- Член од
- 28 април 2025
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 19

Ништо од кажаното не е точно за радијаториве. Треба да се разгледа таа европска регулатива EN442
Според таа регулатива се зема внатрешна температура од 20°С исто како кај климите.
Е сега делта Т е разлика помеѓу температура на радијатор и амбиентална температура.
Она болдираното делта Т50 е нешто номинално. Значи тогаш температурата на водата е 70°, амбиентална температура е 20°, 70-20=50
И потоа ја има формулата за пресметка на heat output предадена топлина од едно ребро.
Или кај делта T20
Кога температурата на вода е 40° едно ребро VOX600 дава топлина од 44W.
Тука надворешни услови немаат влијание пошто радијаторот е внатрешното грејно тело не е изворот на топлина. Надворешните услови ќе влијаат на ТП.
Е сега доколку ги знаеме топлотните загуби на просторијата можеме да одредиме колку ребра ни требаат.
Пример на -7° надворешна имаме простор со загуби од 2kW ќе ни требаат 2000:44=46 ребра да заокружиме.
При тоа температурата на кривата на греење на -7 надворешни е 40. Но тоа е за да добиеме амбиентална 20. За повисока температура на просторија ќе избереме повисока температура при надворешни -7, пример 45.
И сега на надворешна 0° вода 40°, надворешна 5° вода 35°...
Сами ја програмираме кривата на греење во софтверот на топлотната пумпа по х и у оска.
Еве како тоа изгледа да биде појасно.
Х оска надворешна температура
Y оска температура на вода.

Просто као пасуљ.
Ете @PticaSelica гледаш дека топлотните пумпи не се ништо комплицирано. Ти викаш треба елаборати, стручни лица... Како да не
