Па, весели групи. Мислам оти ќе има доста борбеност и изненадувања на првенството.
Group A
1. Јужна Африка
2. Мексико
3. Уругвај
4. Франција
Најмалку што сакав е ваква група за Франција. Мислам дека е лесна, но имајќи го предвид неспособниот им тренер, не е чудно и да исчурат. ЈАР едина надеж нека гледат во публиката, оти се трупови, Мексико и Уругвај се солидни репрезентации, но се неконстантни во форма. Франција има јаки индивидуалци, ама кризира со Доменеш, но има искуство. Мислам дека ќе заврши вака:
1. Франција
2. Мексико
3. Уругвај
4. ЈАР
-----------------------------------------------------
Group B
1. Аргентина
2. Нигерија
3. Јужна Кореја
4. Грција
Интересна група, со солидни екипи. Тука мислам дека Аргентина ќе се покаже во свое право светло, другите три екипи се послаби од нив. Мислам дека и Јужна Кореја ќе се покаже како доста тврд орев. Прогноза:
1. Аргентина
2. Јужна Кореја
3. Нигерија
4. Грција
-----------------------------------------------------
Group C
1. Англија
2. САД
3. Алжир
4. Словенија
Тука едни од моите фаворити ќе имаат солидни противници, но ќе ги победат сите. Англија ќе нема баш и некои проблеми, очекувам борба за второ место меѓу Алжир и Словенија. САД, ќе докажат дека Купот на Конфедерациите беше само момент.
1. Англија
2. Алжир/Словенија
3. Алжир/Словенија
4. САД
-----------------------------------------------------
Group D
1. Германија
2. Австралија
3. Србија
4. Гана
Оваа група ми прави доста мерак, неизвесна е многу. Очекувам само германската ладнокрвност да го освои првото место, другите ќе се борат за место во осмина - финалето.
1. Германија
2. Австралија/Србија/Гана
3. Австралија/Србија/Гана
4. Австралија/Србија/Гана
-----------------------------------------------------
Group E
1. Холандија
2. Данска
3. Јапонија
4. Камерун
Нема нејаснотии во оваа група, освен околу тоа кој ќе е третопласиран.
1. Холандија
2. Данска
3. Јапонија/Камерун
4. Јапонија/Камерун
----------------------------------------------------
Group F
1. Италија
2. Парагвај
3. Нов Зеланд
4. Словачка
Светскиот шампион има релативно лесни противници. Словачка ќе го демонстрира својот квалитет. Нов Зеланд, најслабата репрезентација на турнирот.
1. Италија
2. Словачка
3. Парагвај
4. Нов Зеланд
----------------------------------------------------
Group G
1. Бразил
2. Северна Кореја
3. Брегот на Слоновата Коска
4. Португалија
Интересна група. Бразил е доста силен, како и секогаш, Португалија, со Кристијано Роналдо е силна, но мислам дека ќе биде непијатно изненадување, а едно од изненадувањата ќе биде или Брегот на Слоновата Коска, или Северна Кореја.
1. Бразил
2. Брегот на Слоновата Коска/Северна Кореја
3. Брегот на Слоновата Коска/Северна Кореја
4. Португалија
----------------------------------------------------
Group H
1. Шпанија
2. Швајцарија
3. Хондурас
4. Чиле
Шпанија е еден од фаворитите на ова СП, така што нема да има особени проблеми да го освои првото место, но интересна ќе биде борбата меѓу Швајцарија и Чиле за второ место. Оставам можност и Хондурас да направи некоја збрка. Сепак:
1. Шпанија
2. Чиле
3. Швајцарија
4. Хондурас
----------------------------------------------------
Ова е само мое видување, а што понатаму, останува да се види.