Натпреварот помеѓу Македонија и Канада НАМЕСТЕН?

  • Креатор на темата Креатор на темата SANCTIMONIOUS
  • Време на започнување Време на започнување

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Случајно на А1 видов дека напреварот помеѓу Македонија и Канада бил наместен!?
Повеќе детаљи ќе имало во вестите во 19 часот на А1 Телевизија!
Ја отварам темата за дискусија околу натпреварот!
Дали тоа е вистинскиот начин да победи Македонија, под кои услови натпреварот го наместија, или е само една новинарска патка???
 
И да е наместен мечот... Судијата досуди четири пенали, репрезентативците на Канада промашија два, ние дадовме два... Канада немаше ниту една шанса за гол... Како бил наместен, баш ме интересира што глупост ќе стресат оние шутраците од А1...
 
Случајно на А1 видов дека напреварот помеѓу Македонија и Канада бил наместен!?
Повеќе детаљи ќе имало во вестите во 19 часот на А1 Телевизија!
Ја отварам темата за дискусија околу натпреварот!
Дали тоа е вистинскиот начин да победи Македонија, под кои услови натпреварот го наместија, или е само една новинарска патка???

Дека Велија со цела артилерија напаѓа кон Хари, напаѓа. Ама еве, ако не успее да докаже, редно е некој во затвор за клевета да заврши...

Ебате, премногу слобода сме им дале....
 
И јас сега сакав да поставам тема за ова.
Сепак мислам дека ова е хајка против Харалампие од страна на а1 ,а2 .Дај боже да грешам
 
Дека Велија со цела артилерија напаѓа кон Хари, напаѓа. Ама еве, ако не успее да докаже, редно е некој во затвор за клевета да заврши...

Ебате, премногу слобода сме им дале....

Во право си.
 
Еве што пишува на 24fudbal.com.mk

Денеска топ вест во бугарските медиуми е започнувањето на истрага од страна УЕФА за арбитражата на судијата Антон Генов на натпреварот Македонија - Канада. Од таа причина овој судија не е делегиран за натпреварите од Лигата на Шампиони денес и утре.
На натпреварот помеѓу Македонија и Канада, судијата Антон Генов досуди дури четири пенали, сите во второто полувреме од натпреварот, дел од нив беа крајно сомнителни.
Од Бугарската фудбалска федерација сеуште мочлат за овој случај, судијата Генов вели дека не е информиран за истрагата.
"Никој не ме информирал дека ме испитуваат" - била кратката изјава на Генов.



http://24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=8cb290da-4c3d-409c-af94-58826a86140f&ln=3&typeBack=default
 
Да сочекаме до 7 да видиме шо ке се изјаснат кои докази ке ги изнесат од А1.

А пеналите сите 4 беа пенали нема шо тукa.
 
Што знам, бев на натпреварот и не ми стоеше како наместен :)
 
Ако мислат на тоа што ние ги дадовме двата пенали и они ги утнаа не е никој крив што толку сакати кретени има во нивната репрезентација.
Али ќе видиме што ќе кажат А1.
Осеќам ќе е гола вода тоа што ќе го кажат.
 
На крајот на краиштата... пеналите влијаеа само на големината на победата, победникот и без пенали ЗАСЛУЖЕНО ќе беше Македонија!!! Можам да замислам што ќе биде коментарот на А1... нов срам од ФФМ и Хаџи-Ристески. Стварно човекот е идиот, ама и сите пред него беа исти, ако не и полоши.
 
Судијата е крив затоа што досуди четири пенали? Па не е тој крив што играчите прават пенали, сите пенали беа регуларни. :)
 
Ајмооо уште ова ни фалеше:nesvest:
И уште судијава го остраниле од мечот Динамо Киев со Барселона од ЛШ. Значи има тука нешто. Милионски суми ставени за 3+. Судијата викал "Сега ли најде да браниш" по пеналите што ги утнаа Канаѓаниве:pos2::pos2:
 
Да сочекаме до 7 да видиме шо ке се изјаснат кои докази ке ги изнесат од А1.

А пеналите сите 4 беа пенали нема шо тукa.

:pos2::pos2::pos2::pos2: Ме насмеја.


Инаку знаете ли дека за случајов, судијата на спортска ја имал 3+, за да ја фатил досудил пенал, знаете за ова?
 
Пријателските меѓународни натпревари ги организира ФИФА а не УЕФА, особено кога игра(ат) екипа надвор од Европа ( Канада )...така да е јасно к'o ден, кој стои зад оваа вест...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom