Ми се има десено на погрешно место во погрешно време,ама горе-доле сум успевал баланс да направам.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали некогаш сте запознале личност која била баш по ваш вкус, најблиску до она што сте го сакале од секогаш, но тајмингот т.е времето да е тотално погрешно?
Или на пример сте имале ли врска која кога би била во некое друго, „подобро време„ би успеала, а во времето во кое е врската пукнала и не успеала?
Имам другари кои откако раскинале изјавиле: Е, да ја запознаев малку порано/подоцна, друго ќе беше...
Дали навистина некогаш тајмингот е пресуден за опстанокот или започнувањето на врска?
Не постои такво нешто како „погрешно време“. Постои само вистинска заинтересираност и незаинтересираност за некого. Ако некој ти се допаѓа и сакаш да бидеш со него, ако ти одговара како партнер, не постои нешто што ќе те спречи да градиш врска со него. Во какви и да се наоѓаш проблеми, личноста која ти одговара ќе ти биде поткрепа, ќе ти биде тука да ги оттргнеш мислите од глупостите кои ти се случуваат, ќе споделиш ако сакаш, ќе се насмееш и ќе си поплачеш ако ти дојде. Личност која ја сакаш никогаш не може да ти претставува дополнителен проблем за да ја тргнеш од себе со изговор дека лош е тајмингот.
И за ова истото важи. Добро време за секоја врска е времето во кое почнала. Ако тогаш не успее, според мене, не би успеала и во некои наводно подобри времиња. Добро време е секогаш - ако се работи за човек кој ти одговара и ти е на место.
Се` друго е изговор да не бидеш со таа личност.