Реклами без рецесија

Колку и да не сме немале пари, секогаш сме давале.
За американските медиуми милијарди се дадени.
Милијарди? Хм. Шо валута ова? И дај ако не ти е мака објасни пофинко шо придобивки од тоа, то ест што ако не платевме толкави суми?
Има некои работи кои мора да бидат направени во име на поголем интерес.
Дали тебе ќе ти се допаѓа или не, тоа си е твој проблем.
Тоа плаќањето рекет е поголемиот интерес, да се задоволат гладните криминални муцки е вишото овде? Што ако со парите градевме патишта (кои денес се движат кон ниво на Албанија од пред 20 години), хидроцентрали (енергетика-претежок проблем за ликвидноста на стопанството), и што ако имавме темелни чесни долгорочни вложувања во екологија, хортикултура и во здравствениот систем? Ќе не снајдеше сиромаштија ли поголема од оваа сега?

Проблемот во сето ова е што се вршат неприоритетни вложувања(дома), за кои одлучуваат во криминален манир, без оправдан основ на голема мапа, криминални умови. Но покрај неприоритетноста на јавните вложувања, уште поголем проблем е што се краде, односно што се нема контрола и надзор на избалансирани центри на моќ, па се делат средства многу поголеми од она што навистина чини и онака лошиот некорисен проект или изведбата, па во најголем дел парите незаслужено завршуваат во приватни џебови. Тоа е факт.
 
Од кога побитна е реклама отколку човечки живот?Зашо бе у ниедна изборна програма не го пишува тоа?Зашо никој не пишал дека ќе се раскурцава со наши пари како шо ќе му биде на ку*от ќејф додека народ едвај преживува или бара донации за да преживее?:nerv:

Во оваа држава, покрај вакви лицемери не треба да те чуди тоа.И сигурно дека ќе му биде поважна рекламата на тој со „сина“ крв од еден човечки социјален живот, може да испере повеќе пари и да ги обезбеди со средства и внуците (односно децата на тој што ги пере парите) што биле замислувани во фантазијата на прадедо му.
Цели населби немаат одводен систем дваесет години по ред веќе, ама што е важно тоа; важно економски „промотери“ (плакатолепачи) ќе се шетаат по плажите на Ибица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom