Партнер одбран од страна на родителите

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Јас за мене ќе си пратам стројници да ми одберат жена :smir:
 
Зар го има ова денеска кај нас Македонците ? Да не ги рачунаме другите националности :smir:
 
Муслиманите? Сеуште во муслиманските земји партнерите им се одбрани од страна на родителите.
Дали ова постои кај муслиманите? Јас немам таков впечаток, ова е више останато убедување (да не кажам претстава за наводна заостанатост на одредени групи-што не е вистина) од минатото кога и немуслиманите имале ваков начин на избор, макар што...ништо не му фалело на тој начин на избор. Според податоците очигледно тие бракови биле постабилни. Можеби тој избор од родител бил добар? Тогаш браковите биле цврсти, до смртта на еден од сопружниците. Сега е повеќе сфатено како занимација и шега него као нешто темелно за општеството. Да не ги отфрламе сите стари обичаи и традиција како лоши.
 
Дали ова постои кај муслиманите? Јас немам таков впечаток, ова е више останато убедување

Па ниеден муслиманин од форумов не се изјаснил на темава, ама мислам дека многу ретки се тие кај нас муслимани што оставаат изборот на парнерот да го има родителот.
Ама затоа муслиманските земји во светот во Aфрика, Блискиот Исток, Азија ова и тоа како е уште застапено. Сеуште таму жените немаат речиси никакви права па родителите им ги одбираат парнерите. А не се малку таквите муслимански земји.

Денешна модерна форма на одбирање на партнер од страна на родителите е на материјална основа. Богати семејства ги одбираат парнерите на своите деца и тоа често уште од мали. И во Македонија ги има овие примери малку се, ама сепак доволно и со тоа не е изумрена оваа категорија.
 
Не би дозволила. Сепак јас ќе го делам мојот живот со него, нема они да го делат. :smir:
 
Дали ова постои кај муслиманите? Јас немам таков впечаток, ова е више останато убедување (да не кажам претстава за наводна заостанатост на одредени групи-што не е вистина) од минатото кога и немуслиманите имале ваков начин на избор, макар што...ништо не му фалело на тој начин на избор. Според податоците очигледно тие бракови биле постабилни. Можеби тој избор од родител бил добар? Тогаш браковите биле цврсти, до смртта на еден од сопружниците. Сега е повеќе сфатено како занимација и шега него као нешто темелно за општеството. Да не ги отфрламе сите стари обичаи и традиција како лоши.

било порано тоа така во многу држави и искоренето е и фала богу шо е искоренето.. никој нема право мене да ми бира со кој ке го поминам јас остатокот од мојот живот... тое е мое право и никој неможе да ми го оспори!!!
Сепак ова не е скроз искоренето!!! имам примери каде што 2 3 другарчиње се така оженети (албанци) едниот е отиден во австрија мислам дека (таму живеела девојката која му ја одбрале родителите).
Исто така неможам да сватам како може да ги купуваат жените.. шо се тие стока па да се продаваат? мислам безвезно е сериозно... пред се човек е!!! може е смешно но вистинито е и во некои краеви ова сеуште го има...

:smir:
 
Definitivno ne ,,, toa e moj li4en izbor,,, i nikoj nema da dozvolam da mi se mesha :smir:
 
Човекот со кој што ќе го поминам остатокот од мојот живот ќе си го изберам сама.
Совет би примила од моите ... но да ми наметнат некој нема шанси.
 
Порано можеби добро било што партнерите биле одбирани од страна на родителите, затоа и помалку разводи имало. Можеби не се венчавале со љубов, но имало разбирање затоа и бракот ќе функционира како што треба. Кога подобро ќе се свати смислата на бракот и на заедничкиот живот ќе се свати дека повеќе е потребна добрата комуникација и разбирањето и сличните навики него љубовта и страста. За двајца да функционираат како што треба за да имаат добар заеднички живот и добро воспитано дете потребно е да потекнуваат од слични фамилии, да имаат слични навики и да биле воспитувани во слична средина.
Во денешно време оваа појана е старомодна, но затоа пак многу бракови се распаѓаат затоа што партнерите не се трпат помеѓу себе и нивниот заеднички живот станува никаков, нема никаков компромис, никакво разбирање меѓу себе, тоа е затоа што постои само љубов помеѓу нив, но не и сличности какви што се потребни за заеднички живот. За добар брак не е потребна само љубовта.
 
до некаде си у право али до некаде па и не си знаеш.. се согласувам бракот не се состои само од љубов и емоции пред се треба да се има и слога и разбирање али врувај многу бракови се распаднати каде што девојката е одбрана од страната на свекорот (таткото на момчето) или па ако не се распаднати браковите живеат несреќно или па шо е полошо ќутни бутни одат по други мажи и жени па ете ти кавга па ова она.. мислам дека кога веќе е време за брак сосема доволно е било која личност да рече еве тој или таа ке ми биде сопатник во животот...
 
Ова колку ми е глупо тоа е чудо едно! Кој сака да бара нека си бара за него. Никогаш не би дозволила некој да одбира за мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom