Комуникативни или повлечени?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Дали во реалниот живот, надвор од форумов, сте комуникативни?Влегувате ли лесно во конверзација, сакате ли да "мелете"?Се впуштате ли лесно во разговор со луѓе кои штотуку сте ги запознале или па спротивно:се срамите, молчите, повлечени сте, тешко се опуштате пред луѓе кои не ги познавате многу или штотуку сте ги запознале, не сакате многу да зборувате?
Какви луѓе повеќе сакате да ве опкружуваат-комуникативни или повлечени?
 
I dont speak to strangers!

Баш таков, освен ако не имам потреба за тоа. Додека не ја запознаам личноста повеке од 3 пати (да, да ја запознам оти забравам) нема шанси да ми тргне муабет со него.
Е веке кога ја знам личноста тогаш нормален маубет, не сум некој дрдорко, мада знам да забегам некој пат!:kesa:
 
ја сум си повлечен тип... така мали проблеми со самодовербата и тоа ме има направено добар слушач, значи за мене е подобро да сум опкружен со некои што "мелат" јас неморам да зборам и нив ќе им биде полесно
 
Мелам ?:vozbud:
Немам проблем да остварам комуникација со непознати луѓе, отворен тип на човек сум, и да многу зборам, претерано многу. Значи можам да направам муабет за времето, за кафето, да разменам мислења ставови па и да трачарам :icon_lol: малце де се опростува :kesa:И кога ќе се најдам на маса со ист таков човек,кафето е повеќе од пријатно :) Сепак оние лични работи не можам да ги споделам со некој што не го познавам доволно добро.
 
Комуникативна сум,но само со луѓе што ми се блиски.
Не сакам многу да зборувам со непознати,личности кои ги познавам многу малку.Исто и не сакам многу да ме прашуваат,но изгледа сум магнет за такви персони.Никој не почитува тоа што јас не сакам многу да правам муабет,напротив како попривлечна сум и,и ме бомбардираат со прашања:nesvest:

А со најблиските сум сосем отпуштена,многу се смеам и смешки правам,кога сум расположена сите уживаат покрај мене:pipi:
 
Зависи со кого како.Ако стекнам барем малку доверба и на прв поглед заклучам дека е ОК личност се впуштам во разговор.Но ако некој не ми се допаѓа и ако забележам дека е негативна личност не ни пробувам да остварам контакт.Негативните луѓе се товар на духот.
 
Зависи до другиот “конверзатор“. :)
Најчесто сум комуникативен, зборлив и брзо се опуштам.
Наравно има и исклучоци а тие се кога личноста со која првпат се гледам одлучува да прави шали на моја сметка (океј е јас сам да си правам шали за себе; ама друг да се шали за мене а не го ни знам - аут). Со таквите го откинувам муабетот и едноставно не ги фермам.
 
Зависи.
Доколку другата личност е исто така комуникативна, два дена нема да ни бидат доста за да завршиме со муабетот, уште па ако најдеме некоја заедничка тема..
 
Па зависи од расположението најчесто.
Некогаш ми се збори- некогаш не. Со непознати, зборам онака умерено.. колку да се направи муабет зашто тапа ми е само да ќутиме ко телиња, али не за лични и доверливи работи. Е сеа со луѓе што ги знам сум опуштена максимално, за све и свашта муабети отворена сум.
 
повлечен додека да загреам:vozbud: од прво сум повлечен а доколку соговорникот има слични размислувања со мене....:blabla:
 
Ми треба 5-10 мин за адаптација и после како да се знам 100 години.
Комуникативни сакам повеќе, многу јасно.:smir:
 
Екстра комуникативен, почнувам муабет за се и сешто ако сум заинтересиран за запознавање, ако не... ќе изгрувам труп кој ништо нит сфаќа нит разбира т.е ќе се правам екстремно неинтересен, ама се зависи од тоа како сум расположен, неможе секогаш да сме ведри и расположени за нешто ново.
 
Јас сум мошне затворен, интровертен, срамежлив, некомуникативен и повлечен тип!

На форум, како и во реалниот живот!
 
Зависи од расположение ...
Ако почнам да зборам, ништо не ме запира
Ако не ми се збори... е тоа е грдо ... во себе си одговарам, коментирам :pos2: ... ...особено ако соговорникот е НЕинтересен
Ии, воопшто не ми сметаат некомуникативни луѓе... пошо зборт само кога имаат да кажат нешто паметно ... тоа ми се свиѓа
 
Секогаш сум комуникативен, и кога не сум расположен и кога сум а многу ретко не сум расположен... :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom