Колку што знам министрите во две фази ќе даваат оставки. За да сe избегне враќање на мандатот, избор на нова влада, па експозе од премиерот. Вака министрите го преземаат товарот... И Груевски можеби ќе каже нешто, ако сака. Т.е. нашле дупка во законот.
Единствено овој Славевски му ги побрка сметките. Не сака да даде оставка па ќе биде разрешен. Ќе даде најверојатно он некакво образложение, зошто го правел тоа што го правел. Можеби ќе каже нешто што нема да му се допадне на Груевски. Ќе биде денес интересно во парламентот...