On.net WADSL интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
_|Sp|DeR|_ напиша:
Адсл-от(Макс) оди до 100 килобајти во секунда...:star: ...јас имам таков интернет ретко накачува до толку ама пак оди....а се чудам компјутерот дали има врска со брзината на интернетот ако е слаб дека мојот компјутер е заостанат
Баш ме интересира како ја мериш брзината... Максималната брзина на Max ADSL e 512/128, и овие податоци се од официјалната страна.

Значи:
MAX ADSL (by mt.net) = до 512 Kbps. (4 GB трансфер)
WADSL (by on.net) = до 768 kbps. (8 GB трансфер)

Ко

Ќе ми објасниш како со 512 Kbps можеш да download-ираш со 100KB/s?

Претпоставувам дека гледаш (мериш) според прозорчето на самиот броусер, а тоа е најнеточниот начин. Јас на пример, откако ќе кликнам Save Link As, ако почекам 10-тина секунди пред да ја изберам саканата локација кај што треба да ми се симне фајлот, почнува да им иде download-от и со 2000KB/s.

Значи, прати го download-от преку некој Firewall (или некој програм наменет за тоа), или тестирај си ја брзината на некоја од страните наменети за тоа, како http://testmy.net

ilefx напиша:
20 GB СЕ ДОВОЛНО 8 СЕПАК Е МАЛКУ
Зависи за што. Исто зависи и со каков квалитет е порното што го даунлоадираш деноноќно.
Јас во текот на денот отварам барем 100 различни вебстрани и прегледувам уште толку видео клипови и фотографии, па повеќе од 5 гига не надминувам...

Значи се зависи од намената.
 
Рeалната брзина на директен download не се мери на датотеки што се големи по 200-300 килобајти. :) Пуштете некоја поголема датотека (барем 10 мегабајти) од некој брз сервер и видете реално на колку ќе се стабилизира брзината. Инаку ако сакате брз сервер со датотеки од по 15-16 мегабајти одете на овој линк*

*Датотеките се firmware за рутери и серверот им е доста брз, значи реално може да се провери брзината.
 
Топка напиша:
Леле како лажеш - СУШИШ! :nerv:
...Топка не се нервирај толку....ти имаш кабловски интернет и затоа цело време се караш дека тој бил сто пати подобар кога нема ништо подобро....а ацид ама баш ич не те сватив сега....сакаше да кажеш дека оди побавно или побрзо со макс адсл?На почетокот од доналдирањето никогаш не ми ошол повеќе од 1000 килобајти а по десет секунди ми оди од 30-70 во зависност од колку програми имам отворено....и патем каков интернет имаш?
 
Мешате баби и жаби. Има разлика помеѓу kbps (kilobits per second) и kb/s (kilobytes per second). Значи ADSL Max брзината му е 512 kbps или во идеални услови тоа би било 512 kbps / 8 = 64 kb/s. Секое почнување на download трга многу брзо ама таа не е реалната брзина, значи може да почне со 1 mb/s и доколку е датотеката 50-100 Kb ќе ја симне одма. Значи пушти поголема датотека (2-3 mb) и види на колку ќе ти падне брзината и на колку ќе стои пред да заврши симнувањето.
 
н'ц....јас бар не мешам баби и жаби...викам од 30-70 ми доналдира ама понекојпат ако имам многу отворени програми и мсн и скајп и јаху месенџер е тогаш паѓа и на 10 килобајти....инаку тоа 100 килобајти значеше за почетната брзина
 
vardarce напиша:
Мешате баби и жаби. Има разлика помеѓу kbps (kilobits per second) и kb/s (kilobytes per second). Значи ADSL Max брзината му е 512 kbps или во идеални услови тоа би било 512 kbps / 8 = 64 kb/s. Секое почнување на download трга многу брзо ама таа не е реалната брзина, значи може да почне со 1 mb/s и доколку е датотеката 50-100 Kb ќе ја симне одма. Значи пушти поголема датотека (2-3 mb) и види на колку ќе ти падне брзината и на колку ќе стои пред да заврши симнувањето.
Ти мешаш злато. b(бит) не исто што и В(бајт). Па, ќе ја поправам твојата порака.
vardarce (поправено од Топка) напиша:
Мешате баби и жаби. Има разлика помеѓу kbps (kilobits per second) и КВ/s (kilobytes per second). Значи ADSL Max брзината му е 512 kbps или во идеални услови тоа би било 512 kbps / 8 = 64 КВ/s. Секое почнување на download трга многу брзо ама таа не е реалната брзина, значи може да почне со 1 МВ/s и доколку е датотеката 50-100 Kb ќе ја симне одма. Значи пушти поголема датотека (2-3 МВ) и види на колку ќе ти падне брзината и на колку ќе стои пред да заврши симнувањето.

Што се однесува до коментарот на Спајдер, немам ништо против АДСЛ-от. И јас го користев пред да ставам кабловски.

П.С Ете, уште една грешка сум заборавил да ја поправам.
 
Да ама кабловскиот го сметаш како цар и како 10 пати подобар од адсл-от
 
_|Sp|DeR|_ напиша:
Да ама кабловскиот го сметаш како цар и како 10 пати подобар од адсл-от
Велам, подобар е затоа што сум ги користел и двата. ДА бев на твое место (со само еден пробан) ќе си ќутев.
 
Топка напиша:
Ти мешаш злато. b(бит) не исто што и В(бајт). Па, ќе ја поправам твојата порака.

Е добро де шо кажа сеа ти со постов? Ај препрочитај се пак и види тоа што си го повлеков црвено.
 
vardarce напиша:
Е добро де шо кажа сеа ти со постов? Ај препрочитај се пак и види тоа што си го повлеков црвено.
Тоа што јас го подвлеков со црвено се разликува од тоа што ти си го напишал. И тоа многу!
 
Дете ти го прочита ли мојот пост и што сакав јас со него да објаснам? Сакаш уште еднаш подетално да пишам или да ти нацртам за да го сватиш?
 
Топка напиша:
Велам, подобар е затоа што сум ги користел и двата. ДА бев на твое место (со само еден пробан) ќе си ќутев.

Eпа и јас сум ги пробал двата и на двата работам....како да не сум ти кажал во школото кој го користам?
 
vardarce напиша:
Дете ти го прочита ли мојот пост и што сакав јас со него да објаснам? Сакаш уште еднаш подетално да пишам или да ти нацртам за да го сватиш?
Јас сфатив што сакаше да кажеш, но не мораше да напоменуваш дека некој меша баби и жаби. Ако некој меша, во случајов, тоа си ти.
 
Вардарче,Топка сака да ти каже дека КВ не е исто со kb....
инаку за интернетот ај кажи ми што гледаш подобро во кабловскиот?
 
Acid напиша:
MAX ADSL (by mt.net) = до 512 Kbps. (4 GB трансфер)
WADSL (by on.net) = до 768 kbps. (8 GB трансфер)
Ова не е точно. За WiFi-то пишува дека има загарантирана брзина од 512kbps и повеќе и тоа е точно. Мене брзината ми иде во просек 768kbps, а сите што ми кажувале за WADSL викаат дека иде отприлика 1mbps. Пишува дека загарантираната брзина е 768kbps, а иде и повеќе. Точно е и ова.
Значи Он.Нет брзината што ја пишуваат ти ја кажуваат како минимална загарантирана брзина, а не максимална како што е случајот со ADSL-от. Кај ADSL-от многу убаво пишува дека максималната брзина е 512kbps, а тоа не значи дека и треба нон-стоп да е таа брзина. И да ви даваат отприлика 300kbps они не го прекршуваат договорот зошто нигде не пушува која брзина е загарантирана.
:kajg:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom