Притисоци врз новинарите...

Не е точно. Има многу јасна дефиниција и разлика меѓу владин и невладин весник и таа се гледа од насловната страница. Зависно за каков политичар се работи(левичар или десничар), полесно или потешко дава информација ИЛИ ВООПШТО НЕ ДАВА. Ти моеш за твоите инпути и аутпути да кажуваш, а јас за тоа што го гледам на моја кожа.
Ова цинизмов, мора да ти е од премногу верност створен.

значи ако е владин тогаш е политички обоен според тебе, а ако е невладин тогаш е амнестиран од политички обоен или како што милувате да кажете некои ``независен``???
 
Еве, на пример, верувај ми дека не сакаш да контактираш со владин портпарол, не само затоа што нема да ти ја даде потребната информација, туку и дрско ќе ти затвори телефон, ќе ти се издере и ќе ти рече дека текстот ти е ,,нарачан". После, нека не ме прашува зошто не сум ставила негова изјава внатре. Едноставно - не соработуваат.

Хеј фино девојченце. Дали знаеш колку пати во весникот во кој работиш и неговиот постар брат близнак, биле извртувани изјави на политичари и портпароли од актуелната власт? И после портпаролот ти се дере на телефон.
Малку лошо што некои пред тебе ја усрале работата и со самото тоа тебе ти ја отежнале работата.

Интересно ќе биде да се чита темава за некои 10тина години. До тогаш кај и да е ќе се смени власта, ти ќе набиеш стаж и се по ред, тогаш сигурно ќе велиш: Притисок врз новинарите?! Ма нема шанса тоа измислуваат тоа опозиционерите. Завидл’к, како што би рекла другарка ми Дивна.
 
Притисоци врз новинарите? Има да, но од нивните претпоставени, кои во неможност да вработат вистински новинари, дипломирани и искусни, вработуваат деца, студенти како креаторката на темава и нејзините другари кои апсолутно немаат никакво искуство или имаат еднакво искуство како и сите обични граѓани во денешново општество што имаат пристап до компјутери и интернет и згора на тоа ги учат како е власта лоша.. и слични сценарија.

Ако некој не ме сфати зборувам за медиуми и новинари како дел од Шпиц, Време, Сега па и Дневник.
 
Kiksuperman, исфрустрирана фацо безработна, секој некогаш почнува. Јас почнав на 15 години, значи не е дека немам искуство, а од друга страна подобро е порано, отколку подоцна. И да, што има лошо во тоа некои студенти да обавуваат пракса? Работното искуство од небо паѓа? Нормално дека мора прво да си почетник. Јас се чувствувам како новинар, живеам така, мислам така, учам за тоа, полагам за тоа... Плукни ми под прозор. Ако сакаш да платиш 50 евра.
 
Искрено, со вакво однесување ќе собираш симпатии по темава?

Kiksuperman кажа што мисли, исто како што новинарите кажуваат во своите колумни. Ако таа колумна навреди некого (рецимо во Вест), после тешко дека тој политичар ќе даде на БИЛО КОЈ новинар изјава ако е од тој весник. Реков, нема закон дека политичар на секого, секаде и секогаш мора да дава изјави и информации.

Затоа, пред да збориш како на новинарите им спуштаат слушалки и ги навредуваат, види колку лесно ти избувнуваш - ако некој напише нешто за тебе, а сепак нели, тоа е негово субјективно мислење.
 
Нема да дозволувам некој да ја врти топката кон мене како индивидуа, кога на темата тоа не се бара. И не, не мора да толерирам секого,особено не не ми е во план да покажувам беспотребна толеранција, за некакви си симпатии. Тоа за некој што собира зеленки. И на темата вратете се.
 
Хеи, абе ти сама идеш офтопик.

Ете го постот на Тончи над kiksuperman, верувам ги прочита двата заедно, само што тој на Тончи беше онтопик, а тој на kiksuperman офтопик...па сама избра да го рипнеш Тончи и да реплицираш на дечково.
Ајде, да се вратиме онтопик, реплицирај му на Тончи.
 
Во функција на модераторството е да ми кажуваш на кого да му реплицирам? Спушти се доле.
 
Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?

Да ја замолчи не. Да ги оцрни и контролира да. Да ги замолчам сакам јас :) А1 на прво место.. и се чудам.... Во интервју Велија сам кажа дека ако треба он ќе каже што ќе се пишува во весник или што ќе има на ТВ, затоа што се негови. Ептен професионално и независно :) Новинари признавам само на Макфакс.
 
Штета е што, Телма има 1 процент гледаност, а ја презема улогата на јавен радиодифузен сервис со квалитетни содржини. После, не би требало тоа да те чуди со Велија, зашто не е само со него така, така е со сите газди. Новинарите покрај од политичките, се притиснати и од бизнис елитите, а сопствениците на медиумите се најчесто тоа. Јебем ли га, док немаш пари да си платиш сопствена продукција, ќе те шефуваат. Исто како што тоа би го правеле и кога би работела во супермаркет. Разликата е што, народот не умее се уште да се дистанцира од евтиниот сензационализам. Затоа - сите ги осудуваат А1, а вечерта се седнале и маратон од 7 до 3.:)
 
Во функција на модераторството е да ми кажуваш на кого да му реплицирам? Спушти се доле.

Што е па сега проблемот. :)

Ја отвори темата, ти реплицирам. Ме нервира лично, не како модератор, кога некој сака да докаже поента - а селективно реплицира. Мене ми тврдеше дека изјавите не се извртуваат, ете Тончи го пиша истото, ме интересира реплика. Некој лаже, или е Тончи или си ти.

Мене само ме интересира кој е тоа, лично, не како модератор или што ти ја знам. :)
 
Јас не можам да зборувам за ниеден медиум дали извртел изјава, ама можам за тие изјави што ми ги дале мене. Значи, ниту една изјава што ми била дадена, било да е од опозиција, било да е од власта, не сум ја изменила од контекст. Вистина е дека фактите ги парафразирам, а емоциите ги цитирам, баш како што во теоријата учам. Знаеш, кога работиш нешто со мерак, сакаш да го сработиш достојно за парите. Од каде можам јас да знам дали некој некогаш нечија изјава превртел жити све? Од кај можете ВИЕ, дали ти, дали Тончи, да го тврдите тоа? И зошто, ако нечија изјава била превртена, тој не тужел? Си има закон. Можете да си претпоставувате, но не и да го изнесувате вашето мислење како апсолутна вистина.
 
а новинарке кај гледаш ти објектвиност во новинарствово ... во кои медиуми ?
тоа не постои кај нас ..

новинарите кај нас се „експерти“ по се ...
сите си дозволуваат да донесуваат заклучоци, сите се архитекти, сите се политичари сите за се ги бива, а нивната работа е само да пренесат информација во оригинален облик, а ретко кој тоа го прави :toe:

Едит: гледам си постирала пред да постирам па да се надоврзам ....
ако неможеш да збориш за секој медиум освен за тебе лично како новинар тогаш зошто завземаш генерален став ... ?

Од кај можете ВИЕ, дали ти, дали Тончи, да го тврдите тоа?

и како што медиумите можат и смеат во едно демократско општество да прават шо сакаат, зошто да немаме право НИЕ како нивни потрошувачи да немаме право да ги осудуваме за начинот на кој ни ги пласираат тие информации ?
 
а новинарке кај гледаш ти објектвиност во новинарствово ... во кои медиуми ?
тоа не постои кај нас ..

новинарите кај нас се „експерти“ по се ...
сите си дозволуваат да донесуваат заклучоци, сите се архитекти, сите се политичари сите за се ги бива, а нивната работа е само да пренесат информација во оригинален облик, а ретко кој тоа го прави :toe:
Што знам, до сега најголема објективност гледам на Телма. Никогаш не се сензационалисти, дури ни по цена на рејтингот. Сети се само, дека Телма беше единствената телевизија што кога се случи охридската несреќа со бродот Илинден, не ја покажаа снимката под вода со удавените тела. Формално објективни се сите, со тоа што земаат изјави и реакции од двете страни. Е сега, која страна ќе се форсира, зависи од уредувачката политика. А иначе, грешиш дека сите новинари се експерти по се. Напротив, се делат во сектори и се остручуваат во една област. Значи, едни следат финансии, други социјала и образование, трети хроника... Така е полесно да се стапува во контакти со соговорниците и со оние од кои треба да извадиш информација, ти стануваат попознати институциите, начинот на функционирање. Ептен сум среќна што од секој прес, нешто се учи:). :smir:
Новинарите и медиумите секогаш треба да се изложени на јавна критика. Секогаш! Затоа што работат за информираноста на општеството. Тој младичот, ја се обложувам дека не прочитал ни еден ред од мене и не може да збори за мојата работа. Кој има, нек ме коментира. Си има простор за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom