Одвојување од другарите/другарките

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Неточно. Како ги објаснуваш барањата на партнерката, да се оддалечиш од твоите другари? Како страв да не си хомосексуалец?

не како посесивност и недоверба, пошо она не ти веруе дека ке бидеш стрикно само со другари, тоа е фората она бара повеке време со тебе за да биде сигурна дека ти нема да шаркаш на страна.

Помалку се да ама не е ни многу помалку ако подразмислиш. И не сум сигурна дека се еден во 5000. Јас знам другарки кои идат со типците долго време и сите се одделиле со друштво некој период и само со еден човек се гледале и причината воопшто не била некаква забрана од спротивната страна. Плус и јас бев таа една од 5000 и ниту во еден момент не се одвоив од друштвото поради рекол-казал reason или слично..

ок незнам, можда е така од женска гледна точка.. само што моите лични искуства се сосема различни
 
ок незнам, можда е така од женска гледна точка.. само што моите лични искуства се сосема различни
И партнерот истото мислење го имаше,така да значи не е од само од женска гледна точка :smir:
 
Јас имав едно такво искуство со оддалечување.Имено,дечко ми сакаше да бидеме цело време заедно,тој се оддалечи од неговото друштво а во првите 2 месеца и јас од моето.цело време сами излегувавме и по 2 месеца јас испаднав со другарки што го направи страшно љубоморен па дури и имавме расправија за тоа.Раскинавме брзо после тоа и мислам дека неговата посесивност беше главниот проблем.Не го оправдувам оддалечувањето од друштвото воопшто.Добро,нормално е да не биде исто како и пред тоа,на секој пар му треба време насамо, без другари и публика ама не треба да се оддалечи скроз.Тоа ваши и за двете страни..
 
такво искуство имам на почетокот на врската али подоцна повторно се споивме со друштвото ..али она што другарките го можам неможи дечкото не можи...
тој можи да ти е и другар и деругарка али сигурно нема тој да ме разбере ко че прам муабет за шминка :pos2::pos2:
 
Не сум ја одвоил девојката никогаш од друштвото. Ми се случувало да имам другарки кои откако ќе фатат дечко се одвојувале од мене како другар. Имав пост во една тема околу ова. Не би се повторувал.
 
Неее. Никогаш не сум ни пробала, ниту пак помислила да го одвојам партнерот од неговото друштво. Ниту пак ми се случило. Има некое благо оддалечување, што е нормално, но целосно одвојување не би дозволила.
Моментално, мене ми е многу убаво и со неговото друштво и буквално секој викенд излегувам со нив. Забавни се, имаме муабет и се тоа.
Ниту пак него не би требало да му пречи. Ако јас решам да излезам само со мое друштво, без него (или пак тој реши) нема да има никаков проблем. Пред се ако јас имам доверба во него, се е супер.
Еднаш ми се случи да го оставам дечко ми да излезе со друштво, но тој заборави да ми напомене дека ќе има и другарки таму. Настанаа фрки наредниот ден, но ми објасни се и оттогаш можам да кажам дека повеќе си ја зајакнавме довербата еден наспрема друг.
 
Ова е маку чудна ситуација.. Никој не сака да го одели партнерот од друштвото ниту пак да биде оделен но често се случува. Ми се има случено да пробаат да ме оделат поради сомнежи меѓутоа тука се најдов јас крив бидејќи никогаш не најдов време за доволно да ги објаснам моите чувства за да престанат сомнежите. Ми се има случено и несвесно да оделувам некого но за среќа имав отворена личност до мене па ми укажа на моето однесување пред да биде прекасно. Се е до тоа да ги отворите очите и да ги разбирате потербите на другите а не само на самите себе. сомнежот е лоша работа :uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom