Славење "слава"

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Во Македонија се прави служба, а не се слави слава. Славата е чисто српска работа.

Семејната служба се дава во чест на одреден светител кој семејството го смета за заштитник на куќата и луѓето кои живеат во неа. Обичајот е со паганско потекло, а прилагоден според православни норми.

Целта на службата е таа вечер да се обедини семејството или фамилијата на заедничка трпеза. Социјалниот карактер на службата е далеку побитен од житието на светителот, иако религиозните ред е да знаат по нешто и за него.

Службата по правило се прави три дена. Вечерта пред денот на светителот се дава вечера која се нарекува „заслуга“, на самиот ден се крева леб / панагија, а третиот ден е жезлото на светецот или патерица, на кој се дава ручек за душа на покојните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom