Фудбалски клуб основан во 1991 година, настапува во регионална лига. Квалитетот на лигата не е премногу важен, важно е што побрзо да се избори пласман во една од погорните лиги. Друга работа е што во регионалната лига има неколку тимови само. И меѓусебе си играат, де пријателски, де од натпреварувачки карактер утакмици. А овие од погорната лига во манир на големи тимови праќаат скаути во потрага по млади таленти. И само даваат добри, преодни оцени. Ама ни тимот, ниту играчите не се промовираа. Дали тоа е што сите го мразат тимот, еден од по елоквентните изговори, или пак на лисицата и е кисело грозјето.
И нешто за натпреварите. . .
Иако тимот реално игра многу слабо 63 (илјадната) публика никогаш не ги изневерува. Губат и дома и гости, немаат победа долго време, ама навиавчите се тврдокорни. Капетанот на тимот ужива најголем рејтинг, и меѓу играчите кои му ги чистат копачките, а и меѓу публиката, која го избра за капетан на тимот, иако тој после секој натпревар им покажува среден прст. Тие никогаш не го видоа тој потег. Оние кои го видоа, паа....тие ти се еден вид на предавници, и на „кочници“ на напредокот на тимот. Во 100 чекори, 100 дриблинзи, 100 центаршути. Три пати ура за тимот, два пати за капетанот, еднаш за публиката.
И заборавив да ви кажам, а ако заборавев немаше да дознаете, оти го нема на youtube, а на телевизија не го даваат, оти сеуште не е пронајдена Анџелина Џоли. Затоа, ќе ви кажам овде!
Шаманот на фудбалскиот тим, кој има проблеми со името, затоа не споменувам, пред некој ден (читај: изминативе три години) имаше доверена шанса да му ја донесе првата победа на својот колектив. Судијата досуди (не)постоечки пенал, капетанот беше прерадосен, се сликаше со сите соиграчи заради пенало, даваше изјави, држеше говори (додека судијата и официјалните лица чекаа и чекаа и чекаа). Кога медиумски се истакна, капeтанот на тимот, многу самоуверено ја зеде топката во свои раце, ја намести на белата точка и со силен, најсилен удар биеше кон голот. Додека топката лета во воздухот, само да ви напоменам дека од еден фудбалски стручњак кој беше присутен на натпреварот се чу силен извик:
- „Не шутирај ептен силно, има силен, неповолен ветер, со правец запад - исток, тргна од САД кон Европа и светот!
Капетанот со потсмев одговори дека ветрот нас не одминал, се е безбедно и успехот е само реалност и иднина.
само што го кажа тоа, се слушна звук силен и страшен. Топката ја погоди пречката. Резултатот остана неповолен, ама за нашиот тим.
Капетанот беше лут, бесен како рис на своите соиграчи, на тренерот, на публиката, на странските скаути, на гепардите во Африка, на монсунскиот циклус во Индија и тн.
На своите соиграчи полека им го покажуваше патот кон соблекувалните, и ги ставаше на трансфер листа. Кој неподобен, кој непрактичен, кој неписмен, кој со две леви нозе. Ама сите од нив чинеа, додека не се промаши пеналот.
А кој е крив за пеналот? Тие можеби?
Almagest