Погрешно време?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некогаш сте запознале личност која била баш по ваш вкус, најблиску до она што сте го сакале од секогаш, но тајмингот т.е времето да е тотално погрешно?

Или на пример сте имале ли врска која кога би била во некое друго, „подобро време„ би успеала, а во времето во кое е врската пукнала и не успеала?

Имам другари кои откако раскинале изјавиле: Е, да ја запознаев малку порано/подоцна, друго ќе беше...

Дали навистина некогаш тајмингот е пресуден за опстанокот или започнувањето на врска?
глупаво прашање,без навреда

прво :ние не знаеме што ќе се случува ако било поинаку, ако се случило покасно или порано дали било пред некој настан и потоа,не сме видовити а ниту пак имаме контакт со паралелни реалности да видиме што би било ако би било.

Иако редовно прашање поставено од било кое човечко сусштество.
Сепак се е лекција што треба да се научи .
Луѓето се менуваат дали ти или некој друг .
Исто така и вкусот и типовите на луѓе се менуваат со тек на времето
а и за која се каеме дадената личност исто така .
Што и да се случило се случило минатото и така ќе остане каењето нема да го смени тоа е само на крај е прашањето дали пак ќе ја повториме истата грешка или не .
не гледајте назад гледајте сега околу себе и напред во иднината а се друго е само лекција која не треба да се заборави за да не повторуваме пак истото одделение
 
Мислам дека "тапа тајминг" е исклучено како можност кога среќаваш некој кој е стварно по твој вкус. Општо познато е дека некој/а стварно по ваш вкус не се среќава често, така што, дури и да сте самошто излезени од врска или на било каков начин "неподготвени за врска", ќе се фатите за орото.

Обично оправданието "Лош тајминг е, извини" значи "Грд/а си / Не си мој тип".

Aко веќе ги разгледуваме сите опции, тапа тајминг е ако заминува човекот од државата.
 
Мислам дека "тапа тајминг" е исклучено како можност кога среќаваш некој кој е стварно по твој вкус. Општо познато е дека некој/а стварно по ваш вкус не се среќава често, така што, дури и да сте самошто излезени од врска или на било каков начин "неподготвени за врска", ќе се фатите за орото.

Обично оправданието "Лош тајминг е, извини" значи "Грд/а си / Не си мој тип".

Aко веќе ги разгледуваме сите опции, тапа тајминг е ако заминува човекот од државата.

Ја сепак мислам дека постои тапа тајминг, едноставно даун расположение на типка, која да речеме раскинала па сака да паузира малку или тој филм. Језда вакви случаеви се ретки, повекето само го користат тоа како изговор како што рече ти. Ама сепак може да се деси, лично јас имам лупнато корпа ради тапа тајминг.
 
Дали беше.. баш по ваш вкус, најблиску до она што сте го сакале од секогаш?

Не баш, ама беше многу блиску до регуларните критериуми, што во нормални услови, би ја зел за жена.
 
Не баш, ама беше многу блиску до регуларните критериуми, што во нормални услови, би ја зел за жена.

А на Анџелина Џоли ќе и пукнеше корпа ради тапа тајминг?

You're missin da point d00d..Се работи за среќавање на нешто што ти е најблиску до совршеноста што си го видел, нешто што страшно те привлегува, и, хм, корпа ради тапа тајминг? Ко да не го читате Wot..
 
Еее ова со него да ми се случуваше барем мааалку порано,барем пред да го запознаам дечко ми...се ќе беше поинаку.
Погрешно време indeed :тажно: .

Доаѓа кај мене затоа што вели дека му требам,а јас го очекувам затоа што знам дека неможам да се тргнам настрана.Он жали затоа што нашата љубов никогаш нема да се оствари,а јас жалам затоа што неможе да остане подолго.Ми вели дека со мене може да побегне од реалноста,а мојата реалност е дека секој ден моите чувства стануваат се поконфузни и најверојатно поради таа збунетост ќе морам да го избришам од мојот живот засекогаш.Со него сите мисли се длабоки и животот има значење,се смееме за глупости,плачеме затоа што знаеме како навистина стојат работите.Местото е во ред,но времето е погрешно,но знам дека никој не е и нема да биде како него.
Нашата љубов е чиста,но проклето се бориме секој ден да остане така,да не ја извалкаме со предавство-јас него,тој-таа...
А преслатко е за да се откажеш од него,сепак наоѓаме начин да ги “изладиме“ страстите,во спротивно би се повредиле самите и луѓето што ВО ОВОЈ МОМЕНТ се со нас.

И сето ова се дешава уз шоља горко турско кафе и кутија цигари и долги погледи кои се единствената блискост што можеме да си ја приуштиме.
Тоа е тоа,погрешно време...
 
Да,постои она погрешно време.Само кога е вистинското време ние самите не сме свесни за тоа а кога ке помине...ех,тогаш велиме сега е погрешно време,да беше малку порано.
 
Се во животот се случува со причина , така да можеби и има нешто во тоа што таа личност сте ја запознале баш во тој тапа тајминг.... едноставно може не требало да се случи ништо помегу вас. :toe:
 
Честопати има не погрешно време ами погрешна особа, тоа е троа полошо :toe:
Али нај-комбинација е погрешно време и личност :nesvest:
 
Тајмингот како пречка за љубов се јавува само кога не си сигурен во нешто и да ти послужи како оправдување во твојата збунетост. Кога си сигурен во себе и во тоа што го сакаш пречка не е ни брак, ни банкрот, ни странство.. не па некоја врска или почеток на школска година :)
 
Потполно се согласувам дека тајмингот е еден од клучните фактори за започнување врска. Зборувам од лично искуство. Ако девојката или дечкото скоро излегле од некоја долга врска,тоа и не е баш некое оправдување за да не се започне нова врска. А ако еден од вас си заминува некаде, како на пример надвор од државата или од градот, како и да е, тогаш стварно не ви се погодил тајмингот. Bad luck, шта чеш. :)
 
Јас лично мислам дека тајмингот е секогаш совршен. Дури и кога помислуваме отпосле „ех, да беше друго времето“, времето било баш вистинско, зашто да не започнала „промашената“ врска во „погрешното“ време, немало човекот да сфати што било толку „промашено“ и „погрешно“, т.е. имал среќа што тоа се случило, зашто научил нешто.

Затоа, човек треба да ги смета тие „погрешни времиња“ како благослов и лекција.
 
Офф јас сум подвижен магнет за привлекување на особи во погрешно време.Никогаш не сум била точна и отсекогаш сум била скарана со тајмингот.Да ми се случило да зажалм зошто баш сега е не претходно..story of my life работава.
Но со текот на времето се привикнав и соочив со фактот дека универумот така ми функционира.Дислексично и сурово.Она што е по мој вкус секогаш доаќа порано или со големо закаснување.А кога ќе дојде мнооогу му ја мислам и тпам со типичните прашања Зошто баш сега и Зошто баш јас...
во секој случај знам дека е со причина:pipi:
 
Дали некогаш сте запознале личност која била баш по ваш вкус, најблиску до она што сте го сакале од секогаш, но тајмингот т.е времето да е тотално погрешно?

Или на пример сте имале ли врска која кога би била во некое друго, „подобро време„ би успеала, а во времето во кое е врската пукнала и не успеала?

Имам другари кои откако раскинале изјавиле: Е, да ја запознаев малку порано/подоцна, друго ќе беше...

Дали навистина некогаш тајмингот е пресуден за опстанокот или започнувањето на врска?




ДА!Ми се има случено ситуација во која времето било тотално погрешно и сум го изговорила тоа `е да го запознаев малку покасно...`!!!

Тајмингот е пресуден за да сфатиш колку си храбар за нови предизвици,за некоја нова среќа и слично.

Мене ова ми се случи во текот на мојата долга врска.Запознав тип кој е скроз ок,ми се свиѓа,се разбираме,на иста фрекфентна линија сме,ме прави среќна муабетот со него ама се тоа незнам колку е вистинско...погрешно време е зошто сум во врска,да не бев се би било невистинито убаво :pipi:бар така мислам!А вака..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom