Сакам фирмата да ми се вика „Шехерезад и Онур“

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Идните бизнисмени сакале фирмите да си ги наречат „Шехерезад“, но тој назив не може да се користи. Многумина биле заинтересирани да ги крстат и „Бинјапи холдинг“, но според правилата на Централниот регистар, само една фирма може да се вика така. Млади бизнисмени веќе го искористиле ова име

transparent.gif
Популарната серија „1.001 ноќ“ не е занимација само за домаќинките и за пензионерите. Таа ги инспирира и македонските бизнисмени, кои почнаа и своите фирми да ги регистрираат според ликови и имиња на компании во серијата. Во Централниот регистар неодамна било запишано друштво со ограничена одговорност со име „Бинјапи холдинг“, името на местото на кое работи популарната Шехерезад во серијата. Таму раскажуваат дека идни бизнисмени почнале да ги нарекуваат фирмите според серијата.

Во регистарот прашувале и дали е зафатен и називот „Шехерезад и Онур“, а регистрирале и друштво „Керемоглу“, според лик од серијата.

Стојан Костадиновски и Илија Стојановски, 25-годишни сопственици на друштвото „Бинјапи холдинг“, кое го регистрирале пред истекот на минатиот месец, раскажуваат дека се одлучиле за ваков назив гледајќи епизода од серијата. Тие веќе работат со сателитска и телекомуникациска опрема и, велат, се надеваат дека фирмата ќе им биде успешна како онаа во серијата.

- Ние подолго време се обидувавме да смислиме име на фирмата и не ни одеше. Сите што ни текнуваа беа зафатени. Гледајќи ја серијата си реков зошто и нашата фирма да не се вика како онаа во серијата. Проверивме и не беше зафатено името. Можеби тоа е знак и ќе имаме среќа колку што е популарна серијата. Ние сме двајца другари, многу подобри од оние во серијата, сопственици на нивната фирма - изјави Костадиновски.

„Керимоглу“ е името на уште едно друштво, регистрирано месецов, за чиј назив сопственикот Шериф Мифтар добил инспирација исто така од серијата. Керим во серијата е ортакот на Онур, кој е вљубен во убавата Шехерезад. Сопственикот на фирмата во Македонија ќе работи со трговија, превоз и услуги.

- Ја гледам серијата и морам да признаам дека имаше малку влијание ликот по кого ја именував фирмата. Но и татко ми се викаше Керим, а „оглу“ на турски јазик значи „син“ - низ смеа ни кажа Мифтар.

Вработените во Централниот регистар раскажуваат дека идни бизнисмени прашувале дали веќе се запишани фирми наречени според други ликови во серијата. Сепак најмногу се интересирале за називот Шехерезад, кој не може да се употребува, зашто веќе има фирма со слично име. Правилата на регистарот велат дека називите треба да се разликуваат најмалку со три букви. Тие велат дека имало повеќе заинтересирани и за називот „Бинјапи холдинг“, но само една фирма може да се вика така.

- Според членот 56 од Законот за трговски друштва, новите фирми на трговските друштва треба јасно да се разликуваат од сите дотогаш запишани во трговскиот регистар. Доколку е испочитувано тоа, ние немаме никаков проблем околу називот на фирмата. За тоа како ќе се вика одлучуваат оние што ја регистрираат - вели Емил Јакимовски, портпарол во Централниот регистар. Автор: Антонија Поповска; Наташа Бошковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121591032232&id=9&setIzdanie=21862
 
Тапа се. Го пропуштиле и господин Бурхан. "Ефенди Бурхан дооел"
Треба да побрзаат доколку не сакаат да им ги зафатат местата со имиња од “Ѓумуш“.:pos2:
 
Детално треба да се позанимаваат психолози и да откријат која е причината за ваква популарност на Шехерезада.Вакво нешто сме немале од времето на Касандра.
Шехерезадоманија(ова може некој да си го земе како име на фирма,ној предлог).:toe:
 
Треба да размислат што прават, оти ако Шехерезад и компанија дознаат дека некој полага право на нивните имиња, не е чудо да отвориме проблем и со Турција, па после и таму да мораат да го додадат зборот „Северна“... Шехерезад итн. :)
 
Страшна експанзија. Дури почнувам да мислам дека само мене не ми е интересно да го гледам чудово...

Ова бетер од Касандра стана, а сè си мислев дека луѓево се заситени од такви нешта.
 
ооххх мајкице, почнувам да се осеќам глупо шо не ја пратам Шхегерзадава, не можам у муабет да влезам на факс :wtf:
 
У ПМ, зар и ова почнаа да го прават. ццццц:nesvest:

Него сеа шо не ја крстат некоја фирма Фериде или како беше онаа?
 
Бодибилдинг ONURMAN :smee::smee::smee::smee::smee:
 
ЈАс за разлика од вас очекувам и пострашно да стани ... Пошто се сеќавам на времето кога по ромските населби децата се крштаваја : „Касандра , Ранду , Луи Давид итн итн итн “
И ова како касандроманиата од тогаш .
Така да нема да ме чуди да видам и подалеку да се отераат работите со сериава .
 
Дефинитивно `1001 ноќ` или Шехерезад ко што сите ја викаат серијата е `Касандра` на оваа деценија :):pos2:

Каде и да одам само за тоа слушам, на факс, во кафич, па дури и на час математика. Морам да признаам дека и јас имам гледано неколку епизоди, не за друго, за да се вклопам во муабетот, да не ги гледам од страна ко теле во шарена врата:shy:
 
Абе темава не ме насмеа толку колку што ме насмеа презимето на тој што ја напраил фирмата,извесен Шериф МИФТАР:pos2:
 
Драпај си петлите... реклама за серијата од Велија & Co.
 
Аман бре аман :uvo::uvo: кокошките во двор ми се попаметни од лоботомираниов народ :uvo::uvo:

Pipovski напиша:
Аман бре аман :uvo::uvo: кокошките во двор ми се попаметни од лоботомираниов народ :uvo::uvo:

упс:wink:сум ја погрешил темата:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom