Меѓународно движење против промена на името

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев дека Тодор Петров е способна личност. Нека се чукне во главата малку , во политиката е од осамостојувањето на Македонија, претставува цврсти Македонски ставови, и повикува на протест кој не е воопшто организиран! Така ли се брани Македонија , Македонци ???
А не е никакво оправдување да не се посети протест со кој би требало на светот да му покажеме колку си ја сакаме МАКЕДОНИЈА, доколку навистина е така.
 
Доколку оние кои имаат доволно моќ за организирање еден ваков протест, за доброто на Македонија, не ја искористат навреме , за да може да му овозможат на својот народ да си ги искаже своите чувства спрема Татковината , масовно и отворено, тогаш „ќе дојде време“ кога народот сам ќе си создаде можност за остварување на истата цел. Само за жал, тогаш нема да можеме да ги крстиме и да се представиме пред „ценетата европска и светска јавност“ со мирни протести од културен народ. Тогаш би биле разуздени вандали кои се борат за своето име.
 
Папуљас: Скапо ќе го чини Скопје иделогоијата на “македонизмот“


Претседателот на Грција, Каролос Папуљас, испратил двојна порака-една до Македонија, а една до Турција, од вечерата, која била организирана во Атина во чест на посетата на бугарскиот претседател, Георги Прванов, пишува денеска грчкиот весник “Навтемборики“, пренесува Нетпрес.

Папуљас рекол дека Скопје треба да ја изостави идеологијата на “македонизмот“, бидејќи ќе го чини скапо, додека Турција ја повикал да ги исполни задолженијата, кои ги прифатила. Пред својот бугарски колега, грчкиот претседател посочил дека Атина ќе продолжи да ги поддршува европските перспективи на западен Балкан, но прецизирал дека таа поддршка не е безрезервна.

За Македонија, Папуљас посочил дека прифатила да преговара за изнаоѓање на взаемноприфатливо решение за името, кое нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, туку за секаква намена.

“Монополизирањето на терминот ‘Македонија’ и на неговите производи во име на една држава, националност и јазик, не одговара на реалноста во регионот и претставува злоупотреба“, рекол грчкиот претседател и појаснил дека се’ додека Скопје го држи тој курс, вратата на НАТО ќе остане затворена, а процедурата за присоединување кон Европската унија-замрзната.

“Во декември, Советот на Европа ќе оценува и ќе биде оценуван. Турција е должна да ги исполни договорените задолженија“, изјавил Папуљас.

Извор

Како бе некој може вака да се заканува, а од друга страна пак овде кај нас да има поддржувачи за ваквите закани.
 
Си го утнал делот каде треба да стои болд:

“Монополизирањето на терминот ‘Македонија’ и на неговите производи во име на една држава, националност и јазик, не одговара на реалноста во регионот и претставува злоупотреба“, рекол грчкиот претседател и појаснил дека се’ додека Скопје го држи тој курс, вратата на НАТО ќе остане затворена, а процедурата за присоединување кон Европската унија-замрзната.


Кога ли ќе ви стане јасно, еднаш завека, дека не е целта на “преговорите“ името на државата и дека туркањето по секоја цена на Македонија во евро-атлантските структури претставува свесно самоуништување за исполнување на грчките болни желни!?
 
Бев на протестот што се одржа на 20 во петок, не сум од Скопје, специјално за то одев и коа стигнав шо ќе видам, немаше ни 50 луѓе кои протестираа.

Koj da ispadne Skopjancistava, koi utredenta site bea na vikend-soping vo Solun koi parite gi davaat vo Gaylada ? Poprvo bi se sobrale 1000 dusi od provincija odkolku 100 skopjani. Zarem ne ti e jasno uste. Na protestite posle vetoto za nato najgolem del od protestantite bea studenti od provinciite.
 
Koj da ispadne Skopjancistava, koi utredenta site bea na vikend-soping vo Solun koi parite gi davaat vo Gaylada ? Poprvo bi se sobrale 1000 dusi od provincija odkolku 100 skopjani. Zarem ne ti e jasno uste. Na protestite posle vetoto za nato najgolem del od protestantite bea studenti od provinciite.

А ти нормално го гледаше протестот на ТВ.

Ако сакаш да имаш пристап на темава не се обидувај некој ефтин локал патриотизам да тераш.

Држете се до темата.
 
Дали Европа е слепа , а ние глупи ?
Нивна официјална изјава:

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас истакна дека Грција се залага за приклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ до 2014 година, додавајќи дека станува збор за визија за мир и просперитет за Југоисточна Европа.

- Цврсто веруваме дека на европската перспектива на Западен Балкан и е потребен нов поттик и во тој контекст новиот премиер и шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу минатиот месец, само неколку дена по преземањето на должноста, предложи осмислување на нова, конкретна мапа на патот за земјите во регионот, истакна Друцас кој утре доаѓа во посета на Белград.

Потсетувајќи дека во 2014 година навршуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна, Друцас додаде дека „многу проблеми на Балканот потекнуваат од 1914 година, а Грција смета дека е дојден момент ЕУ, како најголем мировен проект досега, да ја зголеми својата одговорност во овој дел на Европа и да им помогне на земјите од регионот во нивната европска интеграција“.

Нивната реална подршка: (лично ми се допаѓаат ваквите неандерталски постапки, само ги искористуваме ли доволно ? )

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас денеска заминува во посета на земји од Западен Балкан, за да ја поттикне нивната европска интеграција, се вели во соопштение на грчкото МНР.

Мини-турнејата на грчкиот дипломат по балканските земји започнува од Србија. Потоа тој ќе ги посети Црна Гора, Босна и Херцеговина и ќе заврши во Албанија.
Во Белград денеска Димитрис Друцас ќе биде примен од српскиот претседател Борис Тадиќ и ќе има средби со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ, а утре ќе присуствува на погребот на српскиот патријарх Павле.
Во Подгорица тој ќе има средби со црногорското политичко раководство, а потоа ќе ги посети Босна и Херцеговина. Средбите во Сараево ќе завршат во петок, а после тоа тој ќе ја посети и Тирана, која е последна станица од неговата турнеја.
- Балканот е со висок приоритет на грчката надворешна политика, а политичката цел за европската интеграција на земјите од регионот до 2014 година е смел, но достиглив пресврт, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи.

АЛООО БРИСЕЛ , ИМА ЛИ НЕКОЈ ? :pos2:
 
АЛООО БРИСЕЛ , ИМА ЛИ НЕКОЈ ?

Брисел,и парламентот се како нашата мега администрација....фрчи корупција,не ни требаат,а нека вршат притисок...џабе им е-имено македонија има повисоки приоритети.
 
Еве интересна вест. Браво поддржувачи на Македонија, од се срце ви благодариме на сите кои со големо срце ја согледувате и цените вистината.:smir:

Видеото не е цело во ред, меѓутоа и почетокот е доволен, се надевам ќе го видиме цело наскоро , со слика и тон.:wink:

http://89.205.123.41/video/makedonija/evropskite-parlamentarci-se-skaraa-za-makedonija

Употребата на името Македонија, беше причина за остра размена на реплики на синоќешната пленарна сесија на Европскиот парламент.

Се расправаше за Предлог резолуцијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан, Турција и Исланд, предложена од Надворешно-политичкиот одбор на Парламентот.
На грчкиот европратеник Николаос Салавракос, кој бараше од европратениците да не го употребуваат името Македонија, туку да се служат со привремената референца, остро му се спротистави германскиот европратеник Берндт Поселт.
- Македонија е Македонија и Македонија ќе си остане. Да се дискутира за ова, сигурно дека нема да и се помогне во ништо на соседната земја, рече поселт потсетувајќи на сличниот став на лидерот на европските Зелени Даниел Кохн-Бендит.
Како што јави радио Дојче веле - програма на македонски јазик, Поселт претходно побара да се ублажат формулациите во резолуцијата, во која има премногу обвинувања за Македонија кога станува за билатералните добрососедски односи, бидејќи според него, одговорноста не е само кај неа.
Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, германскиот европратеник Јорго Шацирмакакис, смета дека единствениот проблем за земјата е проблемот со името.
- Потребно е едноставно да се прескокне една сенка. Двете страни мислам дека се подготвени да одат чекор подалеку. Во петок на една петминутна средба на премиерите на двете земји нема да се успее да се реши целото прашање. Но, важна е целта, потребно е повеќе време за да се најде трајно решение. Во спротивно може да се најде избрзано решение кое ќе биде катастрофално на долгорочен план, порача Шацимаркакис. Потсети дека Европскиот парламент треба да помогне со охрабрување на двете страни да најдат трајно решение со широко поле на спроведување.
Претходно тој во изјава за Радио Дојче веле рече дека е најдено решението за името.
- Двете земји веќе го имаат најдено името. Но, неговото користење е тоа што создава проблеми. Но, со духот кој владее во моментот, мислам дека имаме можност да најдеме решение сега, изјави Шацимаркакис.
Пратениците во Европскиот парламент по синоќешната дебата денеска ќе гласаат за Предлог резолуцијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан, Турција и Исланд.
- Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија, се бара во резолуцијата.
Во документот, почетокот на преговорите не се условува со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција да ги интензивираат напорите за да го окончаат проблемот, бидејќи како што се посочува, можно е изнаоѓање заемно прифатливо решение.
 
Да и замисли сега како ќе се осеќаат тие во кои не именуваат со уставното име во ЕП,утре да им речеме дека сме го сменале името и да го користат новото.Кретенизам на квадрат е то.Грција си има проблем со нашето име,а не цел свет.
 
moeto licno mislenje e deka se tipuva (a se ocekuva i dobivka) na viznata liberalizacija.
toa ke bide ogromen ischekor napred od mnogu gledni tochki.ke padnat mnogu mitovi,zabludi i slicni sranja koi nekoj uporno ni gi prodava.
e posle toa mislam deka ke sledi time-out ( mislam na nadvoresnata politika-grcija i sporot so imeto), a nie ke prodolzime da glumime i prodavame (dobro se nadevam!) "konstruktivnost i pregovaranje".
mozebi laicka analiza no, se nadevam deka sum vo pravo :pipi:
 
Нели ни сервираат овде дека преговорите за името не се билатерални.
Европското собрание не сака да се спушти на нивото на 19 век и да ја подржи Грција, тоа се гледа од далеку.
Но нашата дипломатија наместо да се брани треба да нападне.
Да нападне со сите расположливи аргументи, од етничко чистење во последниве 150 години, до исчезнувања на цели села, кражба на имот, нерегистрација на малцинство итн ....
Напад е најдобра одбрана.
Спорот за името само тогаш ќе добие, СМИСЛА.
 
Нели ни сервираат овде дека преговорите за името не се билатерални.
Европското собрание не сака да се спушти на нивото на 19 век и да ја подржи Грција, тоа се гледа од далеку.
Но нашата дипломатија наместо да се брани треба да нападне.
Да нападне со сите расположливи аргументи, од етничко чистење во последниве 150 години, до исчезнувања на цели села, кражба на имот, нерегистрација на малцинство итн ....
Напад е најдобра одбрана.
Спорот за името само тогаш ќе добие, СМИСЛА.


многу паметен човек си ти. и јас така би играл......би собрал луѓе од форумов кои би ги побиле сите лаги на соседите,еве на ако не е така.....но кој не ферма нас
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom