Натпреварот помеѓу Македонија и Канада НАМЕСТЕН?

  • Креатор на темата Креатор на темата SANCTIMONIOUS
  • Време на започнување Време на започнување
Дали пријателскиот натпревар Македонија - Канада што се одигра минатиот месец во Струмица, му донесе некому милионска заработка?
УЕФА истражува местење на пријателскиот натпревар. Судијата Антон Генов од Европската фудбалска организација е под истрага и нема да го суди натпреварот од лигата на шампиони Динамо Киев - Барселона.
Оваа вест денеска осамна во бугарските медиуми. Што било нелогично во судењето на Генов и зошто алармирал системот на УЕФА дека се работи за наместен натпревар?
Паднале во очи четирите пенали и милионски суми евра подигнати од обложувалници во Азија, кои нелогичноста ја пријавиле во УЕФА.
Дали и за кого одработил бугарскиот судија? Се обидовме одговор да добиеме од Ангел Бунгуров, комесарот на ФФМ за делегирање судии?
„Ајде глупости да не расправаме. Ајде пријатно! Такви глупости не знам ништо, не расправам. Ајде пријатно“, изјави Ангел Бунгуров, комесар на ФФМ за делегирање судии.
За сомнежите на УЕФА го прашавме и македонскиот селектор Мирсад Јонуз, одговор ни вети за утре, денеска бил во странство.
„Не можам сега да коментирам, во странство сум, така да утре јавете се“, рече Мирсад Јонуз, селектор на македонската репрезентација.
Што точно се случуваше минатиот месец на пријателскиот натпревар Македонија - Канада? Судијата Генов 4 пати покажа пенал, по двапати за Македонија и Канада. Канада не успеа да ја погоди мрежата првиот пат, а според очевидци, при втората одбрана на Пачовски реагирал судијата со зборовите „сега ли најде да браниш“.
Вториот пенал за Македонија беше досуден во 88-ма минута, а двапати мрежата на гостинската екипа ја затресе Пандев. Натпреварот заврши 3-0.
Дали по секоја цена мораше да паднат три гола? Кој играл 3+ во обложувалниците? Во Нион централата на УЕФА, под истрага е Антон Генов.
Распитот на актерите од двете репрезентации, канадската и македонската, треба да обелодени дали сомнежите на УЕФА се оправдани.

OK де, ова е очигледно ситуација од типот на оној германскиот судија кој си свиреше како му чини за во кладилница. Клубови не беа замешани.

Исто и во статијава, никој од нашите не е обвинет. Очигледно А1 ја има преземено од бугарските медиуми веста за распитот на судијата а потоа има малку свое додадено.

Како и да е, нашиве гадно го заебаа судијата. Да погодеа 10% од шансите во прво полувреме, човекот немаше да има потреба ни еден пенал да свирне :pos2:
 
Доколку е само судијата добро е, но сепак не гледам никаква полза од тоа ние да сме ја наместиле .

Како и да е, некој си се опарил . :tv:
 
И да е наместен мечот... Судијата досуди четири пенали, репрезентативците на Канада промашија два, ние дадовме два... Канада немаше ниту една шанса за гол... Како бил наместен, баш ме интересира што глупост ќе стресат оние шутраците од А1...

Е па ако бил наместен, ај погоди како бил наместен:smir:
 
Ај кога веќе повеќето мислиме дека судијата самиот ја терал накај 3+, нели мислите дека е малку ризично да се чека до 93' минута? Ако навистина се работело за милионски суми, малку ризично ми стои дека некој ќе чека до последна минута. Што ако после 90' минута спалснеше играта и никој не се обидуваше да напаѓа? За фаул на центар ќе покажеше татарот пенал? Чудно ми е.
И пеналите беа чудни ама и оваа приказна за милионски суми што зависат од неколку секудни ми е чудна.
 
Ај кога веќе повеќето мислиме дека судијата самиот ја терал накај 3+, нели мислите дека е малку ризично да се чека до 93' минута? Ако навистина се работело за милионски суми, малку ризично ми стои дека некој ќе чека до последна минута. Што ако после 90' минута спалснеше играта и никој не се обидуваше да напаѓа? За фаул на центар ќе покажеше татарот пенал? Чудно ми е.
И пеналите беа чудни ама и оваа приказна за милионски суми што зависат од неколку секудни ми е чудна.

Пак уште една гршака не беше 93 туку 88 минута беше и како му рекол судијата за пеналот што го одбрани пачовски сега ји најде да браниш чекај ќе видиш има поќе нешто од ова не беше нормално да има 4 пенали и плус тоа посладниот пенал за нас не беше пенал да си кажеме искерено и дека зависи кој го знае како се продал судијта дали за пари или под закани ќе видиме ама за џабе не ставиле милонски суми во азија :nenene:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117260
 
Добро де нема врска многу тоа што го расправате. Судијата немаше никаква потреба да се меша во 3+ ако нашите го погодуваа голот од 5 метри. Кога веќе се изнапромашија... :)

Како и да е, насловот: (Натпреварот е наместен), имплицира нешто друго, дека екипите/раководтвата го местеле крајниот резултат. Текстот кажува нешто друго: натпреварот се играл, судијата пробал да им помогне да стигнат до 3+.

Случајот Хојцер во Германија, кој објаснуваше како помагал со пенали и црвени картони кога биле потребни голови, и како ја сецкал играта кога не требало да ги има...
 
Mozebi bila igrana 3+ vtoro poluvreme,kade koef i ne e taka mal:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom