Славевски сменет од Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Quark
  • Време на започнување Време на започнување
Самиот пристап на Груевски и компанија кон еконосмата криза е многу детски. Често знаат да речат... Еххх во Србија и Хрватска е полошо, ние сме супер, Исланд банкротира, Јапонија бележи пад на економијата преку 5% а ние само 0.5.... Па мајку му толку ли неможат да сватат дека држава која нема раст неможе да има пад .
Да тоа им е главен аргумент. Го слушав денес Влатко Ѓорчев. Германија имала пад на БДП од 4,5% а ние пад од само 1%. Заборави да каже дека живееме од трошење на тешко заштедените девизни резерви и со задолжување со високи камати. Нашиот 1% е поголем од германскиот (па и од оној на Србија). Затоа што и поголем пад да има Германија таа ќе остане високоразвиена. Во меѓувреме не претркува и Албанија. Последното место не ни гине.:jaj:
 
Ма само општа буна не спасуе. Осеќам ја дека ако не реагираме ќе не дупат уште многу многу долго без разлика кој е на власт.
 
ПС нешто ко да ми фали на форумов ги нема вмровчињата (можеби не ми е местово за коментар но некако чудно ми е )


Во ваква ситуација, партиските лигуши чекаат да видат кој ќе победи, кој ќе дојде на позиција, за да можата после да му се напикаат во г'з.

Затоа ги нема ни за лек, дури не легни прашината и да се види кој е жив, а кој мртов (политички се разбира), нема да се јават, да не кажат нешто што не треба.
 
Гледам дека на сите ни недостасува форумот за политика, не може човек поштено да се изнаплука на економски форум :).

п.с Славевски одамна требаше да си оди, како и повеќето министри. Парадоксот се состои во тоа што, ако секој министер досега даваше оставка и понесуваше одговорност поради погрешни потези или пак криминал, ниедна влада во овие 20 години (во кои си играме држава) не требаше да постои повеќе од 3 дена.
 
Ситна е бројката на месеци што му останувам на Грујо додека е на влас јас мислам дека тоа сака да каже и потполно се согласувам со него готова е владава.

А која е алтернативата,си помислил ли дека немаме баш некоја подобра алтернатива?Мислам дека Грујо овојпат ќе најде вистински луѓе за достојна замена,особено на местото министер за финансии,кој треба да биде малку понезависен од дечките со “златни акции“ во банките низ Македонија,единствено тоа е начинот полесно да ја пребродиме кризата со вака мегаломански проектиран буџет,инаку “п`ците со маст нема да не јадат“.:toe:
 
Јас само така да ве предупредам без политички препукнувања и пропаганди кои гледам некои од вас пробуваат да ги протнат. Избришав неколку такви мислења.
 
Не ми е јасно го фалеа многу буџетот дека бил најголем во историјата а тоа го постигнаја со помош и од министерот Славески сега не можам да сватам зошто го фалат многу а гласаат занего за да го разрешат стварно незнам што се случува во државава некој си игра изгледа со сите нас исто и за министерот за земјоделие сите го фалеа од земјоделците посебно за пченицата ајде и тој да го мениме бог да чува ...
 
Мислам дека нешто и не се постига со сина наместо зелена шминка кај иста мома. Момата е чесна или не е и без шминка.

Посебно кога гледам во мин. за земјоделство какви претумбации се направија и кој скокна на површината-истите кои одлучуваа сега се малку понапред-танте.
 
Фудбалски клуб основан во 1991 година, настапува во регионална лига. Квалитетот на лигата не е премногу важен, важно е што побрзо да се избори пласман во една од погорните лиги. Друга работа е што во регионалната лига има неколку тимови само. И меѓусебе си играат, де пријателски, де од натпреварувачки карактер утакмици. А овие од погорната лига во манир на големи тимови праќаат скаути во потрага по млади таленти. И само даваат добри, преодни оцени. Ама ни тимот, ниту играчите не се промовираа. Дали тоа е што сите го мразат тимот, еден од по елоквентните изговори, или пак на лисицата и е кисело грозјето.

И нешто за натпреварите. . .

Иако тимот реално игра многу слабо 63 (илјадната) публика никогаш не ги изневерува. Губат и дома и гости, немаат победа долго време, ама навиавчите се тврдокорни. Капетанот на тимот ужива најголем рејтинг, и меѓу играчите кои му ги чистат копачките, а и меѓу публиката, која го избра за капетан на тимот, иако тој после секој натпревар им покажува среден прст. Тие никогаш не го видоа тој потег. Оние кои го видоа, паа....тие ти се еден вид на предавници, и на „кочници“ на напредокот на тимот. Во 100 чекори, 100 дриблинзи, 100 центаршути. Три пати ура за тимот, два пати за капетанот, еднаш за публиката.

И заборавив да ви кажам, а ако заборавев немаше да дознаете, оти го нема на youtube, а на телевизија не го даваат, оти сеуште не е пронајдена Анџелина Џоли. Затоа, ќе ви кажам овде!

Шаманот на фудбалскиот тим, кој има проблеми со името, затоа не споменувам, пред некој ден (читај: изминативе три години) имаше доверена шанса да му ја донесе првата победа на својот колектив. Судијата досуди (не)постоечки пенал, капетанот беше прерадосен, се сликаше со сите соиграчи заради пенало, даваше изјави, држеше говори (додека судијата и официјалните лица чекаа и чекаа и чекаа). Кога медиумски се истакна, капeтанот на тимот, многу самоуверено ја зеде топката во свои раце, ја намести на белата точка и со силен, најсилен удар биеше кон голот. Додека топката лета во воздухот, само да ви напоменам дека од еден фудбалски стручњак кој беше присутен на натпреварот се чу силен извик:

- „Не шутирај ептен силно, има силен, неповолен ветер, со правец запад - исток, тргна од САД кон Европа и светот!

Капетанот со потсмев одговори дека ветрот нас не одминал, се е безбедно и успехот е само реалност и иднина.

само што го кажа тоа, се слушна звук силен и страшен. Топката ја погоди пречката. Резултатот остана неповолен, ама за нашиот тим.

Капетанот беше лут, бесен како рис на своите соиграчи, на тренерот, на публиката, на странските скаути, на гепардите во Африка, на монсунскиот циклус во Индија и тн.

На своите соиграчи полека им го покажуваше патот кон соблекувалните, и ги ставаше на трансфер листа. Кој неподобен, кој непрактичен, кој неписмен, кој со две леви нозе. Ама сите од нив чинеа, додека не се промаши пеналот.

А кој е крив за пеналот? Тие можеби?

Almagest
 
Не ми е јасно го фалеа многу буџетот дека бил најголем во историјата а тоа го постигнаја со помош и од министерот Славески сега не можам да сватам зошто го фалат многу а гласаат занего за да го разрешат стварно незнам што се случува во државава некој си игра изгледа со сите нас исто и за министерот за земјоделие сите го фалеа од земјоделците посебно за пченицата ајде и тој да го мениме бог да чува ...

Кога за некоја жена во Прилеп ќе речат дека била “домаќинка со прст покажана“,тогаш на сите им е јасно дека нешто не ја бивало баш во домаќинлакот,па така и за министрите кој ќе бидат сменети,како сите да беа “министри со прст покажани“,вклучително и Трајко Славевски кој си го обработи својот “дил“ со неколкумина членови на управните одбори низ Македонските банки на кој им продаде државни обврзници со криминални камати за да го “избалансира“ огромниот МЕГА буџет,па заработи пари колку за неколку генерации.:toe:
 
Кога за некоја жена во Прилеп ќе речат дека била “домаќинка со прст покажана“,тогаш на сите им е јасно дека нешто не ја бивало баш во домаќинлакот,па така и за министрите кој ќе бидат сменети,како сите да беа “министри со прст покажани“,вклучително и Трајко Славевски кој си го обработи својот “дил“ со неколкумина членови на управните одбори низ Македонските банки на кој им продаде државни обврзници со криминални камати за да го “избалансира“ огромниот МЕГА буџет,па заработи пари колку за неколку генерации.:toe:


Дај боже тие што ке ги заменат да не перат пари мислам дека после ова на сите ке му дојди умот :toe:
 
Дај боже тие што ке ги заменат да не перат пари мислам дека после ова на сите ке му дојди умот :toe:

Кај нас најчесто умот им доаѓа после првите милион или два во евра,како во случајот со Трајко и државните записи со криминална камата.:toe:
 
.......................Трајко Славевски кој си го обработи својот “дил“ со неколкумина членови на управните одбори низ Македонските банки на кој им продаде државни обврзници со криминални камати за да го “избалансира“ огромниот МЕГА буџет,па заработи пари колку за неколку генерации.:toe:

Чиста пара,од буџет директно в џеб,
ова беше кулминација на нивната халапливост, алчност и дрскост............
следно им преостанува само да полудат со тие пари.............
се разбира ќе дојде денот кога ќе ги вратат, на било каков начин.:nerv:
 
Чиста пара,од буџет директно в џеб,
ова беше кулминација на нивната халапливост, алчност и дрскост............
следно им преостанува само да полудат со тие пари.............
се разбира ќе дојде денот кога ќе ги вратат, на било каков начин.:nerv:

nema sansi ..odsekogas bilo: ebaniot eban , tepaniot tepan......papala maca,............................... posle mozes da mu skrsis koski na trkalo , da go rascerecis, da mu izvadis srce na zivo, pa da go daes na kucinja ulicni da go gustiraat, da go izgoris toa sto ke ostane, a pepelot po najsmrdlivite makedonski deponii da go rasturis...........isto ti se fakja....ni denar nema da vratis, nitu izgubeniot del od zivotot vo zandana na Makedonskiot narod ke mu go vratis...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom