Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Како се викаше оној филмот каде оваа глуми психијатар и ќе се заљуби во пациентот? Добар лабав филм беше, одличен за тепање време.
 
Небраска, добар филм, допира емотивно, приказната малце репететивна но ми се допадна, сепак е убаво прикажана.
Маестрален перформанс на Брус Дерн одлично го портретира психотичниот старец, има убави и меланхолични кадри во изумрениото градче и на широки полиња и ридови.
8.5/10.
 
Gladiator повеќе од 8 не треба да има. (Зборам за ИМДБ)

Зошто? :( На Гладијатор мислам дека и 10ка му е малку. Совршен е филмот. Убедливо еден од најдобрите некогаш.
 
dzobUA8.png


Мет Дејмон и Џорџ Клуни #bromance
 
Гладијатор - почетокот со борбите беше доста добро прикажан, ама приказната ми беше веќе видена, иако прв пат го гледам филмот, му ги убиваат детето и жената и тргнува во одмазда, како во секој акционен филм. Може е до мене, ама не ми го направи ќефот и на моменти ми беше досаден.

Empire of the sun - 7 максимум. Ја читав книгата и се изнервирав што го изгледав и филмот. Почетокот беше солиден и прикажан според книгата, ама потоа ептен онака нафрлани сцени. Како да земале една сцена од 20 страница, па една од 35-та, и само нафрлани. Слабо разработена приказна од страна на Спилберг. Можел подобро.
 
Од мене 9ка, ептен квалитетен филм од секој аспект
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom