Притисоци врз новинарите...

Па како да ги нарекуваме предавниците?
Имаш на ум некое ново име што не го знаеме?
Се надевам дека платениците и рекетарите, што ти ги нарекуваш новинари ќе ги замолчи некој, власта или било кој, се едно.
Во процеси на демократизација, ваквите ставови се транзициска лузна.
И да, ме интересира, Хитлер од кое колено ти е роднина?
Секоја власт мрази да биде критикувана. Секој новинар обожува да критикува. Власта нема легитимно право да го загрозува правото на говор. Новинарите имаат легитимно право на слобода на говор. Еве, на пример, верувај ми дека не сакаш да контактираш со владин портпарол, не само затоа што нема да ти ја даде потребната информација, туку и дрско ќе ти затвори телефон, ќе ти се издере и ќе ти рече дека текстот ти е ,,нарачан". После, нека не ме прашува зошто не сум ставила негова изјава внатре. Едноставно - не соработуваат. Претседателот на државата нема портпарол. Односно има, ама му фаќа прашина. Транспарентноста меѓу извршната власт и медиумите е нулта, во секој останат случај освен кога се сече некоја црвена лента.
 
Ме заболе и за Латас и за Миленко ...
како шо ме заболе и за Геро и за сите други ...
само разликата е шо јас ги следам и тие и тие па си правам моја анализа ...
а вие „реалните“ и „објективните“ следите само едни ... шо впрочем неможе да биде ни реалност ни објективност ..
Kако да не, ги следел сите :)

Напишано од exlexmk - Реален ... да ти кажам реално :) споменатиот мајмун од новинар не ми паѓа напамет да го читам ... знам оти ќе повратам :toe:
:toe:
 
Во процеси на демократизација, ваквите ставови се транзициска лузна.
И да, ме интересира, Хитлер од кое колено ти е роднина?
Секоја власт мрази да биде критикувана. Секој новинар обожува да критикува. Власта нема легитимно право да го загрозува правото на говор. Новинарите имаат легитимно право на слобода на говор. Еве, на пример, верувај ми дека не сакаш да контактираш со владин портпарол, не само затоа што нема да ти ја даде потребната информација, туку и дрско ќе ти затвори телефон, ќе ти се издере и ќе ти рече дека текстот ти е ,,нарачан". После, нека не ме прашува зошто не сум ставила негова изјава внатре. Едноставно - не соработуваат. Претседателот на државата нема портпарол. Односно има, ама му фаќа прашина. Транспарентноста меѓу извршната власт и медиумите е нулта, во секој останат случај освен кога се сече некоја црвена лента.

Хеј, реципроцитетот ли те боли?

Па за секоја акција мора да има и реакција, а не верувам дека ваквиот однос е "акција", туку е "реакција". Сигурно има причина за да веруваат така и да се сомневаат во "вас".

Дал рецимо досеа 10 пати информации, му го начукале во гз и ги искористиле на најдрзок и невистинит начин, нормално дека ќе има фобија и нема да соработува.
Или ти сеа ќе не ребраш дека новинарите се невини напатени душички? :)
 
Трауми од тебе ... хех ...
ти си ми само добар пример на материјалист ... па кога ќе ти реплицирам тебе како да им реплицирам на сите продадени материјалистички души .. затоа ... за да не се мачам на сите да им реплицирам ...

Ме заболе и за Латас и за Миленко ...
како шо ме заболе и за Геро и за сите други ...
само разликата е шо јас ги следам и тие и тие па си правам моја анализа ...
а вие „реалните“ и „објективните“ следите само едни ... шо впрочем неможе да биде ни реалност ни објективност ..

ама толку од твојата објетивност и реалност ... си се фанала за јајца да ги тегнеш само миленко и латас, значи и ти завземаш страна не видов критика кон оние кои 80% од Македонците ги нарекоа букефалисти, македоноиди, антички луѓе итн итн, впрочем и ти беше една од нив кои етикетираа, а тие се само луѓе кои си ја сакаат и почитуваат историјата и културата ... а не се како шо сакаш да наречеш гледам к*ропушачи (во кои од моја гледна точка и тебе би те ставил во Фуере к*ропушачи) :tapp:
Сакаш да кажеш дека ти јадеш корења а? А ние останатите кои бараме пристоен живот сме материјалисти :не заебавај:
Сакаш да кажеш дека ти немаш цена ? о.О а бе дај не глуми лудило ок?!

Не тегнам јајца туку ги посочувам како пример како не треба да изгледа новинар .А како очекуваш да ги наречат тие што се фатиле да докажуваат дека сме или не сме антички македонци, кои велат дека сме стари 10 000 години и од бога одбрани ( кој се сеќава од спотот документарецот шо и да е) а кои се политичари по занимање или плакетолепачи. Очекуваш пофални зборови за луѓето кои напаѓаат јавно, линчуваат, трујат јавна дебата, на секој аргумент одговараат со етикета соросоид предавник итн .Им се залепи и тоа аргументирана етикета. Ниеднаш не видов ама баш ниеднаш не видов било каков физички доказ против геровски дека е корумпиран. Ниеднаш немам прочитано неаргументирана колумна од него за разлика од Влатко Ѓорчев. Кој патем даваше оценки врз основа на конкретните настани.

Очекуваш да им се даде златен венец и орлови муда заедно со плакета Браво бе дечко, на таквите кои ги засилуваат етничките тензии и поларизацијата во македонија паралелно со шират омраза? о.О

Смешки :tv:
 
бла бла бла ...
па за јајца мкнеш ...
и пак завземаш страна ..
и пак ќе речам толку од објективноста ..
ај бркај работа ..

@Realen
да ... како шо кажав и предходно ме заболе и за Миленко и за Латас ... колку шо ги заболе нив за мене ...
а ги следам и тие и тие :toe:
 
...ниеднаш не видов било каков физички доказ против геровски дека е корумпиран. Ниеднаш немам прочитано неаргументирана колумна од него за разлика од Влатко Ѓорчев...
Хаха, да невин е додека не се докаже спротивното ама сите ние и без тоа знаеме кој му ја дава платата... како што истото го знаеме и за новинари како Латас.

Влатко Ѓорчев e лош политичар со новинарски претензии а Геровски е лош новинар со политички претензии, убава споредба. Двајцата заедно се типична слика за состојбата на македонското новинарство.
 
Хеј, реципроцитетот ли те боли?

Па за секоја акција мора да има и реакција, а не верувам дека ваквиот однос е "акција", туку е "реакција". Сигурно има причина за да веруваат така и да се сомневаат во "вас".

Дал рецимо досеа 10 пати информации, му го начукале во гз и ги искористиле на најдрзок и невистинит начин, нормално дека ќе има фобија и нема да соработува.
Или ти сеа ќе не ребраш дека новинарите се невини напатени душички? :)
Да, и среќна сум што барем ме „боли“ реципроцитетот, така треба да биде, тоа ми е задача, во спротивно ќе сум била „предавник со нарачани текстови“.
Има причина,а тоа е нетранспарентната и конзервативна политика ан владата која не поддржува плурализам во изразувањето.
Каква фобија? Платен е (од сите нас) за да одговара меѓу другото на новинарски прашања. Да не треба се` по мерак да пишуваме? Тогаш ќе бевме лица за односи со јавност.
 
Ај ај, убаво знаеш која фобија. Фобија од тоа да му биде извртуван секој збор, а немој да ми кажеш дека вие новинарите не го правите тоа. Не сите, ама ете доволно за да не сакаат да споделуваат информации со вас.

А ако ние (народот) етикетираме се повеќе луѓе со нарачани текстови, тоа е зашто така и навистина е.
Или сеа ти ќе ми кажеш дека портпаролот и владата се мали злобни луѓе кои гледаат да ве угнетуваат без причина, народот е кретенски и ве етикетира без причина, ама вие новинарите сте само невини напатени душички кои ништо не направиле за да го заслужуваат тоа.

Као, кај не ви даваат информации да напишете текст, па уште и кога ќе напишете - вашата публика ве етикетира или како предавници, или како со нарачани текстови. Тежок е тој новинарски живот.
 
Не е точно. Има многу јасна дефиниција и разлика меѓу владин и невладин весник и таа се гледа од насловната страница. Зависно за каков политичар се работи(левичар или десничар), полесно или потешко дава информација ИЛИ ВООПШТО НЕ ДАВА. Ти моеш за твоите инпути и аутпути да кажуваш, а јас за тоа што го гледам на моја кожа.
Ова цинизмов, мора да ти е од премногу верност створен.
 
А нели е тоа дефиницијата за добар новинар, да извлече информација?

Тоа е give and take бизнис, не само кај новинарите, туку во секоја професија. Не можеш ти да третираш некого како срање во твојот весник, а после да очекуваш коректен однос секој пат, по дифолт.
И секако, весникот може формално да се дели на владин или невладин, или на некој политичар ете му прднало дека вашиот весник е невладин и работи против владата - па секоја дадена информација ќе биде злоупотребена. Затоа, ти спушта телефон и не ти дава информација.

Тоа е негово право, да си мисли што сака. Твое право е да го убедиш дека не е така, ако ти треба информација.
Или има некое правило во кое се вели дека "сите политичари мора секогаш да ја даваат информацијата за која се прашани"?
 
Или има некое правило во кое се вели дека "сите политичари мора секогаш да ја даваат информацијата за која се прашани"?

Да,бидејќи се бирани од народот:)
 
А нели е тоа дефиницијата за добар новинар, да извлече информација?
секоја дадена информација ќе биде злоупотребена. Затоа, ти спушта телефон и не ти дава информација.

Тоа е негово право, да си мисли што сака. Твое право е да го убедиш дека не е така, ако ти треба информација.
Или има некое правило во кое се вели дека "сите политичари мора секогаш да ја даваат информацијата за која се прашани"?
Немој да бидеш толку плиток. Портпаролите не само што веќе не мислат ништо за новинарите (отрпнати се), туку и не знаат да одговорат на прашање. Кога нема да знае да одговори ќе ти рече ,,отвори mia, вчера дадов официјална изјава" а ти го прашуваш за нешто кое нема врска со официјалната изјава. Значи - отворено и тенденциозно избегнуваат да одговорат на прашање. И немој да мислиш дека разговорот на телефон не се снима. Утре може да ме тужи за ,,неточна информација“ и „клевета" ако не докажам дека вистински тоа го изјавил. Сите политичари не, ама портпаролите мора да даваат информација за се што се прашани.

Да се вратам јас на темата. Мислам оти политичарите се многу свесни за моќта на медиумите па затоа ги напаѓаат новинарите. Еве што мислам со тоа: Никогаш не сум видела некој политичар или политичка структура, да нападне МЕДИУМ, туку секогаш напаѓаат НОВИНАР. Врз нив имаат помала контрола бидејќи се работи за индивидуи а не за систем. Целта е да се натераат на самоцензура и да се оттргнат и последните структури на демократски плурализам во ваков критичен момент. Шансата за тоа е мала, но што се случува со младите кадри кои гледаат што евентуално ,,ги чека"?
 
Интересно е и новинарството, односно информациите...па 90 и кусур посто од времето во вести се дава најмногу на политика и чат пат економија (поврзана со политика) црна хроника. Останатото е спорт и прогноза. Од занимливости, постигнувања во одредени науки, културни збиднувања (секојдневни се)...воопшто нешто за општа култура...во траги на микроелементи.

Зошто се дава толкав акцент на политиката? Телевизии од други држави имаат доста разновиден програм и распоред во вестите...за секого по нешто.
После се чудиме зошто повеќето членови им недостига одреден подфорум...

Шансата за тоа е мала, но што се случува со младите кадри кои гледаат што евентуално ,,ги чека"?
Ех, па нека се угледаат на она девојче од вчера што го интервјуираше Кумуцакос, секоја чест за неа.
Такви новинари и нивни уредувачки политики се потребни. Да рендаат и разоткриваат, но да го прават тоа од двете страни.
 
Интересно е и новинарството, односно информациите...па 90 и кусур посто од времето во вести се дава најмногу на политика и чат пат економија (поврзана со политика) црна хроника. Останатото е спорт и прогноза. Од занимливости, постигнувања во одредени науки, културни збиднувања (секојдневни се)...воопшто нешто за општа култура...во траги на микроелементи.

Зошто се дава толкав акцент на политиката? Телевизии од други држави имаат доста разновиден програм и распоред во вестите...за секого по нешто.
После се чудиме зошто повеќето членови им недостига одреден подфорум...

Ех, па нека се угледаат на она девојче од вчера што го интервјуираше Кумуцакос, секоја чест за неа.
Такви новинари и нивни уредувачки политики се потребни. Да рендаат и разоткриваат, но да го прават тоа од двете страни.

Една од поголемите грешки или подобро колатералната штета на транзицијата е „демократско“ изложување на случувањата. Секој граѓанин има можност да следи пренос од собраниски седници но и да биде вклучен во сите политички и економски активности благодарејќи на широка палета на информативни емисии.
Е, сеа... Некое дамнешно минато не не тераше да се оптоваруваме со тековни збиднувања, туку вестите служеа да се крене моралот со промоција на нови фабрики и евентуални меѓународни активности на државниците.
Во денешно време изгледа имаме премногу време нели можеме да си дозволиме да проследиме вести на 3-4 различни канали, па да си ги раскажеме со комшиите на кафе, па да ги продискутирае и тука на форумов... (ова уствари не важи повеќе)
Со други зборови, демократијата не направи од нас поинформирани индивидуи туку збунети и конфузни човечиња што упорно се трудат да откријат која телевизија најмалку лаже!
И, не верувам во приказните со притисоци! Притисоци постојат за да може да се изнајде начин за нивното надминување!
Како и сите ние, нека и новинарите покажат доблест да спојат револуционерното во својата идеологија со чесност во наплаќањето на својот труд!
 
Исполитизирана е темава, исполитизиран е проблемот и надвор од рамките на форумот, исполитизирана ни е реалноста. Но кога не би било така, овој муабет би бил поедноставен од рецептот за варење јајца.
Новинарите не смеат да бидат прозвани од учесниците во политичкиот живот, бидејќи тоа е индиректен притисок и тука дискусија нема што да се разглаба.
Е нормално, во нашата реалност, рецептот за варени јајца е на три листа, и во него пишува и нешто од типот “...додека јајцето се вари скокајте на една нога...“. Doesn`t make sense? I know, neither this make sense. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom