Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
@whatto Lobster е ко за тебе филм, не знам што чекаш. :toe:

Правен е од гркот а гркот за мене е болесник догтотх,алпс,аттенберг .....

12 мои предлози и филмот од клубот во "Whatto" фестивалот! :brlav:


@whatto Les diaboliques пред да биде кажан во клубот си го одбрал да го гледаш или ова значи дека ќе дојдеш да не дружиш и ќе ми ја исполниш новогодишната желба? :P

Па тие што ги пиша тоаш другите ми се гледани.
Не ми е гледан Les diaboliques.
Наскоро.
 
Што е финтава, неколку пати налетувам на англиски преводи во кои секој втор ред превод има синоним место вистинскиот збор. ??? Не разбирам, небаре во затвор ќе заврши ако го напише како што е...
 
Што е финтава, неколку пати налетувам на англиски преводи во кои секој втор ред превод има синоним место вистинскиот збор. ??? Не разбирам, небаре во затвор ќе заврши ако го напише како што е...
правени се со google translate од превод на друг јазик
 
Аман бе, врие од филмови за обезправените годинава. За лани да вратат убаво што ги оштетија :tapp:

И јас исто се чудам зошто толку лошо оценет The Birth Of A Nation. Претпоставувам не им се допаднале неколку сцени кои се пресурови на обоените, ама сакаат реално да биде прикажано како што било, или не? Не им се погодува...
 
Што е финтава, неколку пати налетувам на англиски преводи во кои секој втор ред превод има синоним место вистинскиот збор. ??? Не разбирам, небаре во затвор ќе заврши ако го напише како што е...
тамам да го усовршиш јазикот. :kuracc:
 
Добра екипа собрана за Hidden Figures.
Шелди го викнале да биде паметен и тука.
Од друга страна Кирстен Данст ми остарела :place:
8ца
И после овој филм гето-девојките ако не се мотивираат да учат место да чекаат социјална помош, им нема спас.
 
Ако ви се гледа боза филм за тепање време со стандардните клишеа на жанрот, гледајте го The Accountant.
 
И јас исто се чудам зошто толку лошо оценет The Birth Of A Nation.
Главниот актер, кој истовремено е режисер и сценарист на филмот, заедно со ко-сценаристот биле обвинети во студентските денови дека по некоја пијанка силувале девојка. Бидејќи обајцата не негирале дека имале секс со девојката, но не сфатиле дека таа не го сака тоа, а притоа девојката многу доцна го пријавила случајот, па немале физички докази дека сексуалниот акт врз неа бил насилен и против нејзината волја, судот ги ослободил обајцата од обвиненијата. Или нешто слично на ова.

Токму заради тоа, потпомогнато од фактот што во филмот исто така беше прикажано силување на сопругата на главниот лик, кое во историјата не е познато дали навистина се случило, зашто филмот е базиран на историски настани, па во истото се гледа како начин на кој режисерот сакал да се искупи за грешките од минатото, особено на интернет, и низ Америка постоеше организирана хајка против филмот. Затоа негативните реакции и затоа слабите оценки за истиот.
 
Here's to the ones who dream

Ова е тоа што му фалеше на Холивуд, тоа што им фалеше на Оскарите, тоа што и фалеше на публиката, а можеби most of all тоа што ми фалеше мене. Филм којшто плени со својата едноставност; филм којшто го движат исклучиво емоции; филм којшто е топол поздрав кон сите оние што сонуваат, кон сите романтичари, кон сите ентузијасти коишто низ животот ги турка единствено страста и љубовта што ја имаат за својот сон; филм којшто е вистински омаж на стариот Холивуд, филм којшто ги слави најголемите класици некогаш излезени од таму. Љубовта кон филмот, и љубовта кон музиката, љубовта кон животот воопшто спакувани во 130 минути преслатко доживување.

Покрај тоа што ова е мјузикл, ќе почнам од музиката. Совршена е. Филмов буквално можеше да нема дијалог, и да се темели само на музиката. Без разлика дали некој сака или не сака џез, музиката беше raw emotion, на неколку наврати имав желба дури и да затворам очи и да ја оставам таа да ме носи низ сцената. Ова на пример ми се случи кога Миа истрча од ресторанот, и повторно на последната сцена. Посебно саундтракот од последната сцена, сега кога се вратив го пуштив и само слушајќи го целата сцена ми се вртеше во глава и пак ми ги разбуди истите емоции коишто ги имав гледајќи ја.
City of Stars, е песната што зема Глобус оваа година, песната е прекрасна нема што. Меѓутоа The Fools Who Dream е онаа врз која е основан цел филм, и може јас музички не сум многу образована, и не знам по кој критериум ги доделуваат Глобусите, ама оваа песна е дирекна посвета кон сите оние кои го живеат животот бескомпромисно, и сите оние кои не се плашат да се борат за својот сон. Мене песната ме наежи кога ја слушав, преку гласот на Стоун ќе го слушнете Чазел каде што дирекно ви се обраќа вам, посветувајќи ви го филмот.

Ликовите. Ликовите се многу relatable. Можеби никој од нас, нема амбиции да стане актер или џез-музичар. Ама, се relatable во однос на страста што ја имаат кон она што го сакаат во животот. Јас, само на форумов, познавам неколкумина што истата таа страст што ја водеше Миа низ аудициите, ги движи и нив во студиумот, низ кариерата, низ животот. Јас во Миа и Себ видов познаници, пријатели, коишто со искри во очите и импресија во гласот зборуваат за тоа што го студираат и работат, и јас секогаш ќе го имам највисокото мислење за истите, за оние коишто се заљубени во својот сон, и поинспиративни личности од нив, нема. Може и затоа се заљубив во Миа и Себ.

Ова беа двата најважни аспекти за мене. За режијата и кинематографијата и останатите технички работи ќе кажам само дека беа одлични. Once again Чазел ни покажа дека he is here to stay. Whiplash was the beginning, now it's moved to Project Collect all the Oscars.

Само ова, морам да го напоменам...
Ова беше една од најубавите референци што јас ги имам во животот видено на филм. И не верувам дека нешто ќе ја симне од престолот. Фалеше уште само Себ да прокоментира Of all the jazz bars, in all the towns, in all the world, she walks into mine…
Сигурна сум дека љубителите на Казабланка инстантно ја забележаа сличноста во последната сцена каде што Миа влегува во џез бар со нејзиниот сопруг не знаејќи дека тоа е џоинтот на Себ. Којшто се вика Seb's.
Какво будење на емоциите беше тоа! За оваа сцена alone има 10/10, ич не мора се друго да зимаме предвид

Крајот многу ми се свиѓаше, ама не сакам да навлезам во него сега, зашто голем дел го немаат гледано, а не сум многу фан на дискусија низ спојлери. Сепак мислам дека беше најдобриот крај во безброј алтернативи.

Не знам што уште да кажам, сигурно сум заборавила нешто, ама ајде ќе се надополнам понатаму. Штета ќе биде Мунлајт од политички причини да му го земе Оскарот, и такво злодело не смее да се прости! Спремајте се за бојкот ако се задеси вакво нешто!
Исто така повикувам на прегласување на резултатите од Кајгана Топ250, и процедура со којашто овој филм ќе влезе на таа листа :LOL:

Филмот докажа дека на Холивуд му требаат повеќе мјузикли, повеќе едноставност, повеќе емоции, и повеќе приземност. Овој филм ни го донесе токму тоа, и се надевам дека ќе биде првиот од низа филмови коишто ќе ни ги пласира Холивуд следниве години.
Јас од моја страна, ќе си оставам простор да ми легне филмот, па да видам дали ќе менувам нешто во структурата на all time favs, затоашто во моментов шансите за тоа се многу високи.
Тоа е тоа од мене дечки, голема препорака до сите да го погледнете, да ве стопли, да ве насмее, да ве растажи и да ве испрати дома во една катарзична состојба


10/10
:cuc:
Пак го препрочитав, од почеток до крај, и не знам што да додадам, навистина.

И за мене ова беше најпрекрасниот филм кој се појавил во последно време, и кај мене постои веројатност да влезе во all time favs... За омажите комплетно се согласувам, филмов е своевиден омаж на цела холивудска продукција „од убавите времиња”. Почетокот со сцената на автопатот - омаж на сите мјузикли некогаш направени, Казабланка ја спомна ти, It Happened One Night и Rebel Without a Cause со директни референци, јас дури видов и парче од All About Eve со кој го отворивме клубот (сцената кога Миа се враќа во кантината во која работеше и во која се гледа како нејзиниот сон е остварен, а зад касата стои една друга Миа чиј сон штотуку започна)...

Друго што да кажам: три песни од филмов се во трка за Оскар за најдобра песна: City of Stars, Audition Song (...the Fools who Dream) и Start a Fire на Џон Леџенд и јас би сакал сите 3 да добијат номинација, што е возможно. Јас сепак мислам дека единствено Can't Stop the Feeling на Џастин Тимберлејк од Trolls е единствената која може случајно да и го земе Оскарот на City of Stars. Кај музиката, режијата, кинематографијата (одлични кадри и импресивни движења на камерата), монтажата, сценариото... мислам дека филмов неприкосновено ќе ги собере сите Оскари. Единствено што ме плаши е главниот Оскар за кој Moonlight и Manchester by the Sea ко подеднакви шанси да имаат. Актерите сигурно ќе заработат номинации, но Оскари тешко.

Хајпот беше целосно оправдан, се исплатеше чекањето со месеци и гризењето нокти. И интересно, пред почетокот на филмот во Синеплекс дадоа трејлер за T2 Trainspotting и мислам дека успеаја да ми го префрлат хајпот целосно во насока кон тој филм.

Цел ден си потпевнувам: here's to the ones who dreaaaaaam... :D

Убавини!
 
Што е хајпов бе со La la wtf? Поразочарана од филм никад не сум искочила.
 
Што е хајпов бе со La la wtf? Поразочарана од филм никад не сум искочила.
Е па еве, доволно е само на Corvus рецензијата да ја прочиташ, и ќе видиш што е хајпот.
 
Искрено, немав појма за филмов се' додека не почна да лапа награди. Одамна не сум гледал толку feel-good црнечки филм а со толку прекрасен актерски ансамбл.

Hidden Figures 8/10
 
Искрено, немав појма за филмов се' додека не почна да лапа награди. Одамна не сум гледал толку feel-good црнечки филм а со толку прекрасен актерски ансамбл.

Hidden Figures 8/10
Значи не си ја отворил оскаровската тема. :mad:
 
Значи не си ја отворил оскаровската тема. :mad:
Отворена, лајкувано, така е зборот, го гледав како некој анти-Оскаровски филм и покрај предвидувањата. Зборот ми беше од претходно како што знаев веќе за сите моментални фаворити, уште од лани, и што веќе ми биле во листите на letterboxd во потенцијали, овој буквално го дознав последниве два месеци.

Те читам, Злате, редовно, не се нервирај :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom