Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.249
- Поени од реакции
- 26.462
Ако збориме за двајца разбрани луѓе какви што ги сметам моите нивното мислење за мене игра огромна блиску до граница на пресудна улога и нивниот суд ќе биде максимално испочитуван. Огромното мнозинство не може објективно да каже за својот партнер кога е во врска, тука е моментот кога се прават клучните грешки. Нормално дека која сака нека е нема да ја има онаа доверба кај мене како што ја имаат моите родители. Знам може не многу ама доволно случаеви кога родителите од едната или двете страни се противеле на врската или бракот. Во повеќето од тие случаеви се испоставило дека биле во право. А секако против сум на она класично родителите да ти го изберат партнерот. Секогаш имајте на ум дека освен во екстремни случаеви вашите родители ви го мислат само најдоброто плус имаат повеќе леб јадено од вас и знат да проценат и луѓе и ситуации многу подобро и со поладна глава одколку вие самите што летате на седмо небо. А се разбира како и за се друго, исклучоци имало и ќе има.