не ми е, со тоа ниво на физика не се запознаени речиси сите кои ги познавам (пак ќе речам: чесни исклучоци), а зборат за филмот како да им го отворил светот. Бев погрешно наведен од многу луѓе: „глеј го брат, најјак е, вреди за сите пари“. Токму тоа највеќе ме нервира, ко што реков, се прават паметни. Филмот не е за секој, не е за мене, не го разбирам како што треба. Филмот си е за луѓе кои ги интересираат овие работи. Али главната причина зошто толку го хејтам, е што постојат филмови кои и да не те интересира нивната содржина толку (општо вака во животов), ќе ги направат интересни и ќе уживаш во нив, ќе научиш нешто ново. Овој од ниеден аспект не беше таков, не уживаш, се досадуваш, не учиш ништо ново. Нула

Добро, ја не мислев така и критиката ми е кон филмот, но и кон луѓето, не го кријам тоа. Не е навреда во никој случај, туку мое мислење кое не планирам пак да го образложувам. Ако си се навредил, прости, ете ќе се потрудам у иднина да не давам такви коментари. Не ми се допадна ни ти што со секој пост пробуваш да ме направиш глуп, кога ја воопшто немам таква намера.

Другар, темата е „непопуларни филмски мислења“. Тоа што ти го збориш мене ме нервира кога на тема за некоја музика, некој ќе се избаци да ја пцуе, да ја вреѓа, да ја хејта. Тоа е како да има тема за Интерестелар, а јас таму да ги пишувам негативниве мислења и да го пцујам и колнам филмот, наместо да ги оставам луѓето кои го сакаат, на раат да си го дискутираат. Тоа никогаш не би го направил. Епа тоа е тоа што ми смета за турбо-фолкот кој го спомнуваш. Башка не е непопуларно мислење да кажеш дека турбо-фолкот е срање ;) Али ај да не забегувам.
Ти овде одиш чекор подалеку: не го вреѓаш само филмот, туку оние на кои им се допаѓа.
 
Ја викам да целиме кон разумен компромис. Да отвориме една тема у име на Рики со наслов: Непопуларни мислења за филмската публика. И таму да си прави рецензии он :D
 
Ти овде одиш чекор подалеку: не го вреѓаш само филмот, туку оние на кои им се допаѓа.
По шестти пат денеска, цврсто стојам на тоа дека: „Не. Навредив. Никого“.
 
По шестти пат денеска, цврсто стојам на тоа дека: „Не. Навредив. Никого“.
ОК тогаш, извини. Мене ми изгледаше како навреда кон 99% од оние на кои им се допаднал. Пак се сведува на different point of view.
 
Добро, ја не мислев така и критиката ми е кон филмот, но и кон луѓето, не го кријам тоа. Не е навреда во никој случај, туку мое мислење кое не планирам пак да го образложувам. Ако си се навредил, прости, ете ќе се потрудам у иднина да не давам такви коментари. Не ми се допадна ни ти што со секој пост пробуваш да ме направиш глуп, кога ја воопшто немам таква намера.
Рики, јас тргнав од твојот пост каде си кажа тоа што го кажа. Кој друг да го напишеше тоа јас пак ќе му реплицирав. 8 години сум на форум и само на еден член му имам речено дека е глуп кога се каравме за Mystic River, пред 5 години. Тогаш ми беше и последната сериозна расправија за филм. Така да, околу тој дел дека те правам глуп... далеку. :)
Океј е, еве Драгонскај се изнаплака погоре а неколку пати кога сум го спомнал Линч, од околу и суптилно ме избрецал со слични реченици како таа погоре па никому ништо. Сега цел реферат напиша како не му е гајле и не ни читал за што и кој филм зборувам и пази - му е гајле за моето мислење. Индепендент Наполеон Дајнамајт. :coffee: Битно се вметна со реченицата да каже дека е дебилно да сакаш нешто што не разбираш.

Едит - да знаев дека ќе ми требаат 10 риплаеви за еден филм немаше да пишам in the first place. Не можам ко вот и Ио на долги стази ко приквел сиквел. :icon_lol:
 
После Ране сите беа мафијаши у школо така после Whiplash очекувајте зголемен упис во музичко. :D

Убав филм со добра атмосфера, кој го пронајде секоја чест!
 
Performance Spotlight: Peter Erskine (1 of 2)

Еве ги тапанарот од филмот Whipslash :D Опасен е ама можеле да најдат подобар по мое, и само тука имам замерка за филмот хи хи.

Одлична драма, башка музиката. Пресврти, неочекувани моменти, и импакт кој останува, тоа е тоа.

Да бев јас ќе направен комбинација од Марко Минеман, Томас Ланг, и Гевин Харисон од Поркјупајн Три фала богу. Од последниов најмногу :)
 
Веќе го пуштив да се симнува Whiplash, само пред да го гледам ќе прашам. Добар како August Rush ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Плот твист: @wot те банира на недела дена за мислењево. Е тогаш ќе си умрам од смеа!
Toj bi sakal da gi banira site na koi im se dopadna I Origins, ama posle ke nema so koj da si pravi muabet.

Sent from my Teserakt using Tapatalk 2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom