Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ние кога се возевме (на екскурзија бевме таму) бевме околу 80 души...
 
Бог да ги прости хорицата.Нај жално ми е за децата.Дано ако има виновни да си понесат отговорноста и да не се замаже работата.
 
функционира, рекламите на владата на ТВ.
страшно е ова ...
Тоа така ли го тресна или на муабет да се најдеш?!
Државата си нема врска со тоа, лучката капетанија треба да ги врши тие прегледи и да дава дозволи а не тие бродови да пловат без никаква проверка.
Жално е за луѓето кои што се удавиле без разлика од кај доаѓаат, нека почиваат во мир!
 
Претседателот Иванов денеска ги прекина своите редовни обврски и замина во Охрид на местото на несреќата. Според информациите на А1 од кабинетот на претседателот велат дека тој попладнево ќе му се јави на бугарскиот претседател Георги Прванов.
Иако сеуште не се потврдуваат информациите дека на бродот „Илинден“ имало бугарски државјани, медиумите во Бугарија веќе јавуваат за нивни жртви.
Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охрид
Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охридското езеро во која, според првичните сознанија, повеќе од десет лица го загубија животот.
Кон Охрид попладнево се упатија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за здравство Бујар Османи.
На местото на несреќата се очекува да пристигне и министерот за одбрана Зоран Коњановски, јави МИА.
Десетина лица настрадаа денеска кога туристичкиот брод „Илинден“ се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. Бродот, според неофицијални информации превезувал група од педесетина туристи од Бугарија.
 
Министерот Зоран Коњановски беше во Ресен пред нецели 3 часа, па веројатно веќе и е на местото на настанот.
 
Ти си се нашол некогаш на сред езеро кога има бранови? Или дали воопшто си го видел Охридско езеро кога е разбрането какво е?

200-300 метри од брегот. Како и да е, најверојатно причината е претовар. Кој е виновен нека одговара за тоа, луѓето си загинаа...
 
Охридската јавност деновиве ја вознемири веста за уште една трагедија во водите на Охридското Езеро. Едно лице загина, а три други се повредени, од кои едно потешко, во судир на два глисери што се случи саботата навечер на околу 300 метри од брегот.

Последната несреќа уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста на водниот сообраќај на Охридското Езеро, каде бројот на пловни објекти во последните неколку години осетно е зголемен. Се проценува дека нив во моментов ги има над 2500 (регистрирани), од што околу 200 се брзи глисери, а голем е бројот на скутери. Неодамна токму скутерите беа на тапет, откако по два инциденти кои завршија со полесни повреди на учесниците, на предлог на охридската Капетанија, Владата донесе времена забрана за пловидба на скутерите во периодот од 11 до 18 часот. Таа беше симната на 20 август. Два дена подоцна се случи фаталната несреќа помеѓу два глисери.

Но, дали забраната за пловидба на скутерите имаше некакво влијание врз подобрување на безбедноста на Охридското Езеро, или тоа беше само уште една рефлексна реакција во немоќ да се воведе ред во езерските води. Ќе се забрани ли сега пловидбата на глисери? Пред два дена имаше судир на автомобил и камион кај Ново село, ќе се забранат ли автомобилите? Веројатно е непотребно да се одговари на ваквите ступидни прашања, но секако треба многу поодговорно да им се пристапи на проблемите. Несреќи се случувале и ќе се случуваат. Дали последната во водите на Охридското Езеро можела да биде избегната одговорот ќе го даде истрагата. Но, очигледно е дека безбедноста на Охридското Езеро не се постигнува само со репресивни и рестриктивни мерки. Многу позначајно е какви знаења и практични искуства имаат тие кои ги управуваат пловните објекти. Дали пловните објекти се соодветно обележани и осветлени за ноќна пловидба? Дали ги исполнуваат сите безбедносни стандарди? Ги почитуваат ли правилата и прописите? Дали Капетанијата и полицијата вршат контрола на учесниците во водниот сообраќај? Им се врши ли алко тест на управувачите со пловни објекти? ...

Веројатно има уште многу дали, како, што, но неколку заслужуваат подлабока анализа. Постои ли стручна експертиза колку пловни објекти можат да безбедно да пловат на Охридското Езеро и дали во иста зона можат да се движат лимени кајчиња со бавни пенти, робусните бродови и брзите глисери, скутери и други чамци? Уште колку пловни објекти може да прими езерото кое нема ниту марина, ниту бензинска пумпа, па така горивото се точи рачно, малку во чамец, малку во вода, а пловните објекти се чуваат во импровизирани паркиралишта изградени на јавна површина или на суво по целата должина на Охридското Езеро.

Повеќе од очигледно е дека е потребно да се воспостави ред во Охридското Езеро, да се заострат критериумите за пловидба и за добивање дозвола за управување со чамец и пред се да се зголеми безбедноста. Туризам не се само јахти, брзи глисери и скутери, туку и безбедно езеро, уреден воден сообраќај и сообраќајна култура. Не треба да се забрануваат глисерите, скутерите и другите пловни објекти, туку треба да се создадат услови тие безбедно да пловат по Охридското Езеро, учесниците да ги почитуваат законите и правилата, а надлежните да ги спроведуваат. Последниот инцидент во водите на Охридското Езеро го отвора и прашањето на одговорност за хаосот во водниот сообраќај и сериозно опоменува дека нешто треба итно да се преземе за да се надмине таквата состојба.

Горан Момироски

Извор: www.ohridnews.com

 
Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро. Велат дека виделе како бродот се поделил на два дела и потонал за неколку секунди. woooow
 
Нека почиваат во мир.Сочуство до нивните семјества...Страшно...:(:(:(
 
Софија. Минист'р-председателјат Бојко Борисов е разпоредил правителственијат самолет да излети незабавно за Охрид, за да прибере оцелелите б'лгарски туристи, преживели инцидента с македонскија кораб Илинден в'в водите на Охридското езеро.
„Проведох разговори с македонскија премиер Никола Груевски, за да б'де оказана максимална помошт на пострадалите. Разпоредих на правителственијат самолет да излети за Охрид и да прибере оцелелите туристи. За Охрид ште замине и заместник-минист'ра на в'ншните работи Марин Рајков. За Охрид п'тува и временно управлјаваштија посолството на Б'лгарија в Скопие.” – зајави за Агенција “Фокус” минист'р-председателјат Бојко Борисов.
Премиер'т уточни, че се намира в постојанна вр'зка с президента Георги П'рванов и ште уточнјат дали ден за траур ште б'де објавен утре на на празника на С'единението на Б'лгарија или в понеделник.

Извинјавам се за б'лгарскија език но се надјавам езичното правило по днес и поне на тази тема да не важи.Само си представете колко хора които има в момента роднини в Охрис барат по интернет да научат нешто
 
На пазар 3 вика дека бродот има капацитет од 50 патници, а денеска 17 загинати, 53 извлечени, неофицијално.Бродот бил пренакрцан, преполнет и за тоа може да е крив само капетанот, и никој друг.Ете од алчност што станало
 
Жално , сигурно имало и мали деца и старци кои неможеле да пливаат и бродот кога потонал ги повлекол надолу.
 
Претоварен бил и ете несреќа... Што повеќе да се начукааат луѓе .... Што повеќе пари да се земат ... Да може и на глава да седат битно Охриѓани среќни и задоволни плодна сезона...Срамотилаци ....
 
И после туризам ќе праиме и ќе се чукаме по глава зошто не доаѓале!?

- Абе ич не треба да дојдат, ама баш ич...

Да ти е*ам државата...

Греота за луѓето...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom