Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Германија беше најуспешна на минатите олимписки игри, ама има промена од тогаш во репрезентацијата на Германија, дефитивно Германија не е веќе најдобра во биатлон. Скијачки скокови нема веќе потенцијални натпреварувачу кои можат медал да освојат. Германците се најјаки во боб и санка каде мислам дека ќе освојат се можно плус од последните игри се зајакнати во алпско скијање каде посебно во женска конкуренција има потенцијални освојувачи на медали како сестрите Риш.:)

WOW Хрватска до сега успешна колку Русија:vozbud::) :P
И Македонија колку Шведска...:vozbud: :vozbud:
 
Чекам хокеј (мажи) тука ќе има силни дуели очекувам Русија и Канада да се сретнат пак во финале како на последното Светско првенство.
 
На МТВ3 во моментов има пренос од натпреварот во спуст,машка конкуренција.За мене највозбудливиот,заедно со ски-скоковите.
 
Знае некој кога ќе скија нашиов алпинец ?
Или скијаше веќе ? :/
 
Ау Дефаго :vozbud: Многу добар спуст беше ова, се надевам и другите events ќе се вака возбудливи.
 
Која разлика на патекава еј, на почеток горе турено снег, на крај од стазата суша
 
Во спустот освои златен олимписки медал ветеранот Дидие Дефаго од Швајцарија сребрен зема А.Л Свиндал од Норвешка и Бронза зема мојот идол БОДЕ МИЛЕР полека но сигурно се враќа у форма.

Иначе информација за Херман Маер тој сигурно веќе се откажа поради оваа страшна повреда што ја имаше на коленото.:D
 
шо напре Бени Рајх?
Бени Рајх не настапуваше во спустот мислам.Се штеди за останатите дисциплини поготово за велеслалом каде е и голем фаворит за медал.
1. Д.Дефаго
2. А.Л.Свиндал
3. Б.Милер
 
Во спустот освои златен олимписки медал ветеранот Дидие Дефаго од Швајцарија сребрен зема А.Л Свиндал од Норвешка и Бронза зема мојот идол БОДЕ МИЛЕР полека но сигурно се враќа у форма.

Иначе информација за Херман Маер тој сигурно веќе се откажа поради оваа страшна повреда што ја имаше на коленото.:D
Маер се откажа од активното скијање уште во октомври,ама не поради повреда на коленото,тука поради сообраќајката која претходно ја имаше и последиците од неа.
Инаку спустот беше одличен,Дефаго по малку неочекувано триумфира,ама ако се земе предвид повредата која ја имаше Куш пред олимпијадата,сепак имаше намалена конкуренција.Мило ми е за Боде Милер и освоениот медал.
 
Херминаторот ногата ќе ја загубеше по сообраќајката со мотор што ја имаше, изјави дека е среќен што е жив и здрав, па дека ќе скија колку што може и во октомври се повлече. :toe:
 
Росана Кироска 77 место, претпоследна на десет километри Крос Кантри. Дарко Дамјановски 79 во трката на петнаесет километри во конкуренција на 96 натпреварувачи.
 
Росана Кироска 77 место, претпоследна на десет километри Крос Кантри. Дарко Дамјановски 79 во трката на петнаесет километри во конкуренција на 96 натпреварувачи.
Дамјаноски нешто подобар пошто му е втора Олимпијада сепак очекувавме нешто подобар пласман.А оваа Росана и тој последниот или се има откажано или го дисквалификувале:pos:,100% ја имаат чекано организаториве да доскија за да ги згаснат рефлекторите.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom