Притисоци врз новинарите...

Формално објективни се сите, со тоа што земаат изјави и реакции од двете страни. Е сега, која страна ќе се форсира, зависи од уредувачката политика.

Епа ете таа формалност во наводници е очигледна и секој од нас ја приметува ...
Тоа завземање страна поради овакви или онакви лични или интереси за медиумот (без разлика дали е штетно за државните интереси или за соживотот општо, обидите од ништо да се направи сензација и да се превулечи) е штетно исто така, и исто така премногу очигледно како и „формалноста“, и тоа нас потрошувачите ни смета :toe:
 
Најискрено, јас мислам дека формалноста веќе не му смета никому. Навикнавме. Си купуваме весници според идеологијата, знаеме кој стои позади што. Не сме глупи. Али - ако сакаш да ја дознаеш вистината за едните, купи еден весник, ако сакаш да ја дознаеш вистината за другите - купи друг:).
 
тоа шо навикнавме треба да ги оправда новинарите?
ако некој те силува, дали после 3,4,10тиот пат веќе можеме да кажеме дека си се навикнала и оправдано е?:toe:

ја префрлаш топката на народот, демек ете новинарите се Ок а ние сме тие кои треба да се привикнеме па да слушаме/гледаме информации од овој или оној тип, значи сепак потврдуваш дека нема објективност реално во нашиве медиуми туку завземање на страна :toe:
 
Објективност има, кога има независност. Независност има во планина горе, каде што нема луѓе. Па дури и таму, барем малце зависиш од климата. Јас не би се зафатила со работата да менувам цел еден систем, кој си се вдомил така од осамостојувањето. Наместо тоа, би се зафатила со себеси, со моите текстови настојувајќи колку што е можно да се пообјективни и понесензационалистички. Само што, мора да ја сфатите хиерархијата, барем вие кои исто така имате шеф на работа.
 
Ок, тоа и беше муабетот, значи нема објективност ... толку од „чесните“ новинари ... фала :smir:
 
За разлика од околните држави, во Македонија досега нема ниеден убиен новинар, еден истепан во `90-тите, значи новинарите си работат како треба да работат.
 
Да, се е одлично и насекаде цветаат цвеќиња...

Некогаш можеби ќе се појави независна куќа која парите ќе ги вади исклучиво од реклами. За пласирање реклами ќе биде атрактивна заради големиот рејтинг. Рејтингот ќе биде голем бидејќи ќе има подршка од граѓани кои ќе ценат објективност. За едно десетина години можеби...

П.С. Не се занесувам дека целосна објективност е воопшто можна. Ама едно е следење национален интерес (како CNN за време на војни) a друго следење партиски програми, како што денес се поделени телевизиите во државава.
 
Да, се е одлично и насекаде цветаат цвеќиња...

Мислам дека постои перфектна повратна спрега врз која функционира новинарскиот систем.
Се знае кој што треба да одработи и како треба да настапи.
Имаме еден од подобрите новинарски системи, во кој власт/опозиција национално/македонидно е ставено во една хармонија на не/креативни препукувања.
Работите се такви какви треба да бидат, притисоците се со причина, немањето на ќотек и убиства плус пари е наградата за играње како и двете, трите страни ќе ти кажат.
Зошто, да не се залажуваме. Никој нема да опстои ако на сите не им одговара или барем не пречи премногу.
 
Немање ќутек и убиени како позитивна страна...?
Можеби, ако се споредуваме со Судан, Нигерија или Мексико (со проблемите со нарко-мафијата)...

Зошто, да не се залажуваме. Никој нема да опстои ако на сите не им одговара или барем не пречи премногу.
Тука е проблемот. Објективна куќа не може да не пречи (на тие што можат да направат нешто окулу „сметачите„)
 
Немање ќутек и убиени како позитивна страна...?
Можеби, ако се споредуваме со Судан, Нигерија или Мексико (со проблемите со нарко-мафијата)...

Искрено, не ми е јасно како не јадат за она кое го пишуваат.
До толку глупост кога некој ќе изеде а е фактор во национален медиум, против македонските национални интереси, против државните интереси, не знам како не ги расчукуваат.
Или овие другиве кога пишуваат против сдс олигархијата и она што наследивме.
Но, најверојатно, им одговара на сите таквата околина, создава клима за препукувања, овој Геро соросоид, Миленко хунза и слично и се балансираат работите, додека големите нешта си остануваат позади, каде и треба да биде.
верувај ако некој новинар, кој е некој фактор, не би им одговарал на сите сигурно барем ќотече или кола подзапалена ќе видевме.
Нема што да те чуди, не видовме скоро ни еден проминентен политичар да биде затворен, покрај толку многу очигледни злоупотреби на функција. Се е тоа еден убав договор.
 
Јас не можам да зборувам за ниеден медиум дали извртел изјава, ама можам за тие изјави што ми ги дале мене. Значи, ниту една изјава што ми била дадена, било да е од опозиција, било да е од власта, не сум ја изменила од контекст. Вистина е дека фактите ги парафразирам, а емоциите ги цитирам, баш како што во теоријата учам. Знаеш, кога работиш нешто со мерак, сакаш да го сработиш достојно за парите. Од каде можам јас да знам дали некој некогаш нечија изјава превртел жити све? Од кај можете ВИЕ, дали ти, дали Тончи, да го тврдите тоа? И зошто, ако нечија изјава била превртена, тој не тужел? Си има закон. Можете да си претпоставувате, но не и да го изнесувате вашето мислење како апсолутна вистина.

Конкретен случај, имаше кога последен пат бев во Општина Ѓорче Петров. Соопштение испратено преку мејл од страна на портпаролот на општината Момо Николовски беше изменето во еден од дневните весници. Бев премногу уморен и не запамтив за кој весник се работи. Го немам видено Момо одтогаш, па не би можел да ти кажам што се случило понатаму.

За разлика од околните држави, во Македонија досега нема ниеден убиен новинар, еден истепан во `90-тите, значи новинарите си работат како треба да работат.

:cuc:
После Никола може темава да оди под клуч.
 
... верувај ако некој новинар, кој е некој фактор, не би им одговарал на сите сигурно барем ќотече или кола подзапалена ќе видевме.
Нема што да те чуди, не видовме скоро ни еден проминентен политичар да биде затворен, покрај толку многу очигледни злоупотреби на функција. Се е тоа еден убав договор.

Се согласуваме за констатацијата на состојбата ама не и за оценката на истата. Тоа што нема (многу) насилство не е доволно. Јас лично, би сакал барем неколку објективни медиуми ама уште повеќе би сакал изградена свест на јавното мислење. За да не случуваат, како што ти наведе, национални скандали кои по краткотрајна јавна осуда, поминуваат без никакви последици по учесниците. (па истите уште без проблеми си ја продложуваат политичката кариера, ама ајде да не бегам надвор од темата)
 
Објективни медиуми во помирни држави.
Ние сме сепак Балкан и тука е турбулентен регион.
Скандинавија можеби, мада и таму ние балканците сме им на главни вести.
Благодарение на САД, си живееме се уште како треба.
Но, тоа е друга тема.
Муабетот ми беше дека нема држава каде некој новинар не јаде ќотек и види колку новинари се убиени секоја година.
http://cpj.org/killed/index.php
Ние сме си супер држава со супер новинарство кое се повинува како треба за да го прими и каже колку му било убаво.
p.s. И во Албанија не најдов ниеден убиен новинар, интересно.
 
Ок. На некои не им треба многу за да бидат задоволни. :)
 
Јас не можам да зборувам за ниеден медиум дали извртел изјава, ама можам за тие изјави што ми ги дале мене. Значи, ниту една изјава што ми била дадена, било да е од опозиција, било да е од власта, не сум ја изменила од контекст. Вистина е дека фактите ги парафразирам, а емоциите ги цитирам, баш како што во теоријата учам. Знаеш, кога работиш нешто со мерак, сакаш да го сработиш достојно за парите. Од каде можам јас да знам дали некој некогаш нечија изјава превртел жити све? Од кај можете ВИЕ, дали ти, дали Тончи, да го тврдите тоа? И зошто, ако нечија изјава била превртена, тој не тужел? Си има закон. Можете да си претпоставувате, но не и да го изнесувате вашето мислење како апсолутна вистина.

so toa ako se raboti za izjava, ti na nekoj nacin mozes i da ja iskrivis komunikacijata megju publikata i onoj koj dava izjava...ne znam kako ve ucat da parafrazirate izjava...fabrikaaaa...

primer..na edna anketa vo vrska so imeto 70 % bile protiv menuvanje...vo naslov i uvoden del stoi deka ``duri 30 % od gragjanite se sprem ni da smenat ime`` ako vaka parafrazirate imate nameri koi vi se cukaat od glava!!!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom