Со оглед на тоа у какво време живееме...
Да ги слушам другите. Не знам колку тоа влијае врз мојата врска и мене, но знам дека сепак влијае. Нормално е, да направиш муабет и да побараш совет ако ти е потребен, но совет не се бара од секого, а и муабет (отворен, за една врска) исто така не се прави со секого.
Значи само со лица, кои знам дека ми се доволно блиски можам да се отворам скроз, и да побарам совет, кој знам дека ќе биде добронамерен...
А за оние другите од страна...ги има милион, како и секаде. Само мрчат, демек он не чини, он ме вара, ме лаже, ме користи... Нормално дека овие информации ќе ги регистира мојот мозок, но не знам колку јас ќе поверувам во нив.
Сепак, чим јас сум со него во врска, мора да му верувам, довербата е една од најважните работи во една врска. Али...ако мене стварно многу луѓе ми кажат лоши работи за него, малку ќе се подразмислам, пошо јес да викаат дека кога некој цело време збори за тебе, вредиш, али па и многу зборење не чини...Мај лав, ќе треба да си се покаже со време, дали е онаков каков што јас сум го замислувала, или е оргиналот од муабетите
