Ако правиме вакви претпоставки, ако излезам на првото ќе заокружам не, на второто да. Ако не излагам, нема ништо да заокружам и на двете...така да, ова не менува ништо.Што мислите вие за тоа?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако правиме вакви претпоставки, ако излезам на првото ќе заокружам не, на второто да. Ако не излагам, нема ништо да заокружам и на двете...така да, ова не менува ништо.Што мислите вие за тоа?
Што е проблемот со нас Македонците ?
Зошто не се работи од внатре, зошто не седнат на една маса, невладините од Македонија, огранизациите на Македонците во соседството, дијаспората, зошто не се формира координативно тело кое ќе ги координира сите активности, тело кое ќе има една цел и многу активности за таа цел.
Овака бре луѓе како комарци сме, не тепаат на секое брмчење, неможеме да си ја кажеме маката а маката е голема.
Недопустливо е во светот да не се знае за македонскиот егзодус.
Да, си го знаеме ние локално тука, господ ќе ги казни, ние имаме друга работа.
Со пари се купува простор во најтиражни весници во Кина, Индија, Русија, Јапонија, Канада, САД, во сите поголеми центри, го издигаш прашањето на рамниште на почитување на човекови права, ја водиш водата во таа насока.
Замислите ако успееме да го интернационализираме проблемот и ако една Кина која е напаѓана поради Тибет го постави прашањето на ЕУ.
Какви се тие европски вредности ако вие не дозволувате на еден народ да си ја нарекува државата како што тој одрбал по сите меѓународни стандарди и норми и какви се тие европски вредности каде едно прашање на егзодус и кражба на имот во рамките на ЕУ, до денеска не е решен.
Како ќе се однесува ЕУ утредента ?
Понижено.
Па јас ги пратам тие ЕУ дипломати, они се оградуваат од овој проблем, за нив овој проблем во 21 век е банален и апсудрден, они постојано потенцираат дека проблемот е билатерален и дека стои на патот на Македонија за влез во ЕУ, ради механизмот вето.
Но има и други патишта.
Уште сме на ниво на селски задруги кои се собираат пред биртија и си галами меѓу себе за овој или оној без конкретни активности.
Ако успееме да си ја победиме малодушноста во себе, ќе мрднеме чекор напред, овака да си се спремаме за Северна Република Македонија, затоа што од внатре 95% од интелектуалците и експери по гомнојадење кои се 100% од времето во етерот и тој компромис го нудат како голема победа.
Проблемот е што во моментот кога би се формирало такво координативно тело, некои се би направиле да се растури истото. Одма ќе почнат подземни игри и завршена работа. Многу шпиуни има тука. Македонецот никогаш не е бил загрозен од друг туку од самиот себе.
Јас синоќа напишав една теорија во врска со "лавовската" борба на Тодор за името, но и покрај тоа што администраторот беше присутен и остави дискусијата после мојот пост да оди понатаму, најверојатно модераторот на своја рака си земал за право да го избрише, што не е ништо за изненадување бидејќи понекогаш вистината знае и да боли.Тодор Петров ако е Светски Македонски Конгрес нема да го собира народот како да пропаднала Железара и Газела, ТОА НЕ ДАВА РЕЗУЛАТАТИ.
Бев на протестот што се одржа на 20 во петок, не сум од Скопје, специјално за то одев и коа стигнав шо ќе видам, немаше ни 50 луѓе кои протестираа. Се добиваше впечаток дека цајкани има повеќе отколку луѓе што протстираат. Немаше еуфорија, повеќе народ одстрана гледаа ко да игра мечка оро. Е сеа нз кај беа оние што толку гласно се против промена на име. Разбирам дека повеќето имаат работа, ама беа само Петров и компанија, пензионери и по некој џеболебојадач ко мене.
Инаку протестот е планиран за на пладне дека тогаш работат овие од мисијата на ЕУ, а и ради медиумска прсутност ваљда. Ако некој мисли дека е боље да се одржи навечер, насабајле еве може да му јави на Петров и нека се помисли и на таа варијанта.