Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една работа која никој не ја спомна за годинешните Оскари - The Post беше тешка пропаганда: филм за републикански претседател на САД и неговата конфронтација и закани кон новинарите од весник кој сака да објави тајни документи кои би му наштетиле на угледот. Познато ви е ова од некаде? Погодете кој републикански претседател на САД во моментов води војна со американското новинарство! :rolleyes:
 
Реално, кога видов дека дел Торо почнал некаков говор со "I was an immigrant here..." јасна е пораката што треба да се испрати од Холивуд до останатиот дел од светот. Нив и онака тоа ги интересира, затоа човекот добива оскар за еден од неговите послаби филмови за разлика од тие што ги правел претходно.

За Обликот на водата, сакав да напишам подолго мислење но не стигнав: филмот е жално колку е потрошен за џабе во идејата, значи се нервирам кога некој има многу јака идеја но сака да се расплине на илјада теми и да му пропадне првичното. (таков е случајот и со Трите билборди)
Ништо ново и невидено, не знам зошто се крена толкава фама и тоа „оскаровска фама“ за филм кој во никој случај не би го доживеал како „оскар материјал“ кој претендира да стане безвремен. Гилермо Дел Торо секогаш игра на онаа карта дека многу емотивно ги сфаќа филмовите, па како демек ќе се откажел од правење ако неговите проекти не успевале, итн итн и во последно време ја придоби и онаа фан база на марвел филмчиња на кои ова ќе им биде одличен филм, ни ваму ни таму е, ниту доволно уметнички, ниту доволно блокбастер.

Филмов е типичен пример за тоа колку една добра идеја не е доволна, колку приказната како приказна не е доволна туку (ова е клише) најважно е како е раскажана. За жал, раскажувањето во Shape of the water е луда смеса од клишеа, стереотипни ликови, слаб дијалог, дупки во сценариото (на кои може да се замижи ако го прифатиме бајковидниот свет на филмот).
Конкретно: - не може бе на Мајкл Шенон да му ги даваш најглупите реплики на светот, онака туѓ срам да те јаде додека си крцка со забите константно или кога треба да изнесе некоја реплика како 'so you are a god'.
- зошто побогу презентираш геј плот кој е најневажниот геј плот на светот? Тука дел Торо како да сакал да им удоволи на сите и ајде ќе лупаме се што е актуелно. Основната приказна нема никаква врска со споредните малечки приказни што ги раскажува, не се допираат едно со друго, приказната за ликот на Мајкл Шенон не го направи ликот подобар, ниту дознавме за него повеќе од она што треба, исто и со ликот на Ричард Џенкинс, а од друга страна трошиме време на тоа и после 2 часа филм ми изгледале како 2 30 па одвај чекам да заврши.
- зошто на половина филм приказната за двојниот агент (пази, и двоен агент се појавува како еден клише еднодимензионален плот) се развлекува до таа мера да се изостави основното - интеракцијата помеѓу чудовиштето и глувата.
Значи тоа е најголемиот проблем за мене овде, нема простор за да се развие врската помеѓу протагонистот и чудовиштето, се скока од еден период во друг и секоја приказна е со различно времетраење што не знаеш колку време поминало во филмот, нема поединечни сцени кои прогресивно го градат ликот на чудовиштето, неговата позадинска приказна (ај ова и не е толку важно) ликот на протагонистот кој беше толку силно претставен на почеток а нула понатаму, за крајот да остане еден „предвидлив обичен крај кој не може поинаку“.
Единствено добри работи се продукцискиот дизајн, камерата (има доста добри кадри) и глумата на Сели Хокингс и Октавија Спенсер, но за жал тоа не го прави еден филм одличен, има многу многу слоеви а Shape of the water е еднослоен ко сива тоалетна хартија од 10 денари.
 
Овде, за разлика од за Билбордите, во голем дел се согласувам. Но убаво рече Corvus - ако се фокусираш на стилот пред приказната, и ако го пуштиш мозокот на пасење, и во овој филм може да се ужива. Гледај го како бајка, и таман си е. И плус: мора да признаеме дека годинава беше една од послабите филмски години. Па кога можеше лани Moonlight да победи 3 мои десетки, или пред тоа Spotlight... зошто да не може годинава еден филм кој е поинаков не само од сите други од годинава, туку и од 88 останати освојувачи на Оскар, да освои Оскар?
 
Никогаш не сум бил фан на style over substance, затоа не уживам ни во филмовите на Вес Андерсон, мене дај ми приказна пошо ако сакав да гледам стил ќе пуштев хајлајтс од Манчестер Сити и таман ќе ми беше.
На пример, Pan's Labyrinth беше еден прекрасен магичен реализам и филмот е еден од најдобрите на сите времиња, и истиот автор на тоа се спушта на ниво на ова во однос на скрипта... :(
Moonlight не го гледав, а Spotlight беше жива катастрофа.

Тоа му велев на вот пред скоро, порано со него имав километарски дискусии околу The Hurt Locker (и со пола форум имав впрочем), а филмот да го споредиш со добитнициве од последниве 3 години, изгледа како Господарот на прстените.
Критериумите се спуштени, ете дури и ти велиш „барем е поинаков филмот“ за жал не е доволно, како она нашето македонското „барем е македонски филмот“, се задоволуваме со малку веќе, презаситени сме и се што останува да чекаме е некој нов марвел филм или ако се смилуваат боговите - филм на ПТ Андерсон, за кој се помалку се зборува во светските медиуми затоа што не е режисерот што им треба за холивудската неолиберална кауза.
 
14 души до сега ги предложиле своите фаворити од 2017, што е супер. Но имаме интересна ситуација. Доколку во овој момент заврши процесот на предложување номинирани, меѓу десетте филма за најдобар филм ќе има само 2 од деветте кои беа номинирани за Оскар. Исто и кај режисерите: само 2 од петмината номинирани за Оскар. Ако не сте го пополниле ФОРМУЛАРОТ, сега му е мајката да смените нешто. ;) Очигледно форумџиите немаат ист вкус како и Академијата од САД.
 
The Post, е екранизирана приказна за случувањата за она што во јавноста е познатo како Скандалот Вотергејт во САД за време на администрацијата на Ричард Никсон
Не смее таму да се цитира, затоа тука: во The Post не се прикажани случувањата од Watergate скандалот, само
на крајот од филмот е прикажано откритието дека некој влегол во просториите на Демократскиот комитет во Watergate комплексот
ама тука завршува филмот. Значи прикажан е само почетокот на она што подоцна е познато како Вотергејт скандал. Случувањата во филмот, со објавувањето на таканаречените Pentagon Papers немаат директна врска со Вотергејт. Башка, дејството на филмот е во 1970/71, на самиот почеток од првиот мандат на Никсон. Вотергејт скандалот започнал на 17 јуни 1972
т.е. баш она што е прикажано во последната сцена од филмот
и завршува на 9 август 1974, кога Никсон дава оставка од функцијата Претседател на САД, во вториот негов мандат, односно, по реизборот.
 
Ај ќе се правам дека не знаев, ако ништо друго има Википедија, само да не цепидлачам таму каде нема потреба и да одам со нешто шо е познато генерално во јавноста.

Пентагон пејперс почнува со нешто шо е познато како скандалот МеКнмара, по поранешниот државен секретар кој побарал да се изработи студијата за војната во Виетнам, истата таа студија која е јадро на настаните.
Бонус факт, Никсон претпоставувал дека одредени структури од демократите имаат удел во случувањата, иако со истата студија се опфатени и нивната администрација, па се обидувал да им го врати ударот и тек тука е настанува Вотергејт.

Ете нешто шо делумно е прикажано безмалку наивно во филмот, а тоа е односот на главниот уредник на Вашингтон пост со Џон Кенеди и нешто повеќе меѓу сопственичката на истиот тој весник со екс државниот секретар Роберт МеКнмара.

Колку е сево ова само дело на т.н свиркачи сеуште е нејасно, факт е дека сиве овие настани имале добар удел во падот на една администрација.

Вака можи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom