Погрешно време?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има десено на погрешно место во погрешно време,ама горе-доле сум успевал баланс да направам.
 
Можеби некад не требало да запознаам некоја девојка зашто еве не можам да преболам сеуште :(
 
Хммм.. да .. ми се случи и ова..
Да беше за некои 10 години кога ќе бевме позрели.. можеби се ќе беше поразлично.. тоа е тоа .. :kesa:
 
Имало и ќе има погрешно време.Ми се случило и ќе ми се случува веројатно...
Во принцип такви сме луѓето и самата наша психа.
Никогаш нема да прекинеме да се прашуваме што би било кога би било-во случајов јас и ти да се сретневме во друго време на друго место, позрели подруги итн итн...:toe:
 
Дали некогаш сте запознале личност која била баш по ваш вкус, најблиску до она што сте го сакале од секогаш, но тајмингот т.е времето да е тотално погрешно?

Или на пример сте имале ли врска која кога би била во некое друго, „подобро време„ би успеала, а во времето во кое е врската пукнала и не успеала?

Имам другари кои откако раскинале изјавиле: Е, да ја запознаев малку порано/подоцна, друго ќе беше...

Дали навистина некогаш тајмингот е пресуден за опстанокот или започнувањето на врска?

Не постои релација: права личност-погрешно време!
 
Погрешно време е изговор за непризнавање на погрешниот мозок што го имате.
 
Многу битен е цел склоп на околности не само времето. Мора да има услови за да се развие врска. Ако со некој поминваш голем дел од времето во секојдневниот живот поголеми ти се шансите да се изгради врска. Не дека не можи да се премини преку се ако се сака, ама некогаш се избира и попогодната варијанта, географски, временски, финансиски.
 
Не постои такво нешто како „погрешно време“. Постои само вистинска заинтересираност и незаинтересираност за некого. Ако некој ти се допаѓа и сакаш да бидеш со него, ако ти одговара како партнер, не постои нешто што ќе те спречи да градиш врска со него. Во какви и да се наоѓаш проблеми, личноста која ти одговара ќе ти биде поткрепа, ќе ти биде тука да ги оттргнеш мислите од глупостите кои ти се случуваат, ќе споделиш ако сакаш, ќе се насмееш и ќе си поплачеш ако ти дојде. Личност која ја сакаш никогаш не може да ти претставува дополнителен проблем за да ја тргнеш од себе со изговор дека лош е тајмингот.

И за ова истото важи. Добро време за секоја врска е времето во кое почнала. Ако тогаш не успее, според мене, не би успеала и во некои наводно подобри времиња. Добро време е секогаш - ако се работи за човек кој ти одговара и ти е на место.
Се` друго е изговор да не бидеш со таа личност.

Потполно, апсолутно се сложувам.

Само мене не ми е јасно како би можел тајмингот да биде погрешен.
Оти малку глуп ми е тој изговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom