Натпреварот помеѓу Македонија и Канада НАМЕСТЕН?

  • Креатор на темата Креатор на темата SANCTIMONIOUS
  • Време на започнување Време на започнување
Од медиумска кука шо може да се очекува. Си бараат нешто за Топ Вест, така да А1 и така го престави!

УЕФА: Натпреварот Македонија-Канада наместен?
Катерина Гетева Коментари (0)


08.12.2009 18:50

Судијата Антон Генов под истрага

Дали пријателскиот натпревар Македонија - Канада што се одигра минатиот месец во Струмица, му донесе некому милионска заработка?

УЕФА истражува местење на пријателскиот натпревар. Судијата Антон Генов од Европската фудбалска организација е под истрага и нема да го суди натпреварот од лигата на шампиони Динамо Киев - Барселона.

Оваа вест денеска осамна во бугарските медиуми. Што било нелогично во судењето на Генов и зошто алармирал системот на УЕФА дека се работи за наместен натпревар?

Паднале во очи четирите пенали и милионски суми евра подигнати од обложувалници во Азија, кои нелогичноста ја пријавиле во УЕФА.

Дали и за кого одработил бугарскиот судија? Се обидовме одговор да добиеме од Ангел Бунгуров, комесарот на ФФМ за делегирање судии?

„Ајде глупости да не расправаме. Ајде пријатно! Такви глупости не знам ништо, не расправам. Ајде пријатно“, изјави Ангел Бунгуров, комесар на ФФМ за делегирање судии.


Мирсад Јонуз, селектор на македонската репрезентација

За сомнежите на УЕФА го прашавме и македонскиот селектор Мирсад Јонуз, одговор ни вети за утре, денеска бил во странство.

„Не можам сега да коментирам, во странство сум, така да утре јавете се“, рече Мирсад Јонуз, селектор на македонската репрезентација.

Што точно се случуваше минатиот месец на пријателскиот натпревар Македонија - Канада? Судијата Генов 4 пати покажа пенал, по двапати за Македонија и Канада. Канада не успеа да ја погоди мрежата првиот пат, а според очевидци, при втората одбрана на Пачовски реагирал судијата со зборовите „сега ли најде да браниш“.

Вториот пенал за Македонија беше досуден во 88-ма минута, а двапати мрежата на гостинската екипа ја затресе Пандев. Натпреварот заврши 3-0.

Дали по секоја цена мораше да паднат три гола? Кој играл 3+ во обложувалниците? Во Нион централата на УЕФА, под истрага е Антон Генов.

Распитот на актерите од двете репрезентации, канадската и македонската, треба да обелодени дали сомнежите на УЕФА се оправдани.


Мислев да не го пишам ова ама ај!

Факт е дека во овој кош не треба да се става Македонската репрезентација, ама па со ваквите изјави на Бунгуров и Јонуз, не може да не помислиш дека има нешто.
Па мајку му стара ко неписмени. Барем дај изјава , огради се од ваквите работи, а не со ваквите изјави долева дополнителни сомнежи за неутралното око!
 
А што можеш да кажеш за А1 жити се... ако кажеш едно тие ќе направат да изгледа дека си кажал сосем друго.
 
И јас ја имав 3+ :tv:
ако фати пари сега е културно од твоја старна да ги вратиш ако неќеш во кладилницата тогаш кај хари во ффм или во џокер :pos2:
 
А што можеш да кажеш за А1 жити се... ако кажеш едно тие ќе направат да изгледа дека си кажал сосем друго.


Не е битно тоа шо А1 кажал, туку убаво ке беше нашата Федерација да се оградеше од тоа, зашо ипак нашата Фудбалска Федерација е пишана во текстот, така да требало да се огради, вака ....... како шо кажав со неутрално око друго јаче се гледа!

ПС. Добра е и логиката на Мак. Спорт од денешниот број!:toe:
 
ABE PIZDAMU MATERIN I NA A1 I NA VELIJA I NA SITE OD KADE NAMESTENA UTAKMICATA KOGA NEMAJA POJMA ONIE UMRENINE OD KANADA:toe:

ако фати пари сега е културно од твоја старна да ги вратиш ако неќеш во кладилницата тогаш кај хари во ффм или во џокер :pos2:
JA IGRAV 1 ZA 6000 DEN HARI MI JA KAZA :):vozbud:
 
Така викаат Уефа и Интерпол!:toe:

Не бе па и ти. Каков УЕФА и Интерпол. Миленко, А1 и Мак.Спорт го измислија ова. :) Можеби и Рафет и Благоја :pos2:

А за изјавата на Бунгуров не знам што те чуди овде :toe:
И мене да ми се јават додека сум во кафана со цврцнати неколку ракии истото би им го кажал. Толку му е капацитетот на тој човек. Иако нема логика за ова прашање да му се јавуваат на Бунгур (УЕФА делегира судии) сепак човекот требаше да одговори по културно и соодветно на својата висока позиција во ФФМ.
 
Не бе па и ти. Каков УЕФА и Интерпол. Миленко, А1 и Мак.Спорт го измислија ова. :) Можеби и Рафет и Благоја :pos2:

А за изјавата на Бунгуров не знам што те чуди овде :toe:
И мене да ми се јават додека сум во кафана со цврцнати неколку ракии истото би им го кажал. Толку му е капацитетот на тој човек. Иако нема логика за ова прашање да му се јавуваат на Бунгур (УЕФА делегира судии) сепак човекот требаше да одговори по културно и соодветно на својата висока позиција во ФФМ.


Не бе каква кафана па ти!

Тоа му е канцеларија на него!!!:kesa:

Иначе и не ме зачуди, такво нешто можам да очекувам од човек кој и самиот не знае дека е дел од Фудбалската Федерација на Македонија!:toe:
 
Како што сватив..... Бар од тоа што го слупшнав до сега. Утакмицава е наместена од страна на судијата (затоа што некој си ја изиграл 3+:)) но не и од актерите на мечот:toe: Знам дека за местенка се потребни двајца али мислам дека тука нашата репрезентација не е ништо крива:toe:
 
Како што сватив..... Бар од тоа што го слупшнав до сега. Утакмицава е наместена од страна на судијата (затоа што некој си ја изиграл 3+:)) но не и од актерите на мечот:toe: Знам дека за местенка се потребни двајца али мислам дека тука нашата репрезентација не е ништо крива:toe:

Нејкам да помислеш дека и ја го мислам истото, ама само ке те прашам, дали читаше денешен Мак. Спорт и нивната логика!

Интересна работа коа ке си размислиш!sram
 
Мислев да не го пишам ова ама ај!

Факт е дека во овој кош не треба да се става Македонската репрезентација, ама па со ваквите изјави на Бунгуров и Јонуз, не може да не помислиш дека има нешто.
Па мајку му стара ко неписмени. Барем дај изјава , огради се од ваквите работи, а не со ваквите изјави долева дополнителни сомнежи за неутралното око!

Па нема ништо, веста е од Бугарските медиуми и се однесува на Бугарскиот судија. A1 сакале да направат случај овде. Што ќе прајш...
 
Па нема ништо, веста е од Бугарските медиуми и се однесува на Бугарскиот судија. A1 сакале да направат случај овде. Што ќе прајш...


Нема што А1 да прави случај овде, случајот е веке направен.
Нашето име е споменато иако ни криви ни дужни, а оние кафанџиите требапе сето тоа фино лепо да го кажат!
 
Нема што А1 да прави случај овде, случајот е веке направен.
Нашето име е споменато иако ни криви ни дужни, а оние кафанџиите требаше сето тоа фино лепо да го кажат!

Требаше, ама тоа само во нормални федерации. Кај нас од толку многу афери, кога ќе им се претстави на телефон некој од А1 или Мак.Спорт ги фаќа хистерија и се губат :) Па не знаат што да кажат.

Без разлика на тенденциите на А1 и Спорт, јас мислам дека нашите немаат никаква допирна точка со ова. Татарчето досуди 4 пенали, ама по 2 за нас и за Канада. Не држи вода тврдењето дека морало ние да победиме. Прво беше тој за Канада. Очигледно мераклија е типот на голови. Па на крајот на краиштата, фудбал се игра за публика и за голови :)
 
Нејкам да помислеш дека и ја го мислам истото, ама само ке те прашам, дали читаше денешен Мак. Спорт и нивната логика!

Интересна работа коа ке си размислиш!sram
Не сум прочитал:toe:
 
Еве го текстот од Спорт, кој пак се обидува нешто да ги замеша нашиве бандити без никаков аргумент. Очигледно е дека ова е местенка за 3+ во која судијата има главна улога а оние кои се опариле се далеку над нивото на овие нашиве ситни душички.

Патем, пишува и дека во 30-та минута била најголемата уплата (во живо). И јас ја играв во живо и некаде после 30 минути ми стана јасно дека ќе ги наполниме. Било кој што играл во живо и го следел натпреварот би уплатил на голови или на победа, 10 шанси имавме до тогаш. Жално беше да не се уплати...

Летаат "глави" за Македонија - Канада
*Настрада бугарскиот судија Антон Генов, кој е тргнат од листата, а требаше вечерва да го води дуелот Динамо Киев - Барселона од Лигата на шампионите. УЕФА ќе ни забрани да ангажираме судии од соседството за тест средбите
CBAACB14FE3AD84295896061A8716857.jpg

Под истрага на "Интерпол", а во соработка со УЕФА е пријателскиот натпревар Македонија - Канада (3:0), одигран на 14 ноември, во Струмица. Сомнение за нова "местенка" по пријава на азиските обложувалници кои во надлежните институции го пријавиле ненормалниот проток на пари. Загуба од неколку милиони и веднаш акција на инспекторите. Прва жртва од новата афера која е повторно нов удар за фудбалот во Македонија е бугарскиот арбитар Антон Генов. Тој на скандалозниот натпревар покажа дури 4 удари од белата точка. По анализите и по неколкуте состаноци во Нион донесена е одлука. Антон Генов е симнат од листата и нема да го води денешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Барселона. И веднаш шок во Бугарија. Денешниот ден требаше да биде врв на судиската кариера на Генов, а Бугарија по 10 години ќе имаше арбитар кој ќе води натпревар од групите во Лигата на шампионите. Одлуката на УЕФА е донесена па така место Генов за главен судија е делегиран Англичанецот Веб.
Дознавме дека Генов бил повикан на сослушување во Нион и каде одговарал пред инспекторите на УЕФА. Со тоа е даден јасен сигнал дека службите кои се во војна со фудбалската мафија веќе сериозно се вклучени во пронаоѓањето докази за "местенката" на натпреварот Македонија - Канада. Нашиот националенм тим победи, но некои претерале со парите и сакале за 90 минути да стигнат до милионски заработувачки.
За овој скандал веќе неколку дена знае и фудбалскиоот врв во земјава кој исто така е во паника. Како и пред неколку месеци околу скандалот со Победа така и сега ФФМ на Хаџи-Ристески преку своите инсталираат лажни приказни и тревоги само за да ја насочат водата на друга брана и да се спасат од притисоците. Кој ако не ФФМ треба да одговара по најновите обвиненија (не е случајна аферата на Јонуз со СМС). Приказните се крајно неаргументирани и без важност. Велат дека луѓе од Македонија го пријавиле Генов во УЕФА дека бил пијан во Струмица на ден пред средбата. Каква срамота...! Некои луѓе с$ уште како да не разбират каква моќна институција е УЕФА и што тоа значи зборот "Интерпол". Си кажуваат приказни за мали деца и што е најтрагично, и самите не веруваат во истите иако на сите треба да им биде јасно дека никој никого не може да осуди без докази. КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА!
Што сега!? Ете ви нов срам и нови скандали. Без разлика на тоа како било и кој бил. Македонија во наредниве денови повторно ќе биде на удар од сите светски медиуми, а скандалот вчера беше топ тема кај нашиот источен сосед. Повторно сме пример за истрага околу "местенки" за интерес од обложувалниците. Катастрофа! Сега не станува збор за нечии приватни или локални клубови туку за националната гордост - репрезентацијата.
Дознавме дека на натпреварот Македонија - Канада биле огромни уплатите за наша победа, повеќе од 3 гола и триумф на домаќинот со повеќе од два гола. Тие што имале "дојава" за натпреварот во Струмица се обложувале во живо, а најголемата уплата ја направиле во 30. минута од средбата.
Натпреварот Македонија - Канада е нов случај во досието "Македонија", кое е најголемо во УЕФА затоа што постојат уште десетина клупски и репрезентативни натпревари за кои службите во Нион вршат истрага. Има ли крај на ваквите лудории поврзани со Македонија. Ние сме црна дупка во системот на УЕФА и жариште на "фудбалски" експерти кои се занимават со лажирање и "местење" натпреварии. Не дека другите не "местат" туку само овие нашиве ги фаќаат. Не ги бива ниту во најцрните бизниси во фудбалот.
Ако се докаже дека натпреварот Македонија - Канада бил "наместен" е дури тогаш каде ќе им одат душите на оние кои се осудиле да го оцрнат националниот тим и повторно да ја срамотат државата.
И. Д. Ивановски

Генов барал помош од ФФМ
Како што неофицијално дознавме, Антон Генов бил на сослушување во Нион. Веднаш по дознавањето на скандалот и при враќањето за Софија им се јавил на своите пријатели во Македонија. Им кажал за проблемите и од нив побарал помош. ФФМ требало да прати допис до УЕФА со кој ќе го штити Генов, но дали е тоа направено немаме никаква информација затоа што во ФФМ владее хаос затоа што "куѓата на фудбалот" е "бомбардирана" од проблеми по серијата скандали за финансиското работење на федерацијата и злоупотребата на донациите од ФИФА и УЕФА. Дали и и какво писмо прати ФФМ во УЕФА? Како ли го спасуваше Генов од обвинението?

Победа за мандат и договор...!?
Канада во Македонија дојде во турбулентните денови на нашиот фудбал. Неуспех против составот од Северна Америка ќе беше лоша увертира за Харалампие Хаџи-Ристески на Собранието на ФФМ кое се одржа една недела по оваа средба. Истото важи и за Мирсад Јонуз. Ако не го победеше некомплетниот гостин тоа ќе значеше и несигурност околу неговото продолжување на договорот како селектор на Македонија. Нашиот национален тим за општа радост успеа да победи, и тоа убедливо и лесно, со 3:0. Гол на Седлоски и два на Пандев од белата точка.
Кој би можел да игра на обложувалница и да знае дека ние така сигурно ќе победиме...!? Од каде толку храброст и да се жртвуваат милионските уплати...!? Кој имал интерес оваа средба да заврши со наша победа...!? Некои работи постојано се повторуваат...
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П И СЛОГА ЈУГОМАГНАТ СО ПРИЈАВА
МВР да ги реши "местенките"
Пријава до Министерството за внатрешни работи за "местенките" во Македонија. Тоа го направија двата клуба кои со бојкот одат против режимот на Харалампие Хаџи-Ристески. МВР ја доби пријавата од екипите во петокот каде институциите веќе го имаат потребниот доказ за кривично гонење и истрага на натпревар од домашниот шампионат меѓу Победа и Вардар. Како доказ се приложува видеоснимката на судијата Сеља Илир од Струга, кој кажува како и кој врз него вршел притисок да суди во корист на Победа.
Покрај пријавите за "местенките" постојат и докази до органите за прогон за финансиските скандали кои се случуваат во федерацијата и безаконскиот одлив на илјадници евра од касата на ФФМ. Според најавите, во текот на деновите кои следат и надлежните институции ќе тргнат во акција околу криминалот кој владее во домашниот фудбал. Без акција не може да се спаси пропастот на овој спорт во земјава кој настанува само поради безредието и диктатурата од страна на Харалампие Хаџи-Ристески.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom