leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Конечно после 19 години можеме слободно да излеземе од земјата,без при тоа некој да не малтретира по амбасади,да им играме ора или да им пееме песни.Ерата на понижување на чесниот македонец заврши на 19.12.2009.Народот на Македонија конечно доби шанса да докаже дека нема шап и лигавка,шуга и слични заболувања кој можат експресно да се пренесат на европјаните.Добивме шанса да ги понудиме нашите знаења по европските метрополи,институции и компании.Сега можеме да видиме колку сме назад од останатиот свет и колку висок ѕид ни беше шенгенската бариера.Сега можеме повторно да извршиме нужда во соседните земји и слободно да заминеме некој километар понатаму,каде ќе се однесуваме како луѓе,наместо како стоки во сопствената држава.
Нека ни е честита победата врз понижувањата,ова го заслуживме како народ.Честито Македонци!Испаднете и не заборавајте од каде доаѓате!
Нека ни е честита победата врз понижувањата,ова го заслуживме како народ.Честито Македонци!Испаднете и не заборавајте од каде доаѓате!