Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Воскреснувам стара тема:

Возач почетник за постари од 21 година си:
- од датумот кога си положил + 2 години или
- од датумот кога си ја подигнал возачката дозвола + 2 години?

- од датумот кога си ја положил + 2 години
 
Околу првиот пат... веќе одговорив во Совети темата:
Мене ме сопреа после 11, али погодив млад и добар полицаец. Кога ми ја зеде возачката, одма ми вели за пари муабет... дечко знаеш дека не можеш да возиш после 11 и дека казната е 400 евра.

Му се извинив, и ми прости. Ми рече, тоа да ти е последен пат. И ме пушти.

Инаку за законов... шо да речам, јас имам 24 години и доволно сум свесен што правам во сообраќајот. А на колегава на 31 година го казнија, тој полицаецот му рече викни си го татко ти да ти вози :facepalm:

... ете вечерва повторно (втор пат), во 00:05 часот ме сопреа... во Валандово, на враќање од Дојран (Концерт, Каролина). Му се извинив и му реков нормално дека поради концертот заглавив, а тој напнуваше за некој си 400 евра казна -,- Среќа ваљда што бев со женската, човекот се нашали и ја праша као демек дали сум ја слушал и на крајот ми рече 'Поради неа те пуштив да знаеш'

Тоа е тоа, шо да кажам, човек на раат да не можи да вози.Со душа чекам Септември да дојди и да поминат веќе тие 2 години.
 
Последно уредено:

Аман брат шо малер ќе беше :D
 
Аман брат шо малер ќе беше :D
Ќути, ем малер ама и сречко. И двајцата ми простија.

тоа за светла упалени веќе немало да важи имаше по порталиве
http://www.mkd.mk/makedonija/nema-vekje-vozenje-so-svetla-preku-den
Искрено јас сум против ова, зошто пак да не се вози со запалени светла? Барем прегледноста е подобра кога претицуваш, светлата доста помагаат при таква случаеви за спротивноста на возилото.
 
Точно е дека попрегледно е да се вози со светла. Но во светот постојат дневни светла, а не оборени светла за возење. Возење со соборени светла е малоумност поготово во држави како нашата. Прво светли, а второ топли.
Во градски услови нема баш никаква потреба од возење со средни светла. Дури и позиција е непотребна.
 
Почекајте, голема е шансата дека ќе укинат пола закони XD
 
Во врска со законов.... Имам 19,5 год и зедов на 18 возачка одма другиот месец.
Во овие година и пол сум возел и странство(Бугарија, Албанија...) многу пати после 11. И таму нема таков закон, нормално само кај нас можи да има вакви чуда, прашањево ми е: како јас смеам секаде по светов после 11 да возам а МК не???
Или пак да дојди некој од Англија "почетник" и да го казнат дека вози после 11 во Македонија?
Или за над 75kW. Имаме фамилијарна кола голф 4 90кс. Како просечна МК фамилија, неможиме да си дозволиме уште една кола.
Што ако колата беше 110 кс или слично?
Затоа што ние неможиме да си дозволиме, или јас нема да возам тие 3 години (на 18 зедов возачка) и после ке сум сеуште почетник, или нема да почитувам закони???
И мислам дека само за делот после 11 смееме да возиме со лице над 25 и т.н. и да не важи за нас. А за јачината на кола или нивото на алкохол од 0.00 пром не важи "друштвото" на повозрасен.
Хрватска имаше слични закони но ги укинаја заради многу возачи "почетници" кои доаѓале од ЕУ во Хрватска и биле казнети за после 11 или за над 75 kW. Имаше порано и Италија ама мислам се укинати оддамна и мислам дека сме меѓу ретките што имаат вакви закони. Нека ме поправи некој ако грешам, баш ме интересира кај има на др место вакви закони.
Денски ме застанува полиција и ми вика дека морам да имам човек над 25 год и т.н. на предното седиште.
Јас: зарем тоа не е за од 11 до 5?
Тој: тоа е кој како го сфаќа законот.
Сакаше да кажи дека тој смета дека сме недоволно искусни па до нас и денски мора да има некој? Или ме провоцираше.
Почетник до 21 год и 2 години искуство никако не е мерило за искуството на возачот. Возам доста често и странство и низ МК многу. А има некој што нема ни 1/4 да извози во МК од тоа јас што сум го извозил странство, поради било која причина. И јас и тој исто сме искусни? (не ми е воопшто да се фалам се надевам нема да сфатите така)
Нема мерило за искусност. 21 година и 2 год имање возачка незначи дека шоферот е искусен. Затоа не треба да има вакви закони.
Поздрав.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Јас кога јадев бубрези дека тој закон е навистина глуп мене ми викаа како да не глуп е баш е добар зошто почетниците нема да прават сообраќајќи.

Зошто законот е навистина глуп и не носи подобрувања? Прво почетник кој вози нормално не може да вози како некој со 25+ години возачко искуство но во случај да земеме сообраќајот - гужвата еве ко за пример Скопје. Многу пати имам правено со некои кои тазе положиле и самите си кажуваат дека им е полесно за возење ноќе отколку дење од проста причина што навечер нема сообраќај а дење во Скопје е лудница тешко дека може да се снајде почетник во гужвите во Скопје тоа е првата причина според која е законов глуп. Некои викаат демек бил така направен за младите кои излегуваат навечер да не возат пијани а демек тој што сака да пие и да вози нема да го направи? Тој што не размислува не размислува и едноставно и 2,000 евра казна стави тој ќе пие и ќе вози што и тоа го прават и тие што имаат возачка и 5,10,15 години така да само кај нас може да има вакви глупави закони за кои едноставно се направени намерно за да се полни буџетот ништо повеќе. Инаку да на балканот колку јас знам нема таков закон освен што еве Србија се спрема да го воведе овој после 23 ч да не можат да возат почетници бидејќи несреќите кои се случија таму ги потикна но пак ќе кажам и да се воведе тој што пие и вози ќе го направи тоа.
 
Во право си, потполно. Ако некој вози пијан навечер, последно за шо ќе мисли е казната за после 11. Прво, ако воопшто мисли ќе мисли на последиците па на казната за возење под дејство на алкохол.

Друго надополнување за погоре. Кога сум возел во гужви сам сум се снаоѓал подобро. И коа нема гужви, да излези кола пред мене и таткоми или мајками рефлексно да ми свикаат "пази", ме блокираат моментално, сè дотогаш шо сум размислил треба одново. Повеќе ќе ме збунат одколку што ќе ми помогнат да седат до мене некој поискусни.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Луѓе не се разбирам многу во коли па ако можете да ми кажете дали голф 3ка е појака кола од забранава или?
 
Зависи што мотор има.
D, TD, TDI(66KW/90HP), SDI од дизелите не се појаки од забраната
Од бензинците 1.4, 1.6, 1.8 не се појаки

Останатите модели се појаки.

TDI мотор има и со 81KW/110HP, пази на тоа. Пишува во сообраќајната, ќе си провериш.
Не смее повеќе од 75KW да има моторот, за да може возач поченик да ја вози.
 
Е незнам, не е моја колата, ај ќе проверам а инаку возач почетник сум. Ако ме фатат така све друго уредно (не планирам да возам после 23ч) али преку ден со голфчево, ќе има ли казна? И што е казната? Само 400 евра или и забрана за возење/одземање на одреден период?
 
Не дрндајте бадијала,законот е на место..И јас го поминав тоа,и мислам дека само добро ми донесе тој закон,не се пијанчев,не возев пијан,колата ми на граница,точно 74 KW=100 коњски сили..Сакате преку леб погача,не бива.Читам погоре,други луѓе кога иделе кај нас не го знаеле законот..Па ќе си се распрашаш,во било која држава си има башка закони,ќе си прашаш и немаш гајле..Законот е добар,само проблем е што за некои е мајка,за некои маќеа,т.е не се почитува исто..Се водите како почетници,а возите после 23:00 се правите курнази,па после кога ќе ве казнат,аман мамо тато што да правам.Ќе си одиш пешки,или со такси.[DOUBLEPOST=1441297167][/DOUBLEPOST]
Е незнам, не е моја колата, ај ќе проверам а инаку возач почетник сум. Ако ме фатат така све друго уредно (не планирам да возам после 23ч) али преку ден со голфчево, ќе има ли казна? И што е казната? Само 400 евра или и забрана за возење/одземање на одреден период?

Ако голфчето е над 75 коња и те како ќе те поебат,без разлика во кој дел од денот возиш.400 евра,ако ја платиш во рок од 8 дена се намалува дупло,значи 200 евра.
 
^ Законот е катастрофален, почетник може да биде и 30 и 40 годишен, па дури и постар. И тој да неможе да вози после 23 часот? Ќе дрифта, ќе лумпува низ градот?

Sent from my Note 3 [SM-N9005] using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom