ВК "Орки" во знак на петгодишнината од својата успешна работа најавува меѓународен ватерполо турнир на кој во план е гостување на ВК "Триглав" од Словенија, ВК "Галатасарај" од Турција и ВК "Ниш" од Србија и тоа само за генерација '90 годиште, а терминот за одржување на турнирот ќе биде кон крајот на месецов.
Сето ова засега е само една од можностите за одбележување на еден период во кој клубот успешно опстојува. Сепак, до конечната реализација на оваа идеја, која е за поздравување, треба уште работа. Подетални информации ќе се знаат за некој ден.