Eвролига 2009/2010 - Барселона шампион!

Грешка....
ЦСКА во четвртфинале игра со Каха Лаборал!!!!!!
Имаат исто победи како Химки,исто се тепаа у меѓусебните утакмици ,Каха Лаборал има -5 кош разлика,Химки -11 и затоа Химки испадна.
 
Regal Barcelona vs. Real Madrid
68-61

Maccabi Electra vs. Partizan
77-85

CSKA Moscow vs. Caja Laboral
86-63

Olympiacos vs. Asseco Prokom
83-79


Барса пак потврди дека е најголем кандидат за тронот. Со очаен шут од поле, најлоша игра дома оваа година, немање на многу расположени за игра, успеаа да го победат Реал кој не е наивна екипа. Серијава може слободно да иде у 5 утакмици на што многу се надевам и желно очекувам.

Макаби како што реков пред месец дена се покажа како индијанска екипа. Класика НБА момент е да водиш 20 разлика, а на крај глатко да изгубиш. Изразити фаворити беа у дуелов и добро отворија, ран енд ган кошарка карактеристична за нив во последните 20 години. Како изговор Гершон го користи тоа што буџетот им е намален од 25 на 18 милиони евра:lud: ...
Партизан стандардно на својата задача. Тимска кошарка,жртва за колективот и голема срчаност. Кецман со утакмицата на животот, 7 од 9 за три. Исто така забележителни Мариќ,Бо и Робертс со тројките кога се кршеше резултатот.
Во голема предност се, нареднава стартуваат опуштено и без императив за победа додека Макаби ќе мора да брка резултат. Кој како ќе се снајде ќе видиме у преносот на А2, па после тоа или дополнително ќе се закомпликува или пак ККП ќе иде назад дома со 2-0.



На ЦСКА им се погоди лесна група оваа година, им се погоди лесен противник у 1/4 и мислам дека на Ф4 одат сигурно. Сепак, и шпанците се океј екипа и мислам дека еднаш ќе успеат да ги добијат.

Проком покрај Партизан е најголемото изненадување оваа година. Ако им се погледне составот ќе се види дека тоа е доста солидна екипа, а со оглед на тоа дека минатата година у Полска беше ЕП и не треба да чуди дека пољаците доста вложуваат во баскетот.
Егал утакмица со Олимпијакос, иако сепак на крајот победи искуството и рејтингот.
Очекувам уште понеизвесно да е у наредните утакмици, посебно на тие во Полска.
 
Завршија и четвртфиналињата.

Полуфиналињата на Ф4 ќе изгледаат:
Партизан - Олимпијакос
ЦСКА - Барселона


Неблагодарно е да се прогнозира било што овде затоа што се може да се деси, али сепак како фаворити во дуелите се издвојуваат Олимпијакос и Барселона.
По досегашната игра во текот на целата сезона Барселона е главен фаворит за шампион.
Ама, не успеваат секогаш фаворитите на хартија да бидат и конечните победници.


Ф4 во Париз од 7 до 9-ти мај ... сала Берси . . . стеј тјунд ...
 
Ке има на некоја телевизија пренос?!
 
Ајде, фала богу дојде и викендов пун со спорт и јаки утакмици.

Утре почнува.
Од 18.00 ЦСКА - Барселона, од 20.00 Партизан - Олимпијакос.
 
Вечер значи за Грциве ќе навијаме.:vozbud::vozbud:
 
Добро прво полувреме,во второ само рутинирано и ФИНАЛЕ!
 
Многу слаба игра... и од Барселона и од ЦСКА.. до 30 коша не се стигнати на полувреме.. аман бе :) одамна не сум гледал ваква утакмица...

Колку и да навивам за Барселона... прво сакам Партизан да помине полуфинале... и сакам да го освои финалето :) кратко и јасно :) :smir:
 
ФиналеBARÇA

Во финалето ги сакам Партизан,не за друго,полесен противник.:tv:
 
Преносов Партизан-Олимпијакос ќе го префрлеле на А1,а јас само А2 фаќам.Да видам сега на некоја друга програма да барам.:nerv:
 
Ајде гробарчиња вечер да го :pusk:
 
:vozbud::vozbud:
Едната екипа ми влезе во финале. Ајде сега и Партизан, па колку и да сум за барса сакам Партизан да освои:)
 
:vozbud::vozbud:
Едната екипа ми влезе во финале. Ајде сега и Партизан, па колку и да сум за барса сакам Партизан да освои:)

Знам, те сфаќам. Ти на Парањаизан гледаш како на хендикепирана екипа која гзлачки се провлече до фајнл фор па од сожалување им посакуаш успех. :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom