Штета што можеби нема повеќе од таа конзервативност, со "напредоков" (ја би го нарекол слепо трчање по некои квазизападни придобивки со цел издигање над другите како проста раја-и тоа е еден симптоматичен социолошки феномен во државава) сведоци сме на многу лоши случки, лоши показатели во општеството (типичен пример разводи и скурцани бракови). Порано имаше, но далеку помал број. Сега е (и според социолозите) веќе нешто загрижувачко и алармантно и во нашата држава.
Кога постираме човек нешто на форумот, скоро секогаш тоа е суд (кое помеко, софткор што би рекле обожавателите на предозирано користење на англиските зборови, го викаме мислење). Над 90% од мислењата се у ствари судења, наши, субјективни. Но тие се сигурно врз база на некои наши претходни размислувања, семејно воспитување, животни искуства, успони и падови, решенија за проблеми или веќе видени разрешници на некои прашања. Им судиме на овие жени, му судиме на александровиот патриотизам, на Тоше, на фановите на Цеца и друга новокомпонирана, на Дијаманте што ја обожава Каролина, на каролина, на слаткарот, на Интер, "провинцијалците", скопјанчиштата, бугарите, албанците, македонците...секој суди секому. Затоа можеби не треба да им се суди на другите дека судат, пошто сите судиме или сме суделе. Во спротивно, ретки теми каде никој никому не суди е делот од форумот "дали јадете благо или солено" (па дури и таму има субјективни мислења и судови за туѓи вкусови) и "вашиот хит на денот".
Уосталом, самата тема почна со судење некому (конкретно судење кон постирачот на темата) од страна на овие госпоѓици (кои се против да станат некогаш мајки) дека е дрска и безобразна што воопшто прашала.