Не го биваше Real Steel, прекраток, што за филм од 2 саати навистина отсликува лошо нешто.
Блокбастер - да, ама ова не беше тоа, ако е блокбастер акцијата ќе биде на прво место, ако сакаат приказна нека ја разработат од друга страна. Имаме типичен лузер на почеток кој на ниеден начин не е привлечен (освен нели што е Хју Џекмен, иначе кој го ебе), имаме дете кое појма немаме зашто прави се што прави (нема мотивација позади акциите освен дека е forever alone), робот кој поим неаме дали е "жив" или не (недоволно разработено) и секој друг аспект од приказната изгледа недовршен.
Го гледам до делот кога го предизвика шампионот на борба, си викам чекај малце бе, до кај сум со филмов?
Кога глеам прошле 3/4 од филмот, а ништо не се случи во филмот. Дури и негативците беа патетично обработени, имате father/daughter тим, а никаде го нема таткото, како и накурчен јапанац кој не сфаќаме зашто бил таков каков што е. И на крај кога се е средено, зашто да навивам за "нашиов" робот?
Веќе цела приказна беше завршена, борбата беше како гратис специјални ефекти за публиката, обично има некоја тежина, смрт, дужење пари итн итн...
Не, на некој копиљ кој беше фасциниран со роботот шампион на светот на почеток од филмот, сеа му текнало дека он го тиранизира спортот уствари.
Да не спомнувам што целата кореографија на последната борба, сосе крајот, беше извадено од Роки 6.
П.с. Може вака го хејтам зашо на билбордите имаше Bing реклами, како и Xbox360 и не знам уште што...fucking Microsoft.
