Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи прво, треба да се види причината за превртувањето...дали езерото било разбрането можеби....што се случило, пред да почнете да обвинувате дали нешто во државата функционира или не.

Колку разбрането може да е Охридското Езеро, па не е Тихи Океан. Како и да е со тоа што го реков не мислев да обвинувам никого, туку само го искажав стекнатиот впечаток после сите овие несреќи. Воведоа забрана за скутери и глисери, другиот ден се случи несреќата. Не знам дали има механизми за контрола таму, ако има очигледно не функционираат.
 
не е ова да се коментира со коментари од типот ова не е напраено или сакаме елитен ама нема...за ова треба да лежат некој од локалната и од власта!

пред две недели со глисери се преполовија пред тоа со скутери се изчукаа...

и власта е крива за тие шо се отепаа со глисерите и за бродов? :tapp:
не ја забегуј темава ...

крив си е сопственикот кој највероватно никакви прегледи не правел ни пак поправки ... кој гледал да го изгура летово со екстра профит ....
крив е и некој у капетанијата кој му издал дозвола и лапнал пари или што и да издаваат ... вероватно годишно нешто како Атест се прави ...
жално у пм .. жално ...
 
Да потоне брод на 200-300 метри оддалеченост од брегот и тоа во ЕЗЕРО, не е никој крив освен самиот сопственик на бродот. Мора да е бил дотраен, без никаков преглед во години. А изгледа сите жртви се бугари. Иронична ми трагедијава малце...
 
Колку разбрането може да е Охридското Езеро, па не е Тихи Океан. Како и да е со тоа што го реков не мислев да обвинувам никого, туку само го искажав стекнатиот впечаток после сите овие несреќи. Воведоа забрана за скутери и глисери, другиот ден се случи несреќата. Не знам дали има механизми за контрола таму, ако има очигледно не функционираат.

ти знаеш кај се случи несреќата и за каде важи забраната??
или колку да се каже нешто ?:tapp:
 
Kaко така се превртил?! хаха
Македонска работа!
Греота за луѓето! :(
 
ти знаеш кај се случи несреќата и за каде важи забраната??
или колку да се каже нешто ?:tapp:

ОК нејќам да дебатирам на ваква тема, ќе преќутам. Навистина жално, нека почиваат во мир.
 
Да сега читам на а1.Сочуство до семејствата на настраданите..


Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи сеуште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 12 мртви тела.
Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.
Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“, јави МИА.
Неофицијално во него имало група од педесетина туристи од Бугарија.
Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив.
Сеуште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113363
 
и власта е крива за тие шо се отепаа со глисерите и за бродов? :tapp:
не ја забегуј темава ...

крив си е сопственикот кој највероватно никакви прегледи не правел ни пак поправки ... кој гледал да го изгура летово со екстра профит ....
крив е и некој у капетанијата кој му издал дозвола и лапнал пари или што и да издаваат ... вероватно годишно нешто како Атест се прави ...
жално у пм .. жално ...

колку шо знам езероно не е уште под концесија дадено па државата т.е извршната власт ја има сета извршна моќ над сите собраќајни објекти на површините од тоа езеро.

голем дел од бродовите шо пловат на охридско се речни...донесени од дунав за време на бивша...тие бродови со шипки и метални плочи ги прилагодија за да стават шанкче и столчинја и така ги направат пловни кафичи...никој не направи технички преглед дали карлицата на бродот е за езерски бранови...

два од нив да не ги спомнувам имаат рамен речен под и при стрмец (северозападен ветер...претежно после ручек дува) мораат да пловат со кривини да не се отпревртат.

и кај беше власта тука?
 
Веста е објавена сега и на бугарски сајт, за ова треба казни јас сум сигурен дека бродот не бил исправен како што треба како и неколку други кои се на пристаништето.

Ship with Bulgarian Tourists Aboard Sinks in Ohrid Lake, 5 Dead

bulgariash.jpg


A Macedonia-flagged ship, carrying tourists, most of whom Bulgarians, has sunk on Saturday in the Ohrid lake, the Macedonian agency MIA reported.

At least five people have died, according to initial unofficial information.

http://www.novinite.com/view_news.php?id=107510
 
60e41e2f-827f-4025-bc6d-eff732b38426.jpg



Овај е тој брод иначе. Страшно нешто никогаш не ни помислував дека вакво нешто ќе се деси на Охридско езеро.

Сочуство до семејствата
 
Не е Илинден за возење, не е! Од сигурни извори знам дека и возачот на бродот бил неискусен! Нека почиваат во мир, џабе се препуцавате чија е одговорноста, луѓето си заминаја.
 
НАЈНОВА ВЕСТ

Како што дознава Мегастар засега се идентификувани 17 мртви и поголем број повредени. Неофицијално во мртвите и повредените имало и деца.
На местото на несреќата во моментов сеуште работат спасувачките екипи, а на брегот пред кривината кај Елшани се извлекуваат мртвите и повредените. Голема група граѓани стои на брегот и немо ја набљудува ситуацијата.
Според очевидците кои тонењето на бродот Илинден го гледале непосредно од палубата на бродот Александрија, бродот потонал за релативно кратко време, се слушнале силни татнежи од бродот по што врз луѓето кои се возеле на палубата се урнала тендата од бродот. Коија ги поклопила. И неколку мигови после тоа, бродот го проголтала водата.
Министрите Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Лазар Коњаноски и Бујар Османи тргнале од Скопје за Охрид за да дојдат на лице место каде што се случи несреќата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom