Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Ич не внимавам,посебно ако е викенд сабота/недела.
Косава обавезно во некоја пунџа фатена :icon_lol:
Плус си носам наочарчиња за по дома не сум со леќи :)
Aко ми пристудит си облеквам некој тренерки,ќе се спружам пред телевизор покриена со ќебе и си уживам :)
Е веќе кун крајот на денот почвам да се средвам.Ги прам мустаќиве,веѓиве ноктиве :)
Ииии понеделник сум ко нова :D
 
За по дома облеката треба да исполнува само два критериум, да е чиста и да е удобна.
За естетика не се грижам освен ако има нешто гости најавено.

Ниту пак се бричам, гледам да уживам.
Седењето дома треба да асоцира на релаксација :)
 
да внимавам што носам бидејќи куќата ми е како хотел Промаја кој сака си наминува и заминува, најчесто сум во тренерки чисти и мирсливи :pipi:, косата секогаш фатена во реп и уредно исчешлана.

евентуално несредена ме фаќаат кога ќе станам од кревет тогаш сум тотален хаос, како од јама да сум искочила, бидејќи како хипнотизирана и по навика одам право во кујна без да обрнам внинамние на себе си и дали има гости во куќата.:toe:
 
Внимавам, шминката ја вадам само пред легнување а и дома обично седам по фармерки кога треба да излегувам по неколку пати, но има и денови кога ќе си облечам тренерки, кога сум сигурна дека до вечер ќе сум дома(или кога сум болничка).
Ситуацијата ми е слична како на wild dolphin, другари, другарки, колеги, колешки, пријатели-доаѓаат кога ќе им прдне на памет, без да се најават и сл. Си тропнуваат на вратата или прозорецот, и уште на врата-„ќе ставиш кафе?“ :pos: Ај лав мај френдс :D
 
По дома најчесто сум во тренерки, без шминка нормално. Ако знам дека ке ми доаѓа некој поблизок, не ми треба некое посебно средување. Не ми е непријатно да си седам така пред нив, само гледам да е удобна и чиста облеката. Косата најчесто собрана во репче/сплетена во плетенка.
За некој што поретко доаѓа ке го удостојам со фармерчиња, пристоен дукс и евентуално моливче на очи ке ставам и доста му е :)
 
по цел ден се шетам у пижами и нагоре блузан а куси..ако треба да отидам до продавница нешо облекуам трењерки...иначе не бе не се замарам кој сака нека иде...
 
Па внимавам, најчесто седам по тренерки, косата ми е фатена во репче и сум секогаш без шминка , а и тогаш најмногу си се свиѓам најприродна сум си.:pipi::)
 
Кога сум дома сум секогаш во тренерки, а на лето во кратки панталонки а нагоре обично на кимони. Неможам да се замислам дома во тесни фармерки и на гости со одам во тренерки :) Косата само ја чешлам и најчесто ја собирам (доста е толку), пудра не ставам ама баш никогаш (кој и да ми дојде на гости). И дома постојано си носам влечки :kesa: И после ова долго изјаснување одам да одморам :salut:
 
Не пазам. Одамна, најдов едни шорцеви, згодни беа за носење ама не дај Боже некој да те види со нив. И преку лето нон стоп си ги носев и штом заѕвонеше некој на врата - трк пресоблакај се :)
Сега, пак не пазам. Дури и дечко ми кога доаѓа сум си облечена исто како и кога сум сама дома. Во зима - трењерки и блузиче, таква и до дуќан слагам. Во лето носам ептен кратки шорцеви и многу кратка маичка пошто е нели многу жешко, па често кога некој доаѓа на гости се пресоблакам во нешто попретставително. Не за изглед, туку не е вкусно таква да се појавам, со 20cm квадратни материјал на мене.
Шминка за по дома не доаѓа обзир. Едвај за на факултет ставам од што ми се спие насабајле, а не па за по дома.
 
По дома најчесто сум во тренерки, така се чуствувам комотно и опуштено. Мене ми е тоа добра комбинација за дома и за прошетка. Неможам кога знам дека цел ден дома ќе сум да се дотерувам или шминкам без разлика кој и да дојде, јас сум таа малку пудра не би ме сменила како личност. Во така опуштена комбинација, косата собрана баш уживам и се чуствувам пријатно.
 
Кога сум дома секогаш сум во тренерки, освен ако сум пред излегување. Не се шминкам, единствено ако се вратам од некаде па ме мрзи да си го исчистам лицето и чекам додека си легнам. Косата скоро секогаш ми е собрана од овој тип:

hair1.jpg


Се на се сакам да се чувствувам удобно, а сепак средено и додека сум дома, во спротивно тешко да се разбудам цел ден (како порано, кога денот го поминував во пижами :pipi:).
 
Па би рекол просечно, во ходник имам големо огледало така да кога и да поминам можам да фрлам еден поглед да видам дали се е во ред. Некогаш седам и по пижами во соба :) инаку сум постојано среден, во тренерки или некои покомотни алишта. Си мијам раци лице по три пати на ден, заби си мијам два пати, се бричам на трите дена некогаш и повеќе, никогаш помалку, имам просечно три пати секс неделно, мастурбирам понекогаш Десанка...и така, друго нешто ако ве интересира на пп..позз
 
Не внимавам,кој сака нека дојде јас сакам кога сум дома да ми е удобно.
Нормално чисти и миризливи да ми се тренерките или блузата. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom