Што ќе кажат другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
у основа не ми е битно што ке кажат другите..мој живот ке го живеам онака како што јас сакам..а другите ако сакаат и понатаму да останат со мене ке прифатат тоа што сум одлучила и ке застанат зад мене со силна поддршка.Нормално дека ги прашувам за мислење зашто да не..ама да се водам според туѓи одлуки,никогаш.
 
Не ми вијаат луѓето од страна...мислам дека нема потреба тие да се мешаат во мојата врска...Да се советувам за некои работи доколу мислам дека е потребно и тоа само со луѓе што ми се блиски! Не се плашам од оговарања зашто сите го праваат тоа(луѓето сакаат да се мешаат во туѓи врски) ...но не сите!
Никогаш не се водам по тоа што ќе кажат другите...ако мене ми е прекрасно зашто би го изгубила само поради други луѓе...:smir:
 
Не не се плашам од оговарања но не сакам ни воопшто да зборуваат нешто за мене..Понекогаш ми влијаат луѓето но тие што ми се најмили,сепак се грижам за тоа што мислат за мене тие што ми се во најблиско окружување..
 
Тешко мене ако сум стигнала "што ќе речат другите" да ми управува со животов. Може комотно кој што сака да зборува. Моето е последно.
 
Не ми е гајле што ќе кажат другите, важно ми е да сум среќен :pipi:
 
воопшто не слушам други и не обрнувам внимание кога станува збор за озборувања.....едноставно има такви луѓе што немаат друга работа па од љубомора или можеби само од досада зборат сешто за секого така да не ме интересираат таквите глупости...:pipi:
 
Во една врска ... колку ви влијаат луѓето од страна? Колку се советувате со нив? Дали се плашите од оговарања и сте спремни поради истите да ги негирате своите чувства? Колку имате храброст да ја негувате и задржите љубовта?
Важно ли ви е всушност што ќе кажат другите и дали се водите по тоа кога се во прашање вашите врски?:kafe:

А кој фактор се другите во врска на две индивидуи?

Изразување чуства во јавност,гушкање (најруганиот пример од "индивидуите" без женски),бакнежи итн...
Ако сакам тоа да го направам,нема да ме спречи никој од страна,i don't give a damn.

Плус,размислете,кој оговара врски?

1.Луѓе без дечко/девојка
2.Луѓе несреќни во своите врски,и се тешат дека некои се понесреќни од нив.

Вреди за нив да се замарате? :)
 
Во принцип, сум забележал дека „другите“ како категорија е важна само ако тие „други“ имаат нешто што ти го немаш, а ти треба или го сакаш.

Инаку, „другите“ не играат никаква улога и може без размислување да се игнорираат.
 
Тие што ме познаваат и ме сакаат ке застанат со мена каков и да сум и што и да правам!А за другите воопшто не ме интересира како ке реагираат!
 
Ne me interesira sto zboruvaat drugite za mene i mojot zivot...Neka si ja gledaat svojata rabota i svojot zivot prvo neka go sredat pa posle neka zboruvaat za mojot...ic ne gi vrtam
 
Што другите зборуваат за мене ама баш не ме занима,можат само да зборуваат и ништо друго.Ако ја сум си чист за мене...другите можат само да зборуваат од завист и мене пак да не ме занима.Си имам свој круг на луѓе кои ги ценам и почитувам а за сите остали на кои им е криво...нека им биде!
 
На една друга тема кажав дека воопшто не ми влијае мислењето на другите луѓе за она што јас го сметам за соодветно и вистинско во моментот. Ова е поизразено кога станува збор за врска. Неа ја штитам од секакви надворешни влијанија, осуди, предрасуди, "мислења од големи умови", пикање на носеви на тетки, стрини и вујни и сл. влијанија.
Генерално, кога се зборува за мислењето на другите, го имам истиот став бидејќи, според мене, луѓето за една работа можат да дадат различни коментари во различно време под дејство на различни влијанија. За една иста работа, ако ја направил близок на нив човек, можат да дадат позитивен коментар и согласување, а ако ја направил ним далечен, тогаш истиот може да биде исмејан и осуден. И кој е правилниот став на тој човек??? И кој фактор е истиот како таков мене и моите постапки да ги проценува? :nenene:
Не ќе да може баш!
 
Овците праат вака: Каде едната, таму сите.

Ако правите како што велат другите, тогаш немате свој став ниту карактер.

Значи, или имаш цврст карактер, или си овца. Нема трето.
 
Во една врска ... колку ви влијаат луѓето од страна? Колку се советувате со нив? Дали се плашите од оговарања и сте спремни поради истите да ги негирате своите чувства? Колку имате храброст да ја негувате и задржите љубовта?
Важно ли ви е всушност што ќе кажат другите и дали се водите по тоа кога се во прашање вашите врски?:kafe:
Секогаш Дивајн со прекрасни теми,занимливи теми!Мислам дека зивееме во таква средина,што поважно ние другото мислење,од нашата срека,веке го имам тоа еднаш кажано,но и 100пати ке го кажам,зосто за жал,тоа е вистина!Сметам дека треба животот да го живееме по сопствена шема и да не се замараме прмногу за РЕКЛА-КАЗАЛА!И НАЈБИТНО-Не верувајте на злите јазици,т.е.НЕВЕРУВАЈТЕ НА СОПСТВЕНИТЕ УШИ,ТУКУ НА СОПСТВЕНИТЕ ОЧИ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom