Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Пред малку ги видов сликите од несреќата, не знам што да кажам освен катастрофа...

Нека почива во мир :(
 
Браво за Симон аман прво злато тоа е мајсторе :)
 
Нова повреда на "стазата на смртта", како што ја нарекуваат по несреќата со грузискиот санкач. Романската натпреварувачка Виолета Страматуру се повреди на тренингот, и кратко време беше во бесознание, по што Романскиот олимписки комитет нагласи дека Виолета не е тешко повредена, но докторите и нагласиле да се повлече од натпреварувањето.

Вчера се одиграа и два натпревари во женскиот турнир во хокеј. Шведска победи рутински, додека Канада ја почна својата потера кон златото со најубедливата победа во историјата. Шведска ја совлада Швајцарија со 3:0, додека Канада ја "растури" Словачка 18:0.

Јужнокореецот Ли Џунг-Су го освои златниот медал во брзо лизгање на 1500 метри, додека сребрениот медал го освои американецот Аполо Антон Оно, а бронзениот медал исто така му припадна на уште еден американец, Џеј-Ар Челски, на кој ова му е прво големо натпреварување откако во националните квалификации доживеа несреќа и заработи длабока исекотина на бутовите.
 
Абе има пренос на МТВ?
Никако да затечам нешто од игрите..
 
Еуро спорт 24 часа се со ванкувер
 
Кога ќе ги гледаме нашиве, знае ли некој кога се? Сега за сега многу се интересни игриве, браво за Аман.
Минатите ЗОИ во Солт Лејк Сити и во Торино кога ги гледав нашиве, мислев дека МТВ успорен снимак пуштиле, тој црнецот прв пат на снег што излезе пред нашиот заврши, пред Дамјановски. Да се надеваме дека овој пат побрзи ќе бидат.
 
Еве го целото видео од Грузиецот,од почетокот кога тргнува.Многу језиво...ти иде да му викнеш не тргај :nesum: Стварно жално!
Трагедија на Зимските Олимписки Игри - загина Nodar Kumaritashvili,21година
http://mesto.com.mk/video/a8f2de7576546c8/
 
Нека им е среќен првиот Олимписки медал на Хрвативе а да не е од фамилија Костелиќ,среќно и на Јаков Факов.:smir:
 
Чудно ми е колку напреднале Хрвативе во сите спортови започнуваат да доминираат. Иако имаат мала нација (сепак поголема од нашата) остваруваат одлични резултати.
 
Американката Хана Кирни и го донесе првото злато на Америка во Ванкувер. Кирни славеше во слободно скијање, дисциплина могул, собирајќи 26.63 бода, срушувајќи ги сите надежи на домашните натпреварувачки да стигнат до првото злато. Втора беше домашната натпреварувачка, Џенифер Хил со освоени 25.59 бода, а трета повторно уште една американка, Шенон Барк, која освои 25.43 бода.

Исто така челниците на меѓународниот санкашки сојуз после смртта на грузиецот Нодар Кумариташвили, попуштија и одлучија да ја скратат "патеката на смртта."Мажите сега ќе стартуваат од истото место каде што и стартуваат жените, а тоа значи дека патеката е скратена за два свиока.
 
шо се деси бе на мтв шо рекоја ке продолжит пренос или толку за вечерва?
 
шо се деси бе на мтв шо рекоја ке продолжит пренос или толку за вечерва?

MTВ се цареви, имаат откупено олимпијада а пренесуваат по 2 саати само, Еуроспорт по цел ден дава. Овие нашиве се тешка катастрофа, божем ќе се подобруваа, ама немаат абер изглда, не им се работи баш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom