Regal Barcelona vs. Real Madrid
68-61
Maccabi Electra vs. Partizan
77-85
CSKA Moscow vs. Caja Laboral
86-63
Olympiacos vs. Asseco Prokom
83-79
Барса пак потврди дека е најголем кандидат за тронот. Со очаен шут од поле, најлоша игра дома оваа година, немање на многу расположени за игра, успеаа да го победат Реал кој не е наивна екипа. Серијава може слободно да иде у 5 утакмици на што многу се надевам и желно очекувам.
Макаби како што реков пред месец дена се покажа како индијанска екипа. Класика НБА момент е да водиш 20 разлика, а на крај глатко да изгубиш. Изразити фаворити беа у дуелов и добро отворија, ран енд ган кошарка карактеристична за нив во последните 20 години. Како изговор Гершон го користи тоа што буџетот им е намален од 25 на 18 милиони евра:lud: ...
Партизан стандардно на својата задача. Тимска кошарка,жртва за колективот и голема срчаност. Кецман со утакмицата на животот, 7 од 9 за три. Исто така забележителни Мариќ,Бо и Робертс со тројките кога се кршеше резултатот.
Во голема предност се, нареднава стартуваат опуштено и без императив за победа додека Макаби ќе мора да брка резултат. Кој како ќе се снајде ќе видиме у преносот на А2, па после тоа или дополнително ќе се закомпликува или пак ККП ќе иде назад дома со 2-0.
На ЦСКА им се погоди лесна група оваа година, им се погоди лесен противник у 1/4 и мислам дека на Ф4 одат сигурно. Сепак, и шпанците се океј екипа и мислам дека еднаш ќе успеат да ги добијат.
Проком покрај Партизан е најголемото изненадување оваа година. Ако им се погледне составот ќе се види дека тоа е доста солидна екипа, а со оглед на тоа дека минатата година у Полска беше ЕП и не треба да чуди дека пољаците доста вложуваат во баскетот.
Егал утакмица со Олимпијакос, иако сепак на крајот победи искуството и рејтингот.
Очекувам уште понеизвесно да е у наредните утакмици, посебно на тие во Полска.