Ватерполото во Македонија - македонска ватерполо лига

  • Креатор на темата Креатор на темата kLiNkA
  • Време на започнување Време на започнување

Najdobra vaterpolo ekipa vo mak liga

  • Вкупно гласачи
    30
zarem ima makedonska vaterpolo liga??:toe:
ps.vaterpoloto e mnogu ubav sport,sum imal sansa da ja sledam grckata vaterpolo liga bidejki mojot bratuced igra tamu.a mene mi e super ovoj sport bidejki igram rakomet i kombinirano so plivanje super samo neame sansa kaj nas da se zapoznaeme poubavo so ovoj sport osven kako so mozam da vidam skopjanite
 
abe lugje ja treniram u vardar ama vise vaterpoloto kaj nas se raspagja!nema bazeni a koga i gi ima uslovite se nikakvi!ne se znae vise so ke bide so bazenive ama toa e pozz
 
Jas treniram plivanje i momentalno nemame bazen-Olimpiski e pretvoren vo noken klub,a Karpos......pfffffff,ne znam so da kazam za tamu.
 
Моментално македонската сениорска ватерполо репрезентација се наоѓа во Одензе, Данска каде што ќе ги одигра квалификациите за Европскотото Б Првенство.Нашите репрезентативци вчера го одиграа првиот меч против Чешка во 19 часот, но сеуште немаме информација за конечниот епилог.Денес се среќаваме со Белгија во 15 часот, а утре со Данска во 12 часот....за подетални информации подоцна :helou:
 
Македонија - Чешка 11 - 7...види ги ти старциве тепале еј..БРАВО!Со ова шансите за пласман на ЕП во Б Дивизија ни се на највисоко ниво :zlo:
 
abe muki bil mnogu dobar osoben u 4 cetvrtina neno dal 9 gola semso 1 i srbite bile dobri za drugite ne znam ama razlika napraile posledn cetvrtina
 
Пред некое време Орки се смени во Работнички, пак остана Орки ама само со неколку деца(малишана) и бившиот директор Нено
 
Македонија се пласираше на Еврпоското Првенство во ватерполо во Б дивизијата.Ова ЕП ќе се одржи во Манчестер и ќе започне на 8 јули.По поразот во второто коло од белгија со 10-8, нашата репрезентација успеа да се пласира на ЕП благодарејќи на победата над домаќинот Данска со 12-8 во последното трето коло.Навистина честитки за нашите ватерполисти со оглед на тоа дека во 2007 година континуирано имаа услови за тренинзи околу 2 недели.Секоја чест и се надевам дека во Манчестер ќе се покажеме во надобро светло. :salut:
 
АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ - ВАТЕРПОЛИСТИТЕ БЕА ПРИМЕНИ ВО АМС

Подготовки со финансиска помош од АМС

Успешно минатите квалификации во Данска и пласманот на нашата ватерполо селекција на "Б" ЕП закажан за 8 јули во Манчестер во спортската јавност беше примено со воодушевување. Кон честитките се приклучи и Агенцијата за млади и спорт, како највисока државна институција од областа на спортот во Македонија, која вчера организираше средба во таа насока, по што следеше соопштение за јавноста.

"Агенцијата за млади и спорт, а сигурно и сите вљубеници во спортот од Македонија, е задоволна од продолжувањето на успешните резултати на екипните спортови во Македонија, во новата година.

По тој повод сака да го поздрави, но и поддржи најновиот голем успех на македонската сениорска ватерполо репрезентација, која во Данска ги мина квалификациите за пласман во завршницата на "Б" европското првенство во Манчестер, на 8 јули.

Имено, денеска, во просториите на Агенцијата беше примена репрезентацијата и покрај честитките за несомнено еден од најголемите успеси во ватерполото во Македонија, беше ветена и финансиска помош во однос на подготовките и реализацијата на настапот на "Б" европското првенство во Манчестер. Потенцирана беше и храбрата игра на нашите репрезентативци кои посебно со победата во последниот меч кога покрај домаќинот Данска како противници ги имале и судиите, го покажаа новиот менталитет на спортистите од Македонија, кои од сега натаму веќе нема да се надеваат на нерешени резултати и тесни порази туку решително и ценејќи си го својот квалитет пред с$ ќе атакуваат секогаш на победа, без посебен респект кон ниеден противник.

Агенцијата со овој потег продолжува да го поддржува развојот на сите спортови во Македонија не фаворизирајќи ниеден посебно, а особено се радува на меѓународните успеси кои покрај подобрување на спортскиот рејтинг на спортовите и Македонија воопшто, вршат и несомнена афирмација на државата, која с$ повеќе наидува на респект од другите земји од светот", се вели во известувањето од АМС.
 
Денеска се одигра второто коло на СП во ватерполо во Мелбурн, Австралија.Во ова коло немаше изненадувања и фаворитите ги опоравдааа очекувањата.Поинтересни среби беа натпреварите помеѓу Србија - Италија 6-3, Хрватска - Австралија 10-9 и Шпанија - Русија 12-8.Од овие три поинтересни средби само Хрватите имаа проблеми со силно мотивираните Австралијанци и мораа во финишот да стравуваат за својата победа.

Следното коло на програмата е на 24 март во сабота.
 
Ѕвер напиша:

Хрватска многу тесно ги тепале бе абе вака така Србија ми се фаворити мене па сеа ке видиме:toe:
 
Од утре до 13 мај во базенот Карпош ќе се одржи квалификацискиот турнир за Младинското Европско Првенство.Иако Пливачката Федерација е во криза сепак со крајни напори се обидува што покоректно да го организира ова силно натпреварување.Покрај нашата репрезетација пат до Европското Првенство преку Скопје ќе бараат и Црна Гора, Турција, Русија, Чешка и Бугарија.Инаку утрешниот меч помеѓу Македонија и Бугарија ќе биде пренесуван на Македонската Телевизија со почеток од 17 часот.Еве го распоредот на мечевите на нашата репрезентација:

10.5.2007 Македонија - Бугарија 17 часот

11.5.2007 Македонија Чешка 09:30 часот

11.5.2007 Македонија - Русија 20 часот

12.5.2007 Македонија - Црна Гора 19 часот

13.5.2007 Македонија - Турција 11 часот
 
zavrsivme 4-ti so 2 pobedi :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom