Реклами без рецесија

Бел бумбар (Тања многу си убавааа!) за рекламите, црн бумбар за това децата што се дрогаат. Баба Милка од Јурумлери.
 
А мене чисто онака ме интересира на КОЛКУ Луѓе овие кампањи им ги отворија очите и умот,па станаа етични,морални а и истовремено почнаа да читаат книги????

Open your mind,Open Your Heart НееескафеИИИИИИИИИИИи:vozbud:
 
А мене чисто онака ме интересира на КОЛКУ Луѓе овие кампањи им ги отворија очите и умот,па станаа етични,морални а и истовремено почнаа да читаат книги????

...........................

На многу.......многумина прогледаа......но нешто друго....но тоа веќе навлегува во политика...:helou:
 
Многумина го загледаа и опашот на кученцето на шмизлата кој личи на......:kesa:

Ова не е политика...


Нејсе,само се разгори е***от ГЛУП ШОВИНИСТИЧКИ НАЦИОНЛИЗАМ(негативната дефиниција),и рајата се дефокусираа од вистинските проблеми...за жал.
 
Рекламиве не поминале кај Еу :))
Вака и на Бугарија и ги собраа парите назад,каде бе кај апаши пуштаат пари бе алооо.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118984
Владини функционери проневериле пари од европски фондови - истражува Брисел. Каде се 260 илјади евра за образование и култура делени преку владината агенција за европски образовни програми и мобилност.
Во фокусот е работењето на првиот човек Бошко Нелкоски. Тој си делел пари на својата невладина организација во која директорувал паралелно додека седел на функционерската фотелја во агенцијата. потоа на негово место во невладината дошол Јован Поповски но и тој е раководител на секторот во државната агенција.
Втората невладина која се офајдила од парите е од Велес „Младински креативен центар“, основач е шурата на Нелкоски, Никола Коцевски, а 10 дена пред да се додели грантот, основач станал братучедот на сопругата. Ваквата распределба на пари од европските фондови се коси со законот за судир на интереси, за Нелкоски се е чисто.
„Националната агенција работи согласно правилата и процедурите на европската комисија. Во текот на доделувањето на проектите, се раководи согласно правилниците, внатрешните правилници и правилниците коишто ни се усогласени со европската комисија. Досега се доделени 68 проекти коишто се доделени заеднички како за програмата за доживотно учење, така и за млади во акција, крајни корисници се различни институции почнувајќи од Универзитетите, Училишта исто така и невладини организации. Сите 68 проекти се доделени согласно процедурите на националната агенција“, изјави Бошко Нелкоски, директор на Национална агенција за образовни програми и мобилност.
Освен оваа штура изјава, Нелкоски пред камерата не сакаше повеќе да коментира. Директорот Бошко Нелкоски е член на извршниот комитет на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Брисел под итно ги замрзна сите грантови во оваа област за Македонија. Од седиштето на унијата во Скопје велат дека се врши ревизија на делбата на парите и доколку се утврди конфликт на интереси, државата ќе мора да ги врати парите.
Дали овој скандал ќе ја чини Македонија многу во очите на Брисел - познавачите велат дека нарушениот имиџ може да предизвика стопирање и на други грантови и кредитни линии од Унијата.



И после смена као он краде не бевме ние :лудача:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119158
 
Рекламиве не поминале кај Еу :))
Цртани филмови не поминуваат кај нив, тоа само кај деца од претшколска.

Да сме среќни статистичките податоци што сеуште поминуваат (се додека од нив немаат штета европјаните). Да не стане работата како со податоците на грците кои во меѓувреме ЕУРОСТАТ не им ги призна за валидни. Да не им текне и кај нас да пробуричкаат.
 
Не престануваат кампањите на Владата, ефектите не ги мери никој

И наспроти укажувањето на ревизорите дека Владата потрошила многу пари за привлекување странски инвестиции, а никој не инвестирал во Македонија, власта не престанува со рекламите. Со нова рекламна кампања од стотици илјади евра преку незамеливата агенција Република, владата ќе привлекува странски инвеститори. Не само за кампањата Инвестирајте, туку владата ќе потроши и 200 илјади евра за спот за промоција на македонската традиционална храна.

Ќе се емитува на странски телевизии и е можно да чини многу повеќе од првичните 200. И оваа кампања е доделена на Република - агенцијата која ги подготвува владините кампањи и која стана речиси единствената за реклами на владата. Нелогично е зошто владата троши пари за реклами кога никој не направил истражување за ефектот од медиумското рекламирање на владата.

„Мора да има истражување, какви се ефектите на рекламата, посебно пред да се влезе во нова кампања“- изјави Синиша Пекевски, Маркетинг аналитичар.

Но за ефектите од владините кампањи не се грижи никој. АЛФА еден месец се обидува да стапи во контакт со главните на агенцијата Република за да одговорат со каков рецепт успеваат да ги добијат сите владини кампањи и какви резултати дале досегашниот милионски преставувања на Владата. Со Република е тешко да се комуницира затоа што немаат сајт на интернет, а на информации немаат телефон. Толку сокриена агенција, а сепак највлијателна кога се распишуваат тендери за кампања. Само во последните неколку месеци агенцијата инкасира над милион евра.

Извор
 
Треба да мине време и многу голем ангажман со перење мозок за да има некои ефекти.
На народот полесно му влегува во гз него во памет, па затоа треба да се повторува.
Плус, ова е директна помош на медиумите каде ги прикажуваме рекламите.
 
Не знам зошто се посочува нешто ирелевантно.
Во Македонија се потпомагаат медиумите, во странство се купува поддршка.
Сакаш да кажеш дека ние ќе ги вадиме странските телевизии од рецесија?:je:
М.М.Е до сеа не знаев дека Македонија е толку богата држава, шо и на другите ќе им помага да излезат од рецесија т.е да си купиме поддршка, за на крај да изгубиме едно Д од поддршка и да го подржиме :десанка:
 
Сакаш да кажеш дека ние ќе ги вадиме странските телевизии од рецесија?/
Во ред е и покрај елементарното непознавање на приликите и принципите со кои се купува поддршката од странски медиуми, ок е како даночен македонски обврзник да знаеш каде ти одат парите.
Значи исто ко што имаше за туризам спотови, Македонија е вечна и слично, така и ова е.
Мора да се трошат пари, знам дека е проблематично, но Македонија мора да биде спомената.
 
Во ред е и покрај елементарното непознавање на приликите и принципите со кои се купува поддршката од странски медиуми, ок е како даночен македонски обврзник да знаеш каде ти одат парите.

Мора да се трошат пари, знам дека е проблематично, но Македонија мора да биде спомената.

И ти си у право.Ние излеговме од гомна, немаме проблем со невработеност, стечајци, млекари, имаме преполн буџет и превисоки плати, се во државава функционира како шо треба, па да не бидеме циции да им помогнеме на странците, пошо ако не дај боже ни треба поддршка (они дека многу не сакаат им ебаа мамата на Гејците) сигурно ќе ја добиеме од нашите "пријатели" кај шо сме си дале кеш.:budenje:
 
И ти си у право.Ние излеговме од гомна, немаме проблем со невработеност, стечајци, млекари, имаме преполн буџет и превисоки плати, се во државава функционира како шо треба, па да не бидеме циции да им помогнеме на странците, пошо ако не дај боже ни треба поддршка (они дека многу не сакаат им ебаа мамата на Гејците) сигурно ќе ја добиеме од нашите "пријатели" кај шо сме си дале кеш.:budenje:

Колку и да не сме немале пари, секогаш сме давале.
За американските медиуми милијарди се дадени.
Да не правам муабет за признавањето 1990.
Има некои работи кои мора да бидат направени во име на поголем интерес.
Дали тебе ќе ти се допаѓа или не, тоа си е твој проблем.
 
Има некои работи кои мора да бидат направени во име на поголем интерес.
Дали тебе ќе ти се допаѓа или не, тоа си е твој проблем.
Од кога побитна е реклама отколку човечки живот?Зашо бе у ниедна изборна програма не го пишува тоа?Зашо никој не пишал дека ќе се раскурцава со наши пари како шо ќе му биде на ку*от ќејф додека народ едвај преживува или бара донации за да преживее?:nerv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom