Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
od toa sho imam gledano samo fargo ne me bendisa , edvaj go dogledav filmot.
 
Предложете некој филм слични на A Beautiful Mind,Vanilla Sky,нешто со замислени ликови ова она.
 
Почина Бата Живојиновиќ. Беше доста популарен во бивша Југославија, а и кај Кинезите не врвеше лошо (тие, наводно, го обожавале Валтер го брани Сараево). Типов беше неизоставен дел од поголем број ју филмови и серии ( и од оние “партизанските“, ама и од другите), а и по 1991 глумеше. Многу се за набројување, и овде набројувам само дел од она што го снимил (и што сега ми текнува) како епизодист или главен лик, сеедно - од Неретви и Сутјески, Пас који је волео возове, преку Балкан експрес, Жикина династија, до Подобар живот, Среќни луѓе, Ивкова слава. Играше во Црвениот коњ на Попов, и во Викенд на мртовци на Коле Ангеловски.
Се занимавал и со политика, и тоа во едно од поглупите времиња и баш за поглупите партии, ама тешко дека некој по тоа ќе го памти (освен Хрватите, за кои стана Бата животиња). Лесна му земја.
 
From Here to Eternity (1953)

„Ти си веќе оженет за армијата”. Холивудско клише за посветеноста на американските војници и проблемите на жените во нивните животи. Иако насловот на филмот навестува силна љубов од овде до вечноста, всушност потекнува од песната "Господа Ранкерс" на англискиот книжевник нобеловецот Радјард Киплинг посветена на војниците на Британската империја, кои го „изгубиле својот пат” и се „проколнати од овде до вечноста”. Очекував повеќе! (4/5) (y)
Прегледај го приврзокот 147418[DOUBLEPOST=1464197331][/DOUBLEPOST]Before Sunrise (1995) & Before Sunset (2004) & Before Midnight (2013)

Бесконечно здодевна Американска романса со празни двонасочни дијалози. (1/5)

Прегледај го приврзокот 147422 Прегледај го приврзокот 147423 Прегледај го приврзокот 147425


:ban:
 
Незнам дали е правена дискусијава порано ама многу ме интересира, што треба да им се случи на актери од типот на Де Ниро со филмски улоги во голем број класици, да паднат на ниво на 70 годишни дркачи по филмови?
 
Незнам дали е правена дискусијава порано ама многу ме интересира, што треба да им се случи на актери од типот на Де Ниро со филмски улоги во голем број класици, да паднат на ниво на 70 годишни дркачи по филмови?
Ја нема веќе таа енергија што ја имал порано. Поради тоа не му стигаат улоги за сериозни големи филмови. Пачино на пример, наместо да го прави тоа што го прави Де Ниро работи во театар. Исто така и понекогаш глуми во телевизиски филмови. Де Ниро сепак сака сеуште да биде во центарот и прифаќа такви глупи улоги.
 
Последно уредено:
Ја нема веќе таа енергија што ја имал порано. Поради тоа не му стигаат улоги за сериозни големи филмови. Пачино на пример, наместо да го прави тоа што го прави Де Ниро работи во театар. Исто така и понекогаш глуми во телевизиски филмови. Де Ниро сепак сака сеуште да биде во центарот и прифаќа такви глупи улоги.
не се согласувам, точно дека можеби ја нема таа енергија, но сепак нема да глуми тинејџер па да му треба некоја енергија. Може да глуми во квалитетни филмови каде би глумел улоги согласно неговите години, плус секаде може да се најде некој филм каде некој треба да го глуми на пример стариот чичко, или дедо или што и да е....а да не се деградира вака.
Сигурно не му е за пари, ги имаат небројни сите глумци
 
Добар е Де Ниро во филмовите на О`Расел, другите понови не сум му ги гледал и никад нема да му ги гледам. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom