Славење "слава"

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Вчера бев на куќна слава.На слава се иде да се слави светецот.Колку од луѓето знаеа барем два збора за него?

Што на слава смее да се збори ако веќе се иде за славење на светител?Нели е поразлично од славење од нова година?
Колку смее да се збори колку им земал попот за пеење на лепче и дали седел 5 минути и "киднал" или пеел пола саат(со тоа ги постигнал молитвите кај нив и ги заработил заслужено парите)?

Дали е убаво колку и да не му годи на некој да земе човекот што ја слави славата и да каже два збора зашто се тука собрани да прочита ако не знае напамет некој збор и секој нивни муабет да се движи во таа насока.Тие моменти да ги осетиш дека се блажени,и дека нема некој да те прашува нешто што воопшто не е место за на слава.

Самото тоа дека си дал пари,си собрал гости,си кажал дека е во име на некој светец,нема да се сложам дека тука е постигнат некаков ефект.
Црквата треба многу да ја менува свеста кај православните христијани.
 
На слава се оди за да се јаде и пие (т.е. журка за повозрасни)..а од муабети, се врти се и сешто само не за тоа за што е наменета славата.:toe:
 
slava e eden od podobrite obicai vo pravoslavieto(pienje jadenje gaga) ...znaci obicaj,adet koj nema vrska so verata
 
Значи навистина е се,а најмалку славата е вистина слава.:kesa:
 
slava e eden od podobrite obicai vo pravoslavieto(pienje jadenje gaga) ...znaci obicaj,adet koj nema vrska so verata

да во право си нас попот ни кажа дека славата е куќна и само за домашните славњето за народот е народен обичај измислен од самиот народ!
 
Колку смее да се збори колку им земал попот за пеење на лепче и дали седел 5 минути и "киднал" или пеел пола саат(со тоа ги постигнал молитвите кај нив и ги заработил заслужено парите)?

Црквата треба многу да ја менува свеста кај православните христијани.

Tреба, точно. Ама не се прави тоа за 5 минути "пеење" лепче. Затоа се тие коментари колку и за колку земал попот.
 
Црквата треба многу да ја менува свеста кај православните христијани.

Црквата првин треба самата да се промени.Да престане да се вози во скапи џипови,да зема големи такси,а најмногу ДА ПОМАГА НА СИРОМАШНИТЕ! А после тоа и ние ќе ја промениме својата свест!
 
Абе попот парите шо ги собрал ги фрла, колку земе господ - земе, другото за него.

Иначе, одсекогаш сум ги гледал славите како евенти на кои се јаде и пие и слави богзнае што....значи вака е минимум 17 години во нашата земја...демек ке се смени некад?
 
Тие што се по манастирите монасите не ги гледаш по се изгледа.Јасно е дека ќе има такви не се совршени,и тие се луѓе.Малкумина ќе успеат да бидат вистински.
 
А што треба да се слави,како би изгледало тоа? И каде тоа ги фрла попот парите,у џеб? И не треба да е смени,тоа е еден од последните начини родните и пријателите да се дружат! (ги исклучувам венчавките и погребите(пу,пу скраја да е!!!))

Тие што се по манастирите монасите не ги гледаш по се изгледа.Јасно е дека ќе има такви не се совршени,и тие се луѓе.Малкумина ќе успеат да бидат вистински.

Не друже,малку се монаси по манастири,а многу повеќе попови што не ги личи во бесни коли и во огромни палати! А сепак црквата не учи на скромност,нели? Каков пример ни даваат?
 
И не треба да е смени,тоа е еден од последните начини родните и пријателите да се дружат! (ги исклучувам венчавките и погребите(пу,пу скраја да е!!!))
ja ко што знам славата е славење на одреден светец и неговото дамнешно постоење
 
А со тоа што се собираат на неговиот ден,на иста софра не е доволно? Што би требале повеќе да прават?
 
од кај да знам бре што би требало да прават, ама кога веќе изиграваат побожни нека дејстуваат побожно, нека го милуваат името божјо итн итн...а не само тоа нив што им ќефа да го попримаат, и верници да ми се праат...

благодарам

едит: иначе ги фрла попот - у ваздух :)
шо земе господ - земе, шо падне на земја - за него :)
 
Во ред. Се разбравме...:uvo:
 
Слава е само изговор за отсуство од работа/школо и причина повеќе да се биде ќумец пијан.Никој не слави слава заради "Куќниот заштитник" туку за да направи гозба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom