Одвојување од другарите/другарките

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
за еден месец врска може да ја натераш да ја откачи другарката. :D
Цитатов ми беше инспирација да ја отворам темава.
Дали ви се случило да го одвоите партнерот од друштвото?
Зашто го правите ова?
Дали е од посесивноста што ја имате кон партнерот па сакате да биде само за вас или пак на друштвото гледате како на непријатели кои може да ве одвојат?

Дали ви се случило да партнерот ве раздели од друштвото?

Дали ова се случува намерно, т.е. партнерот се обидува да го одвои другиот партнер од најблиските, или ова се случува со тек на време како што се зближуваат партнерите?

Искуства!?
 
Нормално е.

Не може/ш цело време со другарите да излегуваш као порано, и она не може и тие ќе го сфатат тоа као одделување од нив. Повеќе време сакаш да му посветиш на партнерот одколку на другарите и повеќе ќе му посветиш и тие ќе се чувствуваат запоставени.
 
Не зборам за она дистанцирање и неизлегување.
Мислев кога сака некој да ја оттргне целосно од тоа друштво.
 
Тел ми абаудет.

Имам другар (порано повеќе другар него сега) кој беше во друштвото цело време. И си фати девојкааа. И девојката нормално со него доаѓаше во наше друштво и си седеше и си правеше муабет и се. И со тек на време, пополека она почна само со него да си збори а со остатокот не а другарот пополека од најактивниот од сите почна да се повлекува и само со незе. Потоа почнаа и чести отсуства од друштво и седење само со незе. Го викаме заедно нешто а тој само со девојката. Просто како под магија нејзина да е. Според последните проверки они се уште заедно и он уште не е вратен тотално во друштво додека јас тотално си отидов од таму поради други причини. Тоа ми е искуството а мислењето неможам да го кажам зашто немам соодветно нешто за кажување а да биде тотално во склоп на темата.
 
Знам повеќе случаеви каде што и девојчето и машкото се одалечиле од другарите заради врската,ама не скроз.
За тоа причина може да биде ако на девојката не и се допаѓаат другарите на дечкото и обратно,или па ако сака цело време да бидат заедно(што е глупо според мене).Друга причина незнам шо би било.
Инаку јас сум прилично толерантна за тие работи,барем за неговите другари не сум љубоморна.Не ни сакам да е нон стоп со мене,а па не и да е нон стоп со другарите.Значи ако има некоја средина,ок е.
 
ova se slucuva sosem nesvesno ne e namerno sigurna sum vo toa,se zblizuvas so nekoj licnost i pored nea/nego go prifakas i drustvoto
 
Ако сите од друштвото се коректни кон новата девојка на другарот, тогаш оделувањето од друштвото е грев. Ако се насети некакво несакање од страна на одредени личности од целото друштво, тогаш грев е па да страдаат сите. Во тој случај се елиминира дотичната личност која би била опасност за иднината на врската, а со останатите односите остануваат и понатака се развиваат. Во одредена фаза од врската сакаш да си сам со партнерот, ама кога ќе ја надживеш таа фаза чувствуваш потреба од луѓе околу вас. Ако си ги елиминирал старите другари тогаш ти остануваат две опции: или сам со партнерот или шетање од друштво до друштво, за да пак на крај сфатиш дека никаде не припаѓаш.
Иако, жртвата што ќе ја дадеме, при било каква одлука, зависи од тоа колку вреди партнерот. Не за секој дечко се откажува друштво, но не и за секое друштво се откажува вистинска личност.
 
Доколку се случи тоа верувам дека сето тоа е како извор на некоја љубомора или несигурност.. Ако имаш дечко или девојка незначи да бидеш изолиран од цел свет и да немаш комуникација со своите пријатели.. Што знам според мене тоа е претеризам.. Мислам нормално е да дојде до некакви несогласувања но одвојување за мене е превише. Сепак не вреди да се изгуби другарство за девојка или дечко.. тоа е нешто што со години сите ние го градиме.. Но сепак.. секој одлучува за тоа на свој начин.. :helou:
 
Не зборам за она дистанцирање и неизлегување.
Мислев кога сака некој да ја оттргне целосно од тоа друштво.
не го правдувам тоа и доо толку таква некоја болна љубомора е сега доколку сакам да го отргнам од некој другар би било тоа во случај ако тој истиот мене ме навредувал и слично
 
Не сум пробала никогаш партнерот да го одвојам од друштвото,ниту пак сакам во иднина така да влијаам,затоа што нема потреба.Секој пред да започне некоја врска секако дека има друштво и свој живот,а така треба да продолжи и откако ќе се влезе во врска.
Мислам дека почитта према партнерот воедно е и почит кон луѓето кои на него му значат.Доколку партнерот мисли дека неговото друштво е добро за него,јас ако го сакам ќе го почитувам неговиот избор и круг на пријатели.:toe:
 
Напротив, сакам да се дружи и што повеќе пријатели да има. Уживам да го гледам колку му е пријатно во друштво, зошто би сакала да го одвојам од нив?
 
Тел ми абаудет.

Имам другар (порано повеќе другар него сега) кој беше во друштвото цело време. И си фати девојкааа. И девојката нормално со него доаѓаше во наше друштво и си седеше и си правеше муабет и се. И со тек на време, пополека она почна само со него да си збори а со остатокот не а другарот пополека од најактивниот од сите почна да се повлекува и само со незе. Потоа почнаа и чести отсуства од друштво и седење само со незе. Го викаме заедно нешто а тој само со девојката. Просто како под магија нејзина да е. Според последните проверки они се уште заедно и он уште не е вратен тотално во друштво додека јас тотално си отидов од таму поради други причини. Тоа ми е искуството а мислењето неможам да го кажам зашто немам соодветно нешто за кажување а да биде тотално во склоп на темата.

Другари да не сме јас и ти?:helou:И кај мене во друштво истава ситуација,потполно истата!
 
Да не сте од истото друштво? :pos:

Не знам во ваквите врски кој е поглуп.
Дали тој/таа што го тера партнерот да се оттргне од друштвото, или тој/таа што ја слуша таа наредба.
Не ми се веруваше дека вакви уште постојат.
Глупости. :nenene:
Мислам дека вакво нешто може да се случи само ако еден од партнерите доминира многу во врската.
Во нормална врска ова не би се случило.
Океј, треба да си имаат приватност дечкото и девојката, но хеј, нема вечно да одат, и кога-тогаш ќе притреба друштво.
 
тоа значи дека нема доверба а има љубомора во врската, таа мисли дека тој ако има другарки ке ја вара, или пак обратно, и тука почнува оттргнување најчесто од другари/ки од спротивниот пол. Според мене многу недобра ствар е тоа. Ако немаш доверба у дечкото/девојката зашто уопште идете? Отргнување од друштво ради дечко/девојка е најсмотано нешто во врска некоја, јас лично прекинувам такви врски, кога девојката ми бара да не се дружам многу многу со другарки, зашо пошо мислела дека ќе пробам нешто. Ноу офенс грл.. мув алоун.
 
Да не сте од истото друштво? :pos:

Не знам во ваквите врски кој е поглуп.
Дали тој/таа што го тера партнерот да се оттргне од друштвото, или тој/таа што ја слуша таа наредба.
Не ми се веруваше дека вакви уште постојат.
Глупости. :nenene:
Мислам дека вакво нешто може да се случи само ако еден од партнерите доминира многу во врската.
Во нормална врска ова не би се случило.
Океј, треба да си имаат приватност дечкото и девојката, но хеј, нема вечно да одат, и кога-тогаш ќе притреба друштво.
Не е наредба тоа. Самата доминација по себе наметнува норми кои ненамерно се донесени и прифатени.
Сепак, и едниот и другиот треба да бидат свесни дека доаѓаат со историја. Но не треба да значи дека историјата треба да биде поважна од сегашноста.
Реално, одделување од друштво може да НЕ се случи само доколку двајцата партнери се од истото друштво. Во спротивно, доколку се од различни друштва, нормално е дека врската секогаш ќе биде посилна, и додека од едното друштво се оддалечуваат кон друго ќе се приближуваат.
И како тоа нема вечно да одат? Врска не е само на 12-19 години. Има врски и помеѓу повозрасни (:)) кои завршуваат со брак. Па кога ќе видиш и односите во врската треба да се негуваат како и пријателите, без разлика дали тоа ќе те оддалечи малку или не.
Ист ти е примерор и во друштво, внатре. Секогаш во поголемо друштво има двајца кои си се најблиски и понекогаш знаат да се одделат од другите. Блискоста го прави своето. И затоа тоа така делува:)

Искуства... Последната врска јас бев тој кој ја одделуваше девојката од нејзиното друштво за да можеме или да бидеме сами или да бидеме со моето друштво. Сепак, тука играа улога многу фактори како тоа дека таа се познаваше со поголемиот дел од моето друштво, а јас со никој од нејзиното. Но ете, на таа врска и дојде крај, токму поради немањето време еден за друг, односно поради преголемото посветено внимание на друштвото:)
Тоа мало оддалечување потполно го оправдувам:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom