- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 7
Милијарди? Хм. Шо валута ова? И дај ако не ти е мака објасни пофинко шо придобивки од тоа, то ест што ако не платевме толкави суми?Колку и да не сме немале пари, секогаш сме давале.
За американските медиуми милијарди се дадени.
Тоа плаќањето рекет е поголемиот интерес, да се задоволат гладните криминални муцки е вишото овде? Што ако со парите градевме патишта (кои денес се движат кон ниво на Албанија од пред 20 години), хидроцентрали (енергетика-претежок проблем за ликвидноста на стопанството), и што ако имавме темелни чесни долгорочни вложувања во екологија, хортикултура и во здравствениот систем? Ќе не снајдеше сиромаштија ли поголема од оваа сега?Има некои работи кои мора да бидат направени во име на поголем интерес.
Дали тебе ќе ти се допаѓа или не, тоа си е твој проблем.
Проблемот во сето ова е што се вршат неприоритетни вложувања(дома), за кои одлучуваат во криминален манир, без оправдан основ на голема мапа, криминални умови. Но покрај неприоритетноста на јавните вложувања, уште поголем проблем е што се краде, односно што се нема контрола и надзор на избалансирани центри на моќ, па се делат средства многу поголеми од она што навистина чини и онака лошиот некорисен проект или изведбата, па во најголем дел парите незаслужено завршуваат во приватни џебови. Тоа е факт.